00389 2 3091 484
јуни 06,2017
Д-р Емилија Горгиева, невролог во Специјализираната болница ЖАН МИТРЕВ, на 7 јуни, 2017 во Тел Авив учествуваше на еднодневен семинар за современ третман на рефректорна епилепсија и ВНС терапија. “Се споделија искуства и медицинска пракса за епилепсија која е резистентна на антиепилептични лекови, а се зборуваше и за ефектот и практики од ВНС терапијата. Специјален гостин беше д-р Berthold Voges, шеф на центарот за епилепсија во Ev. Krankenhaus Asterdorf, Хамбург, Германија, кој располага со 19 кревети за видео мониторирање. Неговото предавање беше за Treatment of epilepsy with Neuromodulation: A matter of heart! Epilepsy and sleep: differential diagnosis and interactions in the sleeping brain, а имаше и предавачи од Израел“, објасни д-р Горгиева. По завршување на овој семинар, од 8-10 јуни, 2017 д-р Емилија учествуваше и на “Belgrad-Cleveland Meeting on Focal Cortical Dysplasia“, кој се одржа во Академијата за наука и уметност во Белград. “Познати стручњаци од областа имаа интерени предавања каде слушнавме за новините во областа на неврологијата и детската неврологија за Фокални кортикални дисплазии“, дополни д-р Горгиева.