00389 2 3091 484
јануари 01,2023
Не ретко се случува да се прашаме дали ја заклучивме вратата? Дали го исклучивме од струја шпоретот, греалката или некој друг уред? Дали по извршената проверка ни олеснува и продолжуваме со тековните активности? или неколку пати се навраќаме и тоа станува наш неопходен ритуал кој се повтрорува?
Дел од овие психички моменти се случуваат и се забораваат не оставајќи значителна трага по нас. Но, што ако овие моменти и случувања се повторуваат, потраат и ни одземаат голем дел од нашето внимание, функционалност, па дури и ни го пореметуваат нормалниот животен тек и не ни даваат мир додека не се извршат овие одредени ритуали?
Опсесивно-компулсивно растројство (OКР) се карактеризира со образец на несакани мисли и стравови (опсесии) кои водат до повторувачки однесувања (компулсии). Овие опсесии и принудувања влијаат во секојдневните активности и предизвикуваат значителна вознемиреност.
Растројството може да е проследено со симптоми на опсесии, компулсии или и двете. Симптомите може да влијаат во многу аспекти од животот, на пример при работата, на училиште и во личните односи.
Опсесиите се повторени мисли, нагони или ментални слики кои предизвикуваат вознемиреност. Истите вклучуваат:
Страв од инфекција со бактерии, вируси или било која форма на контаминација;
Несигурност и тешко поднесување на неизвесноста;
Несакани забранети или табу мисли кои се однесуваат за секс, религија или повредувања;
Агресивни или ужасни мисли за губење контрола и повредување на себе или на другите;
Поставување на предметите во симетричен или во совршен ред.
Компулсиите се повторувачки однесувања за кои се чувствувате присилени да ги извршите. Овие повторливи однесувања или ментални дејства имаат за цел да ја намалат анксиозноста поврзана со опсесиите или да спречат нешто лошо да се случи. Меѓутоа, извршувањето на принудите не носи задоволство и може да доведе само до привремено ослободување од анксиозноста. Вообичаените принуди вклучуваат:
Битно е да се сфати дека не се сите ритуали или навики принуда. Секој понекогаш двапати ги проверува работите. Но, при ова растројство лицата генерално:
Во склоп на растројството, некои од лицата се соочуваат со тикови. Тиковите може да се манифестираат како моторни тикови, кои се ненадејни, кратки, повторливи движења, како што се трепкање на очите, гримаси на лицето, кревање раменици и сл. Вокални тикови вклучуваат повторувачки звуци на расчистување на грлото, шмркање.
Симптомите може да доаѓаат и да си одат, да се олеснат со текот на времето или да се влошат. Може да се јават и во детска возраст. Во тој период, растројството е препознаено од страна на родителите или наставниците. Повеќето возрасни препознаваат дека она што го прават нема смисла, за што сами се упатуваат за лекарска помош. Но често се случува и да употребуваат алкохол во насока на смирување на симптомите.
Опсесивно компулсивно растројство (ОКР) е вообичаено нарушување што ги погодува возрасните, адолесцентите и децата ширум светот. Повеќето луѓе се дијагностицираат на околу 19 години, обично со порана возраст на почеток кај момчињата отколку кај девојчињата, но почетокот се случува и по 35-тата година.
Причините за ОКР се непознати, но факторите на ризик вклучуваат:
Проблемите кои произлегуваат од опсесивно-компулсивно растројство може да вклучуваат, меѓу другото:
ОКР обично се третира со лекови, психотерапија или комбинација од двете. Иако повеќето пациенти реагираат на третман, кај некои пациенти дел од симптомите продолжуваат да постојат.
Понекогаш луѓето со ОКР имаат и други ментални нарушувања, како што се анксиозност, депресија и телесно дисморфично нарушување, шизофренија. Овие елементи се битни при донесување на одлука за видот на лекувањето.
Од лекови кои се користат во третманот на нарушувањето се лековите од ССРИ групата на антидепресиви. Во третманот на ОКР се користат поголеми дози на лекот отколку оние потребни во третманот на депресија и може да се неопходни 8 до 12 недели за да постигнат ефект, но некои пациенти доживуваат и побрзо подобрување.
Ако симптомите не се подобрат со овие типови на лекови, истражувањата покажуваат дека некои пациенти може добро да реагираат на антипсихотични лекови.
Психотерапијата може да биде ефикасен третман за возрасни и деца со ОКР. Истражувањата покажуваат дека одредени видови психотерапија, вклучително и когнитивната бихејвиорална терапија (КБТ) и други сродни терапии (на пример, третман за справување со зависност) може да бидат исто толку ефикасни во третманот на нарушувањето.
Доколку се пронајдете во описот на симптомите за Опсесивно компулсивно растројство неопходно е да побарате стручна, психијатриска помош, бидејќи не лекуваното нарушување може негативно да се одрази во сите аспекти на вашиот живот.
За да закажете консултации со нашиот психијатар д-р Марија Костадиновска јавете се на 02/3091-484. Цената на прегледот изнесува 1500 ден.