00389 2 3091 484
август 08,2016
На 26.08.2016 година во Агенцијата за млади и спорт на Р. Македонија се одржа прес конференција по повод заминувањето на параолимписката репрезентација на Р. Македонија на Параолимписките игри во Рио- Бразил 2016 година. Во присуство на директорот на агенцијата за млади и спорт г-дин Марјан Спасески и членовите на параолимписката репрезентација на Р. Македонија, македонските претставници Оливера Наковска Бикова и Ванчо Каранфилов, селекторот и тренер Бранимир Јовановски, техничкиот секретар Драган Дојчиновски, доктор на репрезентацијата Др. Елвис Алексовски и помошен тренер Александар Келешов, се искажа благодарност до Агенцијата за млади и спорт, Министерството за труд и социјална работа и Владата на Р. Македонија и неколкуте приватни спонзори меѓу кои и специјалната болница по хируршки болести “Филип Втори” и веледрогеријата “Фила Фарм”. Беше нагласено дека целта на нашите натпреварувачи е влез во финале, а влезот во финале дозволува борба и за медал.
По завршување на прес конференцијата, натпреварувачите Оливера Наковска Бикова и Ванчо Каранфилов беа донесени во ПЗУ Филип Втори, каде им беа извршени комплетни систематски лекарски прегледи и лабораториски испитувања. Приемот и организацијата на прегледите беа спроведени од медицинскиот директор др. Тања Анѓушева- супспецијалист кардиолог, а прегледите ги извршија др. Иван Милев- супспецијалист кардиолог, др. Шпенд Идризи- супспецијалист кардиолог и дипл. инженер по биохемија Александра Црвенпанова. Со ова уште еднаш се потврди високо професионалната, хуманистичка ориентација на специјалната болница по хируршки болести “Филип Втори” и на Академик Др. Жан Митрев кој со големо задоволство се приклучи во логистиката на параолимписката репрезентација на Р. Македонија.
Среќно и Ви посакуваме остварување на една голема Ваша победа, победа на која сите ќе се радуваме, победа за Македонија!