00389 2 3091 484
ноември 11,2019
Во Zan Mitrev Clinic беше поставена една од најновите типови на тестикуларни протези кај млад пациент. Доктор Горан Јовиќ, хирург уролог, во нашата клиника вели дека овие протези се безбедна и адекватна замена при загуба на еден или двата тестиса.
– Станува збор за имплантација на тестикуларна протеза. Изведена е кај млад пациент кој во сообраќајна несреќа го губи едниот тестис. Оваа тестикуларна протеза не е само естетска туку помага пациентот да се врати и на нормалниот живот без никакви проблеми. Тој нема да го има чувството на недостаток на орган и ќе има нормален сексуален живот без чувство на некаква хендикепираност. Тоа пак е и една од целите поради која се поставува еден ваков тип на протеза – објаснува доктор Јовиќ.
Оваа поставена протеза е прва од новиот тип протези, тие се меки протези кои се вешта имитација на природниот тестис.
– Постоперативниот период е краток. Пациентот во болничката установа останува 24 часа а најнормално може да функционира по десетина дена – додава доктор Јовиќ.
Тестикуларна протеза може да се имплантира при секоја загуба на еден или двата тестиси од која било причина.