00389 2 3091 484
мај 23, 2023
Анатомски различно од мажите, кај жените предниот ѕид на вагината го поддржува мочниот меур. Со возраста вагиналниот ѕид може да ослабе, да се олабави или да се оштети како резултат на значителен физички напор, како што е породувањето. Ако состојбата многу се влоши, може да дојде до пролапс/испаѓање на мочниот меур, што значи дека мочниот меур ја изгубил поддршката и оди надолу во или надвор од вагината.
Она што треба да се знае е дека мочниот меур не се спушта изолирано туку секогаш е дел од комплексен, комбиниран спад на гениталните органи (вагина, матка).
Спуштениот мочен меур може да предизвика проблеми како што се потешкотии со мокрењето, непријатност или пак стресна инконтиненција на урината при која се случува неволно истекување на урина предизвикано од на пример: кивање, кашлање и напор.
Пролапсот на мочниот меур уште е наречен цистоцела. И тој како и пролапсот на вагината и матката има четири различни степени на спуштање согласно тоа колку мочниот меур и гениталните органи се спуштени во или надвор од вагината.
Првиот симптом што жените со пролапс на мочниот меур обично го забележуваат е присуството на ткиво во вагината. Истото вообичаено жените го опишуваат како топка.
Останатите симптоми кои се присутни го вклучуваат следново:
Добрата вест е дека постои решение за оваа состојба. Најпрво, веднаш по дијагнозата, се прави индивидуална проценка на состојбата, по што следува препорака за оперативна корекција адекватна на степенот на пролапс, возраста на пациентката како и нејзините очекувања.
Овој зафат успешно го изведуваат искусните гинеколози при Клиничката болница Жан Митрев, а претставува златен стандард во третманот на спуштен мочен меур, вагина и матка. Истиот зафат обезбедува трајна корекција на сите елементи на пролапсот.