00389 2 3091 484
јуни 06,2017
Колачиња од интегрално брашно и суво овошје, земички од јачменово брашно, интегрални стапчица, кокос штангли со семиња и суво овошје, како и бомбици од кикирики, семиња и овошје беа дел од поставката на ресторанот “Пулс“, кој учествуваше на Фестивалот за органска храна, што се одржа во паркот “Жена-борец“ во Скопје. Изложените производи побудија интерес и собраа заинтересирани посетители на нашиот штанд, каде можеа да добијат повеќе информации и за начинот на работа на ресторанот, за подготовката на храната, но истовремено и да се информираат за услугите на Специјализираната болница ЖАН МИТРЕВ, преку брошурите кои беа дел од поставката.
На овогодинешниот фестивал, кој беше со мото “Да ги победиме лошите навики-градиме здрава, зелена и органска иднина“ се промовираа органски производи, но и услуги во чиј фокус е здравата исхрана и здрави животни навики. Покрај ресторанот “Пулс“, учествуваше и интернационалната градинка “Пиколини“, со кои имаме успешна соработка во приготвување на оброци за децата. Во рамките на настанот покрај дегустирање на производи, за помладите се организаираа едукативно-креативни содржини, како и забавна програма со музика, но и спорт и рекреација. Различни содржини на едно место кои треба да придонесат кон градење на перспективна, одржлива иднина за органска Македонија.