Малиот Аган си замина дома по успешно изведената ,,свич,, процедура Му посакуваме да напредува успешно!

август 08,2021

Малиот Аган беше примен во клиничката болница Жан Митрев од Клиниката за детски болести во тешка, витално загрозувачка општа состојба како новороденче старо само 1,5 ден.
Врз основа на клиничката слика и дијагностичките наоди, констатирана беше вродена маана на големите артерии и со самото тоа итна потреба од оперативен третман за транспозиција на големи крвни садови на срцето.


Поради сериозноста на состојбата, односно непостоење на никакво снабдување со кислород на горниот дел од телото и органите, уште веднаш во саботата во доцните вечерни часови се пристапи кон операција.


Операцијата ја изведе Академик д-р Жан Митрев кој со својот тим спроведе тотална корекција со т.н ,,свич,, процедура во траење од неколку часа. Таа имаше за цел да го проимени протокот на крвта и да обезбеди корекција на неправилното течение, во правилно кое обезбедува снабдување со кислород на срцето и останатите органи.


Зафатот беше успешно изведен и по тринеделна постоперативна нега во болницата, малиот Аган во одлична задравствена состојба си замина на домашно опоравување.


Му посакуваме безгрижно детство и понатамошен непречен раст и развој за што сега се исполнети сите предуслови.