Продолжен животот на уште еден наш пациент

ноември 11,2023

Г-дин Дејан Христоски е млад пациент со тешка дилатативна кардиомиотпатија која во последните неколку години особено се влоши. Тој беше хоспитализиран и му беше направено вградување т.н вештачко срце. Вештачкото срце, покрај класична трансплантација, преставува една од двете можни опции за пациенти кај кои не помагаат лекови, а срцевата функција континуирано опаѓа. Операцијата и постоперативната обука за ракување со поставениот уред поминаа успешно по што, пациентот беше пуштен на дома. Ова е еден од 40-те пациенти кај кои д-р Жан Митрев заедно со својот тим има вградено ваков уред.
Му благодариме за довербата и му посакуваме добро здравје на Дејан.