00389 2 3091 484
Центар за мајка и бебе
Посветеност, грижа и внимание
од првиот момент
Раѓањето на вашето најмило е момент кој ќе го паметите и прераскажувате целиот свој живот. Затоа изборот на установа во која ќе го донесете на свет е клучен. Знаејќи ги сите можни предизвици, нашиот искусен интердисциплинарен тим гинеколози, акушери и неонатолози од Центарот за мајка и бебе подготви за вас специјални пакети кои обезбедуваат беспрекорна грижа во сите фази.
Пакетот за безболно спонтано породување опфаќа услуги во сите фази од вашата бременост и по неа. Во овој пакет вклучени се:
Важно: Доколку при породувањето се појават неочекувани компликации или потреба од продолжен престој и лекување од кои ќе произлезат дополнителни трошоци, истите не се дел од овој пакет
Пакетот за породување со царски рез опфаќа услуги во сите фази од вашата бременост и по неа.
Во овој пакет вклучени се:
Подарок за мама и бебе
Единствено во Клиника Жан Митрев во Центарот за мајка и бебе се спроведува безболно, природно породување со помош на седација со азотен оксид или попознат како гас за смеење. Седацијата односно инсертирањето на гасот азотен оксид се прави преку апаратот Master Flux Plus Device for Sedation што клиниката го набави токму за оваа намена.
Седацијата со азотен оксид е помалку инвазивна техника која носи помал ризик од несакани ефекти споредено со епидуралната анестезија. Тоа е мешавина составена од азотен оксид и кислород во еднаков сооднос и ја намалува болката, анксиозноста и нервозата, а тоа делува и врз рефлексот за породување, родилките се поопуштени и полесно оди породувањето. Поради ефектот на смеење кој го предизвикува, азотниот оксид се нарекува и гас за смеење а во акушерство погоден е поради брзото дејство, брзата елиминација од телото по прекин на употребата.
Гасот се користи за аналгезија и анксиолиза и за помали акушерски интервенции но и при други болни процедури како стоматолошки, кардио интервенции, кај деца и кај популацијата со специјални потреби, но може да се употреби и како дополнителна терапија за хронична болка кај онколошки пациенти.
Овозможува многу предности за пациентите, го редуцира стресот, ја намалува перцепцијата за болка и овозможуваа брзо опоравување. Покрај тоа може да се примени на сите пациенти со максимална безбедност и го редуцира времетраењето зафатот. Некои жени претпочитаат да користат азотен оксид за време на контракции, а други претпочитаат да го користат за да се релаксираат помеѓу контракциите.
Гасот се внесува преку мала маска за да се вдише гасот и откако ќе се отстрани маската, ефектите на азотен оксид брзо исчезнуваат.
Важно: Доколку при породувањето се појават неочекувани компликации или потреба од продолжен престој и лекување од кои ќе произлезат дополнителни трошоци, истите не се дел од овој пакет
Специјалист по гинекологија и акушерство
irena.andonova@zmc.mk
Специјалист по гинекологија и акушерство
jelena.golubovikj@zmc.mk
Специјалист по гинекологија и акушерство
vladimir.kizheski@zmc.mk
Специјалист по гинекологија и акушерство
viоleta.nikolov@zmc.mk
Спец. акушер-гинеколог, супспец. перинатолог
ljupcho.petrovski@zmc.mk