Ендокринологија

Преку клик на линкот може веднаш да закажете преглед on-line или преку нашиот контакт број на 02 3091 484
Ендокринологијата е гранка на медицината која ги опфаќа оние жлезди или ткива кои лачат високо специфични супстанции наречени хормони во крвотокот, за потребите на другите ткива.
Многубројните посебни карактеристики на ендокриното заболување го прават ендокринолошкиот пациент доста поразличен од оние кои се гледаат во секојдневната практика. Една од одликите е откривањето на абнормалност преку скринирање на асимптоматичните единки, на пример високи нивоа на калциум во серумот откриени при систематски преглед или покачено ниво на гликемија при случајно мерење. Втората посебна одлика на ендокрините нарушувања е дека тие се повеќе квантитативни отколку квалитативни отстапувања од нормалата. Ниту едно ендокрино нарушување не се должи на невообичаен хормон.
Сепак тие имаат огромен ефект врз квалитетот на живеење и затоа успешната дијагностика и интервенција, може да биде исклучително важна и за пациентот и за семејството.
Иследувања
- Заболувања на хипофизата
- Заболувања на тироидната жлезда
- Заболувања на паратироидната жлезда
- Заболувања на надбубрежната жлезда и ендокрини хипертензии
- Ендокрини заболувања на панкреасот
- Репродуктивна ендокринологија (полицистичен оваријален синдром)
- Дијабетес тип 1 и 2
- Гестациски дијабетес
- Остеопороза
- Хиперлипидемија
- Метаболен синдром (дебелина)