МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ

ИНТЕРНА МЕДИЦИНА

Заболувања и состојби

Специјалноста интерна медицина специфично се фокусира на превенцијата, дијагнозата и третманот на болестите во возрасната популација.

Без фокусирање само на еден дел од делото или еден органски систем, лекарот интернист ја покрива дијагностиката и третманот на целокупниот организам, и ги третира истовремено и честите и покомплексни и потешки болести кај возрасните пациенти. Често пати една индивидуа останува на грижа кај еден интернист во тек на сите етапи од неговиот живот. Дијагнозата и третманот на болестите можат да се вршат или во кабинетот на интернистот или во болнички услови, во зависност од тежината на болеста која се лекува.

Интернистот е трениран за дијагностика и третман на широк дијапазон на заболувања кај адултите. Интернистите можат да се фокусираат на општата пракса или на специјализирано поле на дејност. Исто така интернистите се апликативни и во болнички услови каде можат да бидат третирани адултите со почестите заболувања како и во превентивната медицина.

Заболувања и состојби

Иследувања

Интернистите применуваат бројни иследувања и прегледи во зависност од индивидуалните потреби на пациентот, неговата болест, возраст и слично, така што често пати овие можат меѓу себе да се разликуваат.

Рутински физикален преглед: претставува есенцијален дел на запознавањето на лекарот во општото испитување на пациентот. При ова интернистот зема детална анамнеза и прави општ преглед на пациентот.

Тука тој се запознава и со неговите навики, како што се животниот стил, пушењето, диетата, земањето на лекови, алкохол и физичката активност. Тука тој врши и мануелен преглед на штитната жлезда, урогениталниот тракт, инспекција и палпација на абдоменот, аускултација на срцето, аускултација на белите дробови и општ невролошки преглед.

Дури и пред пациентот да се пожали на некои знаци и заболувања, интернистот може да го упати на на специфични иследувања за дијагноза на заболувањето. Почети вакви иследувања се:

  • Ниво на холестерол и маснотии во крвта: лабораториски иследувања после 10 часовно гладување, ризик фактор за настанок на кардиоваскуларните болести.
  • Одредување на поединци со висок крвен притисок : ризик фактор за настанок на кардиоваскуларните болести.
  • Одредување на заболувања на тиреоидеата: Т3, Т4, ТСХ во крвта
  • Гојазност: одредување на body mass index (BMI) и третман на обезноста.
  • Шекерна болест: одердување на шекер на гладно, орален гликоза толеранс тест (ОГТТ) и гликозилиран хемоглобин (ХбА1С).
  • Ултразвучен преглед на внатрешните органи: општ ехографски преглед на бубрезите, мочниот меур, црн дроб, жолчнио кесе, штитна жлезда
  • Спирометрија: одредување на капацитетот на дишната функција и скрининг на пациенти со ХОББ (хронична опструктивна белодробна болест) и астма.
  • Канцер на дојките кај женската популација: упатување на мамографија.
  • Колоректален карцином: постојат повеке опции за скрининг на овој тип на канцер, посебно во ризичните популации и при фамилната оптовареност.
  • Канцер на простатата: одредување на РЅА како специфичен скрининг тест.

 

Општо земено, од квалитетот на прегледот и правилните препораки кои ги добива пациентот, зависи во голема мерка натамошниот квалитет на живот на пациентот како и правилен третман на веќе постоечката болест кај него.

24-часовен мониторинг на sleep apnea - полисомнографија

Полисомнографијата е тест кој се користи за дијагностика на пореметувањата на дишењето во тек на сонот. Во тек на мониторирањето се регистрираат можните паузи во дишењето, сатурација на крвта со кислород, срцевиот пулс, како и движењата на градниот кош. Мониторирањето се поставува во вечерните часови, и се врши во домашни услови.

Sleep apnea е медицинска состојба со можни сериозни компликации:

  • Изразен замор во тек на денот поради нарушен сон во тек на ноќта
  • Висок крвен притисок или проблеми со срцето (го зголемува ризикот за срцев удар, мозочен удар и неправилен ритам на срцето)
  •  Дијабетес тип 2 и метаболен синдром
  • Можни компликации од лековите кои се користат при општа анестезија во тек на оперативен зафат
  • Проблеми со црниот дроб
  • Нарушување на партнерски односи поради ‘рчење.

Останати доктори од овој оддел

Вилма Ампова Соколов

Д-р Вилма Ампова Соколов

Спец. по интерна медицина
Супспец. по кардиологија

vilma.ampova@zmc.mk

Види го профилот
Тања Анѓушева

Доц. д-р Тања Анѓушева

Спец. по интерна медицина
Супспец. по кардиологија

tanja.anguseva@zmc.mk

Види го профилот
Борјанка Георгиева

Д-р Борјанка Георгиева

Спец. по интерна медицина
Супспец. по кардиологија

borjanka.georgieva@zmc.mk

Види го профилот
Борче Георгиевски

Проф. д-р Борче Георгиевски

Спец. по интерна медицина
Супспец. по хематологија

borche.georgievski@zmc.mk

Види го профилот
Зорица Зајкова

Д-р Зорица Зајкова

Спец. по интерна медицина

zorica.zajkova@zmc.mk

Види го профилот
Јасмина Зафировска

Д-р Јасмина Зафировска

Специјалист по интерна медицина

jasmina.zafirovska@zmc.mk

Види го профилот
Нинослав Ивановски

Проф. д-р Нинослав Ивановски

Спец. по интерна медицина
Супспец. по нефрологија

ninoslav.ivanovski@zmc.mk

Види го профилот
Енвер Идоски

Д-р Енвер Идоски

Спец. по интерна медицина
Супспец. по кардиологија

enver.idoski@zmc.mk

Види го профилот
Шпенд Идризи

Д-р Шпенд Идризи

Спец. по интерна медицина
Супспец. по кардиологија

shpend.idrizi@zmc.mk

Види го профилот
Милка Клинчева

Проф. д-р Милка Клинчева

Спец. по интерна медицина
Супспец. по кардиологија

milka.klinceva@zmc.mk

Види го профилот
Милан Марковски

Д-р Милан Марковски

Специалист по интерна медицина

milan.markovski@zmc.mk

Види го профилот
Илија Нешковски

Д-р Илија Нешковски

Спец. по интерна медицина
Супспец. по кардиологија

ilija.neskovski@zmc.mk

Види го профилот
Катерина Ристоска

Д-р Катерина Ристоска

Спец. по интерна медицина
Супспец. по нефрологија

katerina.ristoska@zmc.mk

Види го профилот
Тања Трпевска

Д-р Тања Трпевска

Специјализант по интерна медицина

tanja.trpevska@zmc.mk

Види го профилот
Васко Трпески

Д-р Васко Трпески

Општа медицина

vasko.trpeski@zmc.mk

Види го профилот
Лилија Хаџиевска

Д-р Лилија Хаџиевска

Специјалист по општа медицина

lilija.hadzievska@zmc.mk

Види го профилот