МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ

КАРДИОХИРУРГИЈА

Кардиохируршки операции

  • Коронарен бајпас
  • Валвуларна хирургија (болести на аортна, митрална, трикуспидна и пулмонална валвула)
  • Хируршка реконструкција на левата комора
  • Отстранување на тумори од срце

  • Хируршки третман на вродени срцеви мани кај возрасни и деца
  • Хирургија на перикардни заболувања (заболувања на срцевата обвивка)
  • Комбинирана хирургија (бајпас, валвули, аорта)
  • Хируршки третман на тешка срцева слабост
  • Вградување на механичка циркулаторна потпора кај пациенти со хронична срцева слабост
  • Хируршки третман при акутен кардиоген шок (поставување на ЕКМО)
  • Автотрансплантација
  • Хирургија на перикард (срцева обвивка)
  • Операции на асцендентниот дел од аортата (аневризма на аорта и дискеција Станфорд А, коарктација на аорта)
  • Операција на торакален дел од аортата (аневризма, дисекција) и торакоабдоменална аневризма
  • TAVI (транскутана замена на аортна валвула)
  • Mitral clip (перкутано решавање на тешка митрална инсуфициенција)
  • Хируршка замена на пејс-мејкерска батерија, вадење на пејсмејкерски жици

Во одделот за кардиохирургија сите пациенти добиваат индивидуален пристап за лекување. Овој пристап е стандард кој веќе со години се применува кај сите пациенти во нашата клиника. Индивидуалниот третман има за цел на пациентите да им се овозможи прецизна дијагноза проследена со врвна хирургија, соодветно лекување и следење на состојбата постоперативно.

Кардиохируршки операции

Бајпас хирургија

Kоронарна бајпас операција

Со тек на време, мастите, холестеролот и другите супстанци кои се наталожуваат на ѕидовите на артериите формираат плаки. Кога доаѓа до откинување на плаката се формира тромб, протокот на крв низ срцето се блокира и може да доведе до нелагодност во градите (ангина) и до срцев удар.

Коронарна бајпас операција е операција на срцето. За премостување се користат крвни садови земени од друг дел на телото за да се заобиколи (премости или бајпасира) блокираниот или стеснетиот дел на коронарните (срцеви) артерии. Бајпасот овозможува поголемо количество на проток на кислород низ срцевиот мускул.

  • Се зема крвен сад од граден кош, од рака или од ногата на пациентот.
  • Едниот крај од крвниот сад се прицврствува за аортата (најдолемиот крвен сад кој излегува од срцето), а другиот крај се прицврстува на коронарната артерија под точката каде што е блокирана. На тој начин преку новото премостување се овозможува оптимален проток на крв до срцето.
  • Може да има потреба од повеќе артериски бајпаси, во зависност од тоа колку срцеви артерии се блокирани.
  • Вообичаено, операцијата трае 3-6 часа.

Кардиохируршките операции, вклучително и коронарната бајпас хирургијата најчесто се прават со употреба на екстракорпорална циркулација (крвта на пациентот тече низ специјална машина која овозможува времено нормално функционирање на органите на пациентот, а истовремено бескрвно поле за хирургот).

Во определени ситуиации, во зависност од клиничката состојба на пациентот и по проценка на кардиохирургот,  коронарната бајпас хирургија може да се извршува без употреба на екстракорпорална циркулација т.н. “off pump” коронарна хирургија, метода која е побезбедна за повозрасни и коморбидитетни пациенти, но многу посложена за работа и побарува исклучителни хируршки вештини. Оваа техника веќе со години се применува во нашата клиника.

Бајпас хирургија

Операции на торакален дел од аорта

Операции на асцендентниот дел од аортата

  • Аневризма на аорта
  • Дисекција Станфорд А
  • Коарктација на аорта

Операција на торакален дел од аортата

  • Аневризма
  • Дисекција
  • Операција на торакоабдоменална аневризма 

Валвуларна хирургија

Операција на срцеви валвули (аортна, митрална, трикуспидална и пулмонална валвула)

Валвуларна хирургија или операција на срцева валвула се прави со замена или реконструкција на срцевата валвула која не „работи“ правилно. Повеќето замени на валвулите ги вклучуваат аортните и митралните валвули.

Аортната валвула ја разделува левата комора (главната пумпа на срцето) и аортата (најголемиот артериски крвен сад кој ја носи крвта во целото тело). Митралната валвула ја разделува левата предкомора со левата комора. Четирите валвули во срцето го осигуруваат протокот на крвта во правилен правец низ срце. Доколку дојде до заболување на валвулата или оштетување, можна е потреба од реконструкција или замена на истата (со механичка или биолошка протеза). Операциите на срцевите валвули се прават со примена на екстракорпорална циркулација и вообичаено траат 3-5 часа.

Најчести валвуларни проблеми кои доведуваат до операција на срцевите валвули:

  • Стеноза (валвулите не се отвараат доволно и не овозможуваат доволен проток на крвта).
  • Инсуфицинеција или регургитација (не се затвараат соодветно и доведуваат до неправилен проток).
  • Пролапс – залистоците на митралната валвула не се затвораат соодветно (најчесто кај жени).
  • Проблемите кои доведуваат до операција на срцевите валвули мозжат да бидат вродени или стекнати во текот на живот.

Валвуларна хирургија

Хирургија за терминален стадиум на срцева слабост (механичка циркулаторна потпора)

  • Поставување на механичка циркулаторна потпора при хронична срцева слабост од типот на LVAD
  • Поставување на механичка циркулаторна потпора при хронична срцева слабост од типот на RVAD

  • Поставување на механичка циркулаторна потпора при хронична срцева слабост од типот на BVAD
  • Поставување на механичка циркулаторна потпора при хронична срцева слабост од типот на TAH – total artefitial heart
  • Поставување на механичка циркулаторна потпора при акутна срцева слабост од типот на ECMO, impella, centrimag, levitronix

Хирургија за терминален стадиум на срцева слабост (механичка циркулаторна потпора)

Останати доктори од овој оддел

Жан Митрев

Доц. д-р Жан Митрев

Кардиоваскуларен хирург

Види го профилот
Никола Христов

Д-р Никола Христов

Специјалист по кардиоваскуларна хирургија

nikola.hristov@zmc.mk

Види го профилот
Слободан Илиќ

проф. д-р Слободан Илиќ

Кардиохирург

slobodan.ilikj@zmc.mk

Види го профилот
Горазд Коњановски

Д-р Горазд Коњановски

Специјализант по кардиохирургија

gorazd.konjanovski@zmc.mk

Види го профилот
Предраг Милојевиќ

проф. д-р Предраг Милојевиќ

Кардиохирург

predrag.milojevik@zmc.mk

Види го профилот
Симона Патчева

Д-р Симона Патчева

Специјализант по кардиохирургија

simona.patcheva@zmc.mk

Види го профилот