МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ

МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА

МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА

Микробиолошката лабораторија во Жан Митрев Клиника опфаќа три сегменти на функционирање: лабораториска дијагностика, политика за антимикробно управување и активно учество во комисија за контрола и превенција на болнички инфекции.
Преку интеграција на овие три активности во рамки на секојдневна пракса во микробиолошката лабораторија го остваруваме нашиот приоритет – унифицирана, квалитетна и безбедна здравствена нега и третман за секој пациент.

Примарна улога на микробиолошката лабораторија е да обезбеди етиолошка дијагноза на инфективните заболувања и да даде совет за целна употреба на антимикробен лек.
Етиолошката дијагноза вклучува микробиолошка обработка на примероци од горно и долно респираторни патишта, кожа и рани, пунктат, парче ткиво, примероци од гастроинтестинален и урогенитален тракт, хемокултури и останати испитувања согласно барањата и потребите на клиничките лекари.
Комплетно автоматизираните апарати (VITEK 2Compact, BacT/ALERT) со кои располага лабораторијата овозможуваат брза и прецизна идентификација на микроорганизми од најразлични примероци. Изработката и интерпретацијата на антибиограми е според актуелни европски стандарди (EUCATS – European Committee on Antimicrobial Susceptibility testing) со комбинација на повеќе методи за тестирање (диск дифизона, е- тест и микродилуциона метода) за широка палета на антимикробни средства. Согласно микробиолошкиот наод, а во корелација со останати лабораториски испитувања и клиничката презентација на заболувањето кај пациентот се дава препорака за антибиотик. Воведување на современи автоматизирани апарати за обработка на хемокултури овозможува брза, егзактна и сигурна детекција на присутни микроорганизми во крв и на тој начин спасува живот.

Комисија за интрахоспитални инфекции
Во структурата на болнички комисии активно работи комисијата за контрола и превенција на болнички инфекции. Приоритет на оваа комисија е преку ефикасна програма да ги следи сите процеси во болницата, да имплементира најнови и најбезбедни техники за работење, континуирана едукација на целиот персонал од областа на болнички инфекции и мониторинг на истите. Несомнено е дека добро поставен систем на контрола на инфекции преку брза и прецизна дијагностика и скрининг ќе даде ефект и на програмата за рационална употреба на антибиотици како три алатки меѓусебно зависно поврзани.

МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА

Политиката за антимикробно управување

Микробиолошката лабораторија во Жан Митрев Клиника има важна улога во креирање на политика за антимикробно управување (рационална употреба на антибиотици).

Особен предизвик е правилна одлука за потребата од антибиотска терапија, избор на соодветен антибиотик, негово правилно дозирање и времетраење на лекувањето. Антимикробното управување е мултидисциплинарен процес во кој активно се вклучени ординирачкиот доктор, клинички микробиолог, клинички фармацевт и секако важна улога има член од тимот за превенција и контрола на интрахоспитални инфекции. Целта е да се спроведе рационална употреба во секојдневна пракса преку персонализиран пристап за секој пациент. Добрата клиничка пракса и проактивното следење на локалната резистенција од една страна, и прилагодување на светски и национални водачи од друга страна, ни помагаат да ги заштитиме антибиотиците и да ги одржиме ефикасни и за следните генарации. Несомнено е дека антибиотската резистенција е проблем во светски рамки, а антибиотиците како лекови кои прават не само индивидуална но и глобална штета бараат од нас голема одговорност при нивна примена како би го забавиле чекорењето кон постантибиотска ера.

Комисија за интрахоспитални инфекции

Во структурата на болнички комисии активно работи комисијата за контрола и превенција на болнички инфекции.

Приоритет на оваа комисија е преку ефикасна програма да ги следи сите процеси во болницата, да имплементира најнови и најбезбедни техники за работење, континуирана едукација на целиот персонал од областа на болнички инфекции и мониторинг на истите. Несомнено е дека добро поставен систем на контрола на инфекции преку брза и прецизна дијагностика и скрининг ќе даде ефект и на програмата за рационална употреба на антибиотици како три алатки меѓусебно зависно поврзани.

Комисија за интрахоспитални инфекции

Останати доктори од овој оддел

Катерина Игневска

Д-р Катерина Игневска

Спец. по микробиологија

katerina.ignevska@zmc.mk

Види го профилот