Медицински услуги

Офталмологија

Офталмолошки преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на преден сегмент.

Основниот преглед на кој се проверува преден сегмент на окото (контрола на диоптрија, алергии, иритации, сувост на очите, туѓо тело во око) и се препорачува кај лица со веќе познати болести на очите, како редовен контролен преглед.

Овој преглед може да се закаже доколку пациентот нема симптоми и сака само превентивна проверка на видот и очи.

Офталмолошки преглед

Субспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на преден и заден сегмент (преглед на очно дно)

Подетален преглед и се состои од проверка на преден сегмент, како и определување на диоптрија (нова диоптрија, промена на диоптрија, проверка на скриен диоптер) и проверка на заден сегмент на окото (очно дно и очен нерв).

Овој преглед се препорачува кај лица кои не биле до сега на очен преглед, како и кај лица кои подолг период не направиле преглед, а имаат очигледни промени во видот.

Субспецијалистички преглед

Офталмолошки преглед кај деца на широки зеници

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите, стерео вид и колорен вид.

Преглед кој се практикува кај деца кои никогаш немаат направено претходно очен преглед.

За време на прегледот се прави проверка на координацијата на очните движења, поставеноста на очното јаболко, можност за акомодација при гледање на близу, испитување на бинокуларен вид, стерео и колорен вид.

Офталмолошки преглед кај деца на широки зеници

Ретинолошки преглед

Рефракција, одредување видна острина, тонометрија, проверка на преден и заден сегмент, ОЦТ

Преглед со кој освен останатите испитувања, се проверува и состојбата на ретината на пациентот. Со помош на ОЦТ испитувањето (оптичка кохерентна томографија) се снима структурата на макулата и очниот нерв за да се открие дали има одредени недостатоци на таа структура, кои се невидливи при преглед со лупа како и состојбата на крвните садови во задниот сегмент на окото.

Овој преглед најчесто се практикува кај дијабетичари или пациенти со веќе дијагностицирани ретинални проблеми (дијабетична ретинопатија, макуларна дегенерација, макуларен едем…)

Ретинолошки преглед

Комплетен офталмолошки преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на преден и заден сегмент, B-scan и ОЦТ.

Преглед за пациенти кои имаат недијагностицирани симптоми или проблеми со макулата. Овој преглед може да се практикува и кај пациенти со дијагностицирани проблеми со ретината или очниот нерв.

Комплетен офталмолошки преглед

Преглед за катаракта

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, ехо/биометрија, IOL master, OCT на очен нерв и макула, топографија на корнеа

За време на овој преглед, се прават испитувања (ехо/биометрија, IOL master) кои се потребни пред да се направи операција на катаракта.

Овој преглед се практикува кај пациенти на кои им била веќе дијагностицирана катаракта во минатото а сега сакаат да направат операција да ја отстранат истата.

Преглед за катаракта

Преглед за глауком

Рефракција, одредување видна острина, гониоскопија, мерење на очен притисок, OCT, видно поле, тонометрија со пахиметрија

Овој преглед се извршува кај пациенти со покачен очен притисок или кај пациенти на кои им бил дијагностициран глауком во минатото и потребно е да се одреди дали е настанато оштетување и неговата прогресија. По испитувањата, офталмолог  ќе одреди дали/кои мерки е препорачливо да се преземат.

Преглед за глауком

Преглед за окулопластика

Надворешен преглед на очи (кожата околу очите)

Се извршува кај пациенти со ектропиум, ентропиум и кај пациенти со промена на очните капаци.

Преглед за окулопластика

Преглед со лупа VOLK GOLDMAN

Преглед кој се извршува кај пациенти кај кои е потребно да се прегледа фундусот (преглед на фундус/заден сегмент) и кај пациенти со ретинални проблеми.

Оптометриски преглед

Преглед на кој се утврдува диоптријата и се дава потврда за очила.

Оптометриски преглед

Испирање на солзни канали

Се извршува/закажува кај пациенти на кои солзните канали им се блокирани (пациенти со симптоми: прекумерно солзење, црвенило на белиот дел од окото, слуз или исцедок од окото итн.)

Испирање на солзни канали

Останати доктори од овој оддел

Бобан Сотировски

Д-р Бобан Сотировски

Специјалист офталмолог

boban.sotirovski@zmc.mk

Види го профилот
Златко Чипуровски

Д-р Златко Чипуровски

Специјалист офталмолог

Види го профилот