00389 2 3091 484
октомври 21, 2022
Во месецот посветен на женско здравје, потребно е да обрнеме соодветно внимание на превенцијата и ризиците кои придонесуваат за појава на срцеви заболувања.
Иако за срцевите заболувања често се мисли дека се проблем на мажите, статистиката покажува дека годишно повеќе жени од мажи умираат од срцеви заболувања. Кај жените, веројатноста за смрт поврзана со срецеви проблеми е 6 пати поголема од смртноста предизвикана од рак на дојка. Срцевите заболувања убиваат повеќе жени над 65 години отколку сите карциноми заедно.
Симптомите на срцевите заболувања кај жените се разликуваат од симптомите кои се појавуваат кај мажите. За среќа, жените можат да преземат соодветни чекори кон нивно разбирање и да почнат да го сузбиваат ризик од истото.
И кај жените, како и кај мажите, најчестиот симптом на срцев удар е болката, притисок или нелагодност во градите. Но, болката најчесто не е толку силна и затоа не се зема за типичен симптом кај жените. Жените исто така, почесто од мажите, пројавуваат знаци и симптоми не поврзани со градна болка. Такви се:
Многу жени поради фактот дека нивните симптоми не биле типични за срцев удар, во брза помош се јавуваат дури откако ќе се случи поголемо оштетување на срцето.
Она што е важно да запаметите е: Доколку доживувате некој од погоре наброените симптоми или мислите дека имате срцев удар, веднаш побарајте помош! Не возете сами кон болницата!
Иако традиционалните ризик фактори за коронарни заболувања, како што се: висок холестерол, висок крвен притисок и обезност ги опфаќаат и мажите и жените, има и други фактори кои може да играат поголема улога во развојот на срцевите заболувања кај жените. На пример:
-метаболен синдром – натрупување на масно ткиво на стомакот, висок крвен притисок, висока гликоза во крвта и високи триглицериди. Овие ризик фактори се покарактеристични за жените отколку за мажите.
-ментален стрес и депресија, повеќе влијаат на женското срце.
-пушењето е поголем ризик фактор кај жените отколку кај мажите;
-ниските нивоа на естроген по менопауза се значаен ризик фактор за развој на кардиоваскуларни заболувања на малите крвни садови.
Сите жени од сите возрасти треба сериозно да ги сфатат срцевите заболувања. Светските статистики потврдуваат дека срцевите заболувања се водечка причина за смрт кај жени на возраст над 65 години. Но, факт е и дека тие се трета водечка причина за смрт кај жените на возраст од 25 до 44 години и втора причина за смрт на жените од 45 до 64 години. Жените пак, кои се на возраст под 65 години, а имаат фамилијарна историја на срцеви заболувања, треба посебно да обрнат внимание на ризик факторите одговорни за срцеви заболувања.
Депресијата е два пати почеста кај жените за разлика од мажите и го зголемува ризикот од срцеви заболувања за два до три пати. Депресијата оневозможува одржување на здрав начин на живот. Затоа доколку се соочувате со депресивни симптоми како што се: губиток на интерест за секојдневните активности, чувство на безнадежност или необјаснети промени во тежината, задолжително разговарајте со својот доктор.
Има неколку промени во животниот стил кои може да ги направите. Едноставни се, а ќе ви помогнат да го намалите ризикот од срцеви заболувања:
Земајте ги редовно препишаните лекови како што се лековите за регулирање на крвниот притисок, лековите за маснотии во крвта и аспирин. Исто така треба да обрнете внимание на другите состојби кои се ризик фактори за срцевите заболувања како што се високиот крвен притисок, висок холестерол и дијабет. Некои жени кои се под висок ризик за срцеви заболувања може да имаат корист од некои додатоци во исхраната како на пример омега 3 масните киселини.
Треба да правите умерени вежби, како пешачење, 30-60 минути во повеќето денови од неделата. Ако не можете сите вежби да ги комплетирате наеднаш во една сесија, добро е да ги поделите вежбите во неколку физички активности од 10-15 минути сесија.
Има мали промени кои можете да ги направите за да ја зголемите вашата физичка активност преку денот. Може да ги користите скалите наместо лифтот. Пешачете или користете го велосипедот за прошетки. Правете мали вежби за циркулација додека гледате телевизија.
Она што се смета за здрава телесна тежина е индивидуална за секој човек. Но, одржувањето нормален body mass index (BMI) е корисно. Оваа мерка (BMI) ви кажува дали имате здрав или нездрав процент на маснотии во организмот. BMI од 25 или повеќе може да биде поврзан со зголемен ризик од срцеви заболувања. Губејќи само неколку килограми, можете да го намалите крвниот притисок и да се заштитите од појава на дијабет, двата ризик фактори за срцеви заболувања.
Кај некои жени плаките (наслагите) се формираат подеднакво по целата должина на ѕидовите на крвните садови, што значи дека не може да се третираат користејќи процедури како што се ангиопластика и стентирање. Така што кај нив третманот со лекарства ќе даде подобри резултати отколку ангиопластика или стентирање.
Одредени лекови за срце како што се тромболитици се поефективни кај жени отколку кај мажи. Аспиринот е корисен и кај мажите и кај жените, но има разлики во примената на терапијата кај едните и кај другите. Кај жените терапијата со аспирин делува подобро во редуцирање на ризикот од мозочен удар, додека кај мажи делува подобро во редуцирање на ризикот од срцев удар.
Препораките од Американската Асоцијација за срцеви заболувања ги поттикнуваат жените да бидат поагресивни во намалување на ризик факторите од срцев и мозочен удар. Препораките укажуваат дека жените треба да се консултираат со својот лекар за земањето на аспирин, земајки ги во предвид индивидуалните ризик фактори за срцев и мозочен удар. Колку е повисок ризикот толку се подобри ефектите од земањето на аспиринот, но и поголем е ризикот од крварења.
За да добиете соодветен третман согласно вашите индивидуални потреби, советуваме навреме да се косултирате со некој од нашите кардиолози.
Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484