00389 2 3091 484
април 04,2016
Специјалната болница „ Филип Втори “ ја проширува листата на услуги . Во еден ден на пациентите ќе им овозможи авио транспорт , дијагностика и операција. Пациентите ќе ги превезува авио операторот „Ер – Панонија“ од Хрватска кој во својата флота има 11 авиони, специјализирани за медицински транспорт на пациенти.
Оваа соработка ќе биде уште еден исчекор во медицинскиот туризам и извоз на македонска медицина во светот. Соработката беше најавена со потпишување на договор помеѓу д-р Жан Митрев и г-ѓица Зринка Влашиќ, менаџер на авио компанијата.
На оваа средба се најави и соработката со Специјализираната болница „Св. Катарина“ од Хрватска. Значењето на една болница како што е „Филип Втори“ за државата но и пошироко го потенцираше проф. д-р спец Драган Приморац , кој е редовен професор на ПЕН Универзитетот во САД. Тој истакна дека државата не може да изгради ваква болница и токму затоа треба да биде горда што ја има , бидејќи постоењето на „Филип Втори“ е голем чекор за приватниот здравствен систем во целиот регион.
Почесен гостин на овој настан беше и нејзината Екселенција г-ѓа Данијела Баришиќ амбасадор на Р. Хрватска во Р.Македонија.