00389 2 3091 484
април 04,2016
Среќен, задоволен, бескрајно благодарен, таков сум во моментов со овој мој нов живот. Сите најубави зборови на светот ги упатувам до д-р Жан Митрев , човекот кој ми го спаси животот“ .
Со оваа порака првиот опериран пациент во новата болница ја напушти болничката соба бр 2 . Непосредно пред неговото заминување ни го раскажа и следното:
„ Милиони километри поминав низ Европа со мојот камион. Не сум имал некои посериозни здравствени проблеми. Никакви симптоми или непозната состојба на организмот која би укажувала дека нешто се случува со мене, се до 3-ти април денот кога од болка ми беше отежнато дишењето, незапирливо стегање во градите. Веднаш ме однесоа во болница. Ми направија снимање од кое констатираа дека имам инфарктна состојба која тие не можат да ја решат со поставување на стентови, туку спас ми се само бајпасни премостувања .
Ми дадоа можност да одбирам помеѓу три здравствени установи , една од нив беше и „Филип Втори“. Не размислував ни секунда. Затоа што првата асоцијација за срце секогаш ми беше д-р Жан Митрев и оваа болница. Денеска ми е 13 -ти ден од кога сум овде си ги чекам сопругата и децата и си одам дома. Имав и тешки денови,посебно оние првите од моето хоспитализирање , кога докторите и останатиот медицински персонал правеа надчовечки напори да ме стабилизираат . Слабото срце мораше да се засили за да може да ме внесат во операциона сала. Бев свесен за се , не се плашев, силно верував во овие луѓе.
Во понеделникот на 11 април ме оперираше д-р Митрев операцијата помина одлично. Знам дека бев првиот опериран пациент во оваа преубава болница. Првата ноќ бев сам немаше други пациенти, само јас и дежурниот персонал. Сите тие се вистински професионалци, со максимална посветеност кон мене и дење и ноќе. Како поминуваа деновите така ми се враќаше силата. Редовни вежби секој ден, наутро и навечер со инструкции и помош од физиотерапевтите , ми се чини тие беа една силна причина за напредокот во моето закрепнување.
Храната ми кажаа дека овде се подготвува , секоја чест за готвачите , превкусна, иако е наменета за болни , само количински многу не се дојадува, им благодарам на сите за се “, со насмевка раскажува пациентот. Радоста е обострана, за хуманите луѓе од болницата „Филип Втори“ затоа што спасиле уште еден живот , затоа што ја вратиле среќата во уште едно семејство, на пациентот затоа што повторно заминува на најубавото место во светот, во неговиот дом.