00389 2 3091 484
октомври 10,2016
Во периодот од 20.10.2016 до 23.10.2016 под мотото “Физиотерапија – Професија на иднината” се одржа 14тиот Конгрес на Здружението на Физиотерапевти на Република Хрватска (Hrvatski Zbor Fizioterapeuta) со меѓународно учество во Водице – Хрватска. На конгресот присуствуваа околу 230 гости од 10 земји со 70 излагања кои опфаќаа усни презентации, постер презентации, работилници и округла маса.
Физиотерапевтите Блаже Арсов и Никодин Велјаноски од тимот на Специјалната болница “Филип Втори”, земаа активно учество со усна презентација на следните теми :
„Physiotherapy protocol to maintain mobility at patients with intra aortic balloon pump (IABP) before and after intraoperative cardiac surgery – our expirience”, (Дипл.ФТ.Блаже Арсов)
„Fast-track протокол за физиотерапија по имплантација на тотална ендопротеза на колк кај пациенти со коморбидитети – наше искуство”. (Спец ФТ.Никодин Велјаноски)
Од големиот број на усни излагања на конгресот организацискиот одбор на хрватскиот збор на физиотерапевти, ја издвои и прогласи презентацијата на Никодин Велјаноски за „Најдобра усна презентација”, колегата Блаже Арсов втора година по ред учествува во работното претседателство на конгресите на ХЗФ во сесијата на клиничка физиотерапија.