00389 2 3091 484
октомври 10,2017
Беспрекорна организираност на кризниот штаб, вработените и сите вклучени страни покажаа денес при вежбата за евакуација од пожар во болницата ЖАН МИТРЕВ. Целиот процес на активирање на алармот по избувнувањето на пожарот во кујна, од јавување до кризниот штаб и до сите вклучени институции (единицата за противпожарна заштита, полиција, брза помош и Црвен крст на РМ) се одвиваше во најкраток рок. Евакуација, прифаќање на повредени од персонал и евакуирање на пациенти по проширувањето на пожарот во одделенијата од подолните спратови беше синхронизирано и навремено организирано од стана на сите вклучени страни.
Додека екипите на противпожарната единица на Град Скопје го гасеа пожарот, се вршеше евакуација на сите повредени и прифаќање од стручните медицински екипи во тријажниот центар сместен во шаторите поставени во дворот на болницата. Потоа следуваше транспорт на најкритичните во најблиската клиника и пренос на сите повредени во шаторите. Потоа следуваше пребројување на пациенти и вработени. Откако се утврди дека никој не недостасува се изврши рапортирање на одговорните за вежбата пред претставниците на кризниот штаб. Симулациската вежба беше завршена за релативно кратко време, за неполни 25 минути, се одвиваше според утврдено сценарио и спроведена со висока оцена на координираност и навременост.