Во месецот за подигање на свеста за меланомот прочитајте повеќе за ризик факторите

Uncategorized

мај 30, 2025

Меланомот е најсериозниот, најмалигниот карцином на кожата и слузниците. Меланомот потекнува од меланоцитите, клетки кои го создаваат меланинот, пигмент кој ја дава бојата на кожата, косата и очите. Во кожата, меланоцитите се сместени меѓу базалните клетки, на базалната мембрана и ја произведуваат ,,заштита,, односно меланинот.

Кои се фактори на ризик за појава на меланомот?

🔆 прекумерно изложување на сончево зрачење,
👱👱‍♀️ лица со светла кожа,
👵👴 возрасни над 50 години,
👩‍🦰👨‍🦰 лица со повеќе бемки,
Меланом во фамилијата, личен податок за меланом, изгореници од сонце, интензивно сончање во краток временски период, користење на солариум, зрачна терапија, гигантски вроден (конгенитален) невус итн.

Како да го препознаеме меланомот?

Месец мај е месец за подигање на свесноста кај секој човек за важноста на самопрегледите и за детекција на било какви промени на веќе постоечки бемки или новонастанати пигментни промени во смисла на промена на боја, големина, форма, симетријата, промена на границите, промена на текстурата, промена во околината на бемките како и било какви субјективни сензации како јадеж, болка , крварење итн. Доколку со самопрегледот детектирате промени веднаш упатете се кај нашите специјалисти дерматовенеролози, односно пластични и реконструктивни хирурзи на 02/3091-484. Има решение доколку се открие навреме.