00389 2 3091 484
мај 05,2017
На 25 мај, 2017 на отворањето на Филмскиот фестивал на Јуигоисточна Европа- SEE FILM FESTIVAL, д-р Жан Митрев ја прими престижната награда “SEE Personality 2017” или “Личност на ЈИЕ“ во доменот на европските интеграции на регионот.
Наградата која ја доби д-р Митрев претставува валоризација на неговата визија за обединета Европа. Ова беше потврдено и од организаторите на фестивалот кои му ја врачија наградата и искажаа благодарност за неговиот голем придонес за европеизација на Југоисточниот регион преку исклучителната професионалност и кариера.
На отворањето, пред елитната германска и европска публика, во присуство на сите амбасадори на земјите од регионот, беа доделени и наградите за животно дело:„Легенда на ЈИЕ“ на светски познатиот синеаст од Белград Душан Макавејев, Гран при „Актер на ЈИЕ“ на Јон Карамитру од Букурешт, „Европа Прима“ на Аделеид Фајке – главниот уредник за Балканот на Дојче Веле.
Фестивалот се организира на две локации, Берлин и Париз, во чии рамки ќе се прикажуваат 15 филмови од исто толку земји од регионот, во Берлин 25-28 мај 2017, а од 31 мај-03 јуни, 2017 во Париз. Во официјалната конкуренција претставник на Р. Македонија е филмот „Златната петорка“ на режисерот Горан Тренчовски, за кого владее голем интерес кај берлинската публика.