00389 2 3091 484
март 03,2012
За прв пат во Македонија и регионот затворање на Коронарна А-В фистула
Како посебен ентитет за ПЗУ Филип Втори и за прв пат во Македонија е случајот со 6 годишна пациентка А.Е. со вродена срцева аномалија, коронарна А-В фистула со коронарен венски синус, која беше затворена со Amplatzer AGA vascular Plug (интервентна процедура) на ден 30/07/2011 година.
Get the Flash Player to see this player.
Во ПЗУ Филип Втори се направи соодветна дијагностика, кардиолошки преглед и селективна коронарографија, каде се дијагностицираше постоење на коронарна А-В фистула со коронарен венски синус (мешање на артериска и венска крв). Тоа е всушност голем крвен сад чиј почеток беше споен за левата главна артерија на срцето која носи 90% од крвта на срцевиот мускул и продолжуваше по должината на срцевиот мускул и се влеваше во венскиот дел на срцето. Оваа аневризма (проширување) доведуваше до оптоварување на срцето со големо количество на крв и имаше ризик од фатална руптура (пукање).
Посебен имплант-пружина, Amplatzer AGA vascular Plug, се постави во отворот на коронарната А-В фистула, со што се затвори дотекот на крв и мешањето на крв во самата фистула и паралелно се зголеми протокот на крв богата со кислород во левата коронарна артерија, која е од животна важност за пациентката. Девојчето беше хоспитализирано и мониторирано во тек на 48 часа и потоа отпуштена во одлична здравствена состојба на домашна нега, со соодветен распоред за наредните кардиолошки контроли.
Get the Flash Player to see this player.
По 6 месеци од интервенцијата се направи контролна селективна коронарографија каде се верифицираше одличниот резултат на интервенцијата, а во 6 месечното кардиолошко следење не се забележа ниту едно влошување или проблем во здравствената состојба кај нашата мала пациентка.
Get the Flash Player to see this player.