Во светски размери 1 од 10 луѓе годишно се разболува од контаминирана храна? При тоа децата до 5 години се најзагрозена категорија.
Што е контаминирана храна?
Тоа е храната која е заразена со опасни материи и бактерии и од кои луѓето може да се разболат. Такви се микроорганизмите, пестицидите, остатоците од лекови за животни, стаклото и камчињата. Земјоделците, производителите на храна и дистрибутерите треба да помогнат во обезбедување чиста, неконтаминирана храна.
Што можеме ние дома да преземеме?
мијте ги рацете со сапун пред и за време на подготовката на храната
чувајте ја храната во затворени садови во фрижидер, бидејќи микробите може многу лесно да се размножат.
не го мијте сировото месо и живина со вода. Микробите, доколку ги има, не се измиваат, напротив може да се рашират на работните површини, садовите и на друга храна.
не јадете храна која паднала на подот, бидејќи и при најмалиот допир, микробите може да се пренесат врз храната.
Штом храната е безбедна и вие сте. Безбедноста на храната е во ваши раце!
Клучни информации
Безбедноста на храната, нејзината исправност за користење во исхраната се неразделно поврзани.
Околу 600 милиони луѓе, односно секој десетти човек во светот, се разболува од внесување контаминирана храна, а дури 420 000 луѓе умираат.
110 милијарди долари е годишната загуба од аспект на работни часови и медицински трошоци во земјите со низок и среден приход.
Децата под 5 години претставуваат 40% од вкупно засегнатите од овој проблем, што резултира со 125 000 смртни исходи.
Поврзани Новости
11.11.2024
Редовните контроли – клучни за навремено откривање и решавање на заболувањата на простатата
Кога зборуваме за машкото здравје и современиот начин на живеење, најчесто споменуваниот орган кој страда е простатата. Простатата е дел…
Гинекомастијата претставува состојба на абнормално зголемување на дојките кај машките индивидуи. Се јавува како резултат на дисбалансот меѓу машките и…