Зошто се користи остеодензитометријата (DEXA, DXA)?

Дневна доза здравје

февруари 02,2022

Скринингот за коскена густина, исто така наречен остеодензитометрија е напредна рендген технологија која се користи за мерење на густината на коскената маса и нејзино губење. DXA е актуелно воспоставен стандард за мерење на минералната густина на коските (BMD).

Овој преглед (скрининг) им помага на лекарите да дијагностицираат и лекуваат медицински состојби кои се поврзани со коскената густина. Пациентите при овој преглед се изложени на мала доза јонизирачко зрачење, со помош на кое се произведуваат слики од внатрешноста на телото. Рендгенските снимки се најстариот и најчесто користен начин за медицинско снимање.

DXA обично се прави на колковите и долниот дел на ‘рбетот. Кај некои возрасни и кај децата обично се испитува целото тело.

Кои се придобивките, а кои ризиците?

Придобивки:
– Остеодензитометрија (DXA) е едноставна, брза и неинвазивна процедура.
– Не е потребна анестезија и специјална претходна подготовка.
– Количината на зрачење што се користи е екстремно мала. Чисто за споредба ова зрачење е помало од една десетина од стандардната доза од направен рендген на градниот кош и помала од дневно изложување на природно зрачење.
– Скринингот на коскената густина DXA е моментално најдобриот стандардизиран метод достапен за дијагностицирање на остеопорозата и исто така се смета за точен проценувач на ризикот од фрактури.
– DXA се користи за да се донесе одлука за потребениот третман. Исто така може да се користи за следење на ефектите од третманот.
– По скринингот, нема никакво зрачење во вашето тело.

Ризици:
– Секогаш постои мала шанса да заболите од рак од изложување на зрачење. Сепак, со оглед на малата количина што се користи во медицинските слики, користа од точната дијагноза далеку го надминува поврзаниот ризик.
– Бремените жени задолжително треба да го известат лекарот или радиотехнологот за својата состојба.
– Понекогаш дозата на зрачење за овој процес може да варира.
– Не се очекуваат никакви компликации од процедурата DXA.

Резултатите од вашето испитување содржат две главни оценки:

Т-оценка: таа ја покажува вашата коскена густина во споредба со млада возрасна личност од ист пол со максимална коскена маса. Резултат поголем од -1 се смета за нормален. Резултатот помеѓу -1,1 и -2,4 е класифициран како остеопенија (ниска коскена маса). Оценката помала од -2,5 се дефинира како остеопороза. Т-оценката се користи за да се пресмета ризикот од развој на фрактура и, исто така, да се утврди дали е потребен третман.

Z-оценка: таа ја прикажува вашата коскена густина во споредба со другите лица во вашата возрасна група со иста висина, тежина и пол. Ако овој резултат е исклучително низок или висок, тоа може да укаже на потреба од дополнителни медицински испитувања.
Вообичаено може да се забележат мали промени помеѓу испитувањата поради разликите во позиционираност, но обично не се значајни.

Остеодензитометријата (DXA) како испитување е достапна во нашата клиника и на располагање се нашите радиолози и ортопеди кои се специјално обучени за снимање и толкување на овие резултати, и со својата професионалност и долгогодишно искуство ќе ви овозможуват соодветен и персонализиран третман.