Еден ден на интензивна нега
Секојдневието помеѓу животот и смрта ја прави интензивната нега место за почит од страна на секој човек. Успешноста на оваа единица многу зависи од високо професионалната инсталирана апаратура т.н. р high tech технологија. Таа се однесува на поставените респиратори и монитори, хемодинамски централен мониторинг систем, примената на континуирана вено-венска ултрафилтрација,разни асист дивајси за срцева слабост како што е интраортната балон пумпа, можност за современа и софистицирана 3Д ултразвучна дијагностика.
Но, сето тоа е само апаратура која без врвно едуциран персонал кој континуирано ги следи последните новини во медицината сама за себе нема значење. Тимската работа , испреплетена со знаењата и искуствата стекнати низ многу врвни медицински едукациски настани ширум светот, го даваат резултатот и квалитетот на работата на интензивната нега во болницата „ Филип Втори“. Пациентите имаат 24-часовен мониторинг и соработка од повеке тимови кои заедно прават една компактнацелина: Тимот лекари, Среден медицински персонал, Физиотерапевти, Психолози,Болничари
Интервентните процедури како што се перкутано поставување на дренови во торакална и абдоменална шуплина за целна евакуација на изливи, цистостома се рутинска работа на овој едуциран персонал.Долголежечките пациенти кои се зависни од механичката вентилација, трахеостома ја добиваат на време, што е многу битно за нивното закрепнување. Концептот на исхрана за навремено и рано вклучување на ентерална исхрана е база на оваа установа. Пациентите кои не се во состојба да голтаат или пак внесуваат мала количина на храна добиваат перкутана гастростома.
Единицата има и одлична ендоскопска дијагностика- почнувајки од бронхоскопија и гастроскопија.На одделот за интензивна нега сместени се пациенти кои имаат сериозни здравствени проблеми, медицината и знаењето на персоналот помагаат во борбата за нивните животи , многу слаби и кревки луѓе на различна возраст да застаната на нозе, да живеат.
Бројките и статистиката се релевантниот показател за успешноста во работењето, но секој еден пациент кој престојувал на одделот за интензивна нега , не е само бројка. Секој од нив остава планина од спомени за персоналот, бидејќи во оваа единица се работи со многу љубов и луѓето овде не се машини туку луѓе со силни емоции.Стапката на смртност на целокупно лекувани пациенти во оваа единица изнесува 1,2% . Од вкупниот број на пациенти 75% се со слабо срце и висок ризик за смртност.
Статистиките говрат многу бидејќи на одделот за интензивна нега не се лекуваат само пациенти кои во болницата биле оперирани од срце, каротиди, периферни крвни садови, абдоменална, ортопедска хирургија, урологија , туку овде доаѓаат и екстремно тешки пациенти. Критични пациенти со терминален стадиум на срцева слабост, белодробна емболија, сепса, многумина од нив и во коматозна состјба. Горди сме што останале живи и се вратиле во своите домови кај своите најблиски, годри на својот труд и посветеност за да се направи се што е во рамките на човечките понекогаш и надчовечките напори.
Тука е приказната за 14 годишно момче во септична кома ,во која западна после повреда на дванаесетпалачно црево добиена во тек на скијање, приказна која заврши со среќен крај.
Момчето сега живее нормално, без последици од сите операции кои му се направија, но неколку месеци од неговиот живот ги помина на одделот за интензивна нега.
Приказната за тетка Слободанка која е лекувана од болка во левиот бубрег, и кај нас е донесена во шокова состојба со прсната аорта на ниво на дијафрагмата.
По четири месечно лекување ја испративме со роденденска торта. Приказната за малиот Иван кој имаше операцијата на тешка вродената срцева мана и неговиот 3-ти роденден го дочека на интензивна нега за среќа на неговите детски очи му организиравме роденденска прослава и големо изненадување.
И да не должиме тука се уште многу, понекогаш ни се чини недоброј приказни,сите со различни имиња но се една желба за оздрават. Продолжувањето на нивните животи нас персоналот од интензивната нега не прави горди на она што сме, сите тие се поттик да продолжиме да работиме како тим никогаш да не ги штедиме својата љубов и емоции за оние на кои им се најпотребни.