8 ноември – Светски ден на радиологија


Здруженијата за радиологија секаде низ светот го одбележуваат овој датум и ги повикуваат сите да им се приклучат во негово одбележување.

Медицинското снимање е една од највозбудливите и најпрогресивните дисциплини во здравството. Но, додека рендгенските снимки, скеновите со МР, ултразвукот и другите технологии за медицински слики се познати на многу луѓе, нивната вредност и влијание врз грижата за пациентите не се широко разбрани. Затоа од 2012 година почна да се одбелажува овој ден со цел за да се изгради повисока свест за радиологијата и виталната улога што ја играат радиолозите во грижата за пациентите.

Благодарение на радиологијата, денес може да се дијагностицираат фрактури, да се постават и прилагодат протези, да се следи еволуцијата и развојот на фетусот и да се утврди состојбата на мозокот. И сето тоа, без да мора да се направи операција или други болни интервенции.

Малку од историјата на радиологијата

Датумот за одбележување на овој ден е всушност денот кога Вилхелм Конрад Рентген, ги открил рентген зраците. Тој на 8 ноември 1895 година спроведувајќи експеримент со катодни зраци и вакуумски стаклени ампули, забележал дека кога струјата минува низ ампулата, се произведува флуоресцентен ефект, нешто што се случувало и на фотографските плочи. Овој научник своето откритие го нарекол х-зраци и им открил на научниците и медицинските работници дека со помош на овие зраци може да се види внатрешноста на телото. Само 3 месеци од неговото откритие, рентген снимките се воведуваат во сите болници во големите градови.

Овој светски ден, исто така, се обидува да ги актуелизира и ризиците при работење во оваа професија, како и да поттикне потрага по нови технологии и нови методи за добивање снимки.

Сигурно некогаш во животот сте направиле една или повеќе рентген снимки кои ви помогнаа да ја надминете повредата или проблемот. На овој ден едноставно треба да размислиме за тоа колку треба да им бидеме благодарни на луѓето што го откриле и го развиле, како и на радиолозите кои секојдневно изложуваат дел од своето здравје за да добијат слика за внатрешноста на нашето тело која ни овозможува прецизна дијагноза проследена со соодветен третман.

Честит светски ден на радиологија!

Тестикуларна протеза (имплант)

Иако при споменување на зборот протеза првата асоцијација е поврзана со изгубен екстремитет или корекција на заби, сепак важно е да се знае дека постојат огромен број на различни видови протези. Една од нив е и тестикуларниот имплант.

Детали за тестикуларен имплант

Тестикуларна протеза е вештачки имплант кој се става во празен скротум. Имплантот може да се користи кај мажи кои се родени без тестис или оние кои изгубиле тестис поради повреда или болест. Целта на имплантот е да го подобри изгледот и да ги смири психолошките стравови. Оваа протеза не функционира како вистински тестис.

Најчесто барањата за протеза на тестисите доаѓаат од мажи кои се родени со тестис и подоцна го изгубиле.
Протезите на тестисите се во употреба од 1940-тите. Во минатото, тие биле направени од различни материјали. Сега, тие главно се направени од силиконска гума и се полни или со силиконски гел или со физиолошки раствор (солена вода). Тестикуларната протеза ќе има тежина, форма и чувство слично на нормалниот тестис. Достапна е и во различни големини за да може добро да се совпадне со постоечкиот тестис.

Кои состојби или настани може да резултираат со губење тестис?

Постојат неколку причини поради кои некому можеби му недостасува тестис.

  • Тестисот е малформиран или исчезнат при раѓање.
  • Отстранет хируршки поради повреда, како што е тешка торзија (извртување).
  • Неуспешно спуштен во скротумот.
  • Тестисот бил отстранет поради инфекција.
  • Тестисот бил отстранет како дел од третман на рак на тестисите.
  • Тестикуларната протеза може да биде и дел од операцијата за промена на полот од жена во маж.

Која е процедурата за имплантација на тестикуларна протеза?

Кога ќе одлучите да ја направите оваа процедура, важно е да биде изведена од хирург кој е специјализиран за имплантација на протеза на тестисите.
Клучно е да разговарајте со хирургот за сите ваши прашања и дознајте ги сите детали од процедурата претходно.

Општо земено, постапката за имплантација вклучува:

  • Поставување на пациентот под општа (цело тело) или локална анестезија (лек за блокирање на болката) што ќе спречи чувство на болка во долниот дел од телото за време на процедурата.
  • Правење засек во долниот дел на препоните или горниот скротум.
  • Создавање торбичка за протезата.
  • Шиење или на друг начин фиксирање на имплантот на место во правилна положба.
  • Затворање на засекот со конци.


Оваа процедура обично се изведува како рутинска операција со еден ден болничко лекување. Истата во нашата клиника се изведува од стручен тим предводен од д-р Горан Јовиќ

-20% на кардио пакет – На вашето срце му е потребна грижа

Почнувајќи од 5 ноември заклучно 31.12.2021 година, нашиот најбаран преглед – кардиоваскуларниот пакет е со промотивна цена од -20%. Затоа, не одложувајте повеќе, доверете го вашето срце на нашите кардиолози и бидете сигурни дека е во вистинските раце.

Кардиоваскуларнот пакет опфаќа комплетен преглед на вашето срце и крвни садови и се состои од: ЕХО на срце, ЕКГ, доплер на каротидни артерии, доплер на периферни крвни садови и преглед на аорта.

На располагање се термини кај сите наши кардиолози: д-р Тања Анѓушева, д-р Вилама Ампова-Соколов, доц. д-р Планинка Зафировска, д-р Енвер Идоски, д-р Шпенд Идризи, проф. д-р Милка Клинчева, д-р Иван Милев, д-р Дашурие Незир, д-р Илија Нешковски, д-р Петар Угуров Закажете термин кој ви одговара на 02/3091-481

5 болести кои се појавуваат без предупредување

Постојат болести кои имаат тенденција да не се манифестираат со речиси никакви симптоми и затоа ретко се дијагностицираат навреме. Но и покрај ова, можно е нивно спречување.

Еве како да се погрижите за петте најчести болести кои се развиваат без посебна симптоматологија:

1. Дијабетес тип II

Дијабетесот тип II е хронична болест, при која телото развива отпорност на инсулин и како последица на тоа, го зголемува нивото на шеќер во крвта. Со текот на времето, ова зголемено ниво на шеќер во крвта може да има сериозни здравствени последици кои потоа можат да влијаат на виталните органи како што се бубрезите.

Има многу луѓе кои не знаат дека имаат дијабетес тип II бидејќи отсуството на симптоми може да трае многу години.

За оние со фактори на ризик како што се семејна историја на дијабетес, прекумерна тежина и / или висок крвен притисок, важно е да водат здрав живот и да прават редовни тестови со кои ќе се дојде до рано откривање на оваа болест.

2. Висок крвен притисок

Крвниот притисок е притисокот на крвта врз артериите која срцето ја пумпа, а тие ја спроведуваат до различните органи на телото. Високиот крвен притисок или хипертензијата е вообичаено пореметување во кое нивото на крвниот притисок постојано се зголемува.

За да се обидете да спречите хипертензија, важно е да се придржувате до здрав начин на живот: непушење, контролирана тежина, намалување на консумацијата на алкохол, вежбање и здрава исхрана погодна за срцето, како што е на пример намалување на внесот на сол.

3. Sleep apnea / Ноќна апнеа

Тоа е нарушување кое го прекинува дишењето за време на спиењето. Луѓето кои се изложени на најголем ризик да заболат од ноќна апнеа се најчесто мажи, сите со прекумерна тежина, лица со семејна историја на апнеа или пациентите со тесни дишни патишта.

Кога спиењето е прекинато во текот на ноќта, постои опасност да бидете поспани во текот на денот. Затоа, има повеќе шанси да доживеете сообраќајна несреќа, несреќа при работа или да се појави друг здравствен проблем.

Дијагнозата се заснова на преглед на вашата медицинска и семејна историја, физички преглед и резултатите од полисомнографското испитување кое се спрроведува со помош на апарат полисомнограф кој го носите при спиење.

4. Рак на белите дробови

Ракот на белите дробови, генерално, не дава никакви знаци или симптоми додека болеста не е во напредна фаза. Само понекогаш во раните фази, може да се појават вообичаени симптоми како кашлица, болка во градите и коските или замор и слабост.

Пушењето цигари е присутен како фактор во повеќето случаи, но во голем број случаи се појавува и кај непушачи.

Не постои точна формула за спречување на оваа болест, иако е можно да се намали ризикот од заболување од неа со избегнување на конзумирање тутун, вежбање и спроведување на здрава исхрана. Периодичните здравствени проверки можат рано да ја откријат појавата на ракот на бели дробови.

Од сето ова погоре наведено можеме да заклучиме дека потребно е да се прават редовни контоли и да се води сметка за животниот стил.

5. Глауком

Глаукомот е причина број 1 за слепило во светот. Тоа е дегенеративно заболување кое произлегува од зголемување на интраокуларниот притисок, кој полека и прогресивно ги зафаќа влакната на оптичкиот нерв.

Доколку не се открие навреме, глаукомот предизвикува неповратно губење на видот.

Бидејќи нема симптоми во почетните фази, неопходно е редовно да се вршат очни прегледи кои ќе придонесат за негово рано откривање, доколку се појави.

Најдобар начин да се спречи ова нарушување е да се практикуваат здрави животни навики кои вклучуваат редовно вежбање и урамнотежена исхрана.

Ноември е месецот посветен на подигање на свеста за машкото здравје

Ве потсетуваме дека редовните контроли живот спасуваат, затоа не одложувајте, закажете термин за контролен преглед.

Иако се чувствувате добро и немате проблеми, сепак потребно е барем еднаш годишно да го посетите вашиот лекар за редовна контрола. Консултациите со него ќе ви помогнат да избегнете проблеми во иднина. На пример, единствениот начин да откриете дали имате висок крвен притисок е редовно да го проверувате. Високиот шеќер во крвта и високиот холестерол исто така може да немаат никакви симптоми во раните фази. Затоа е потребно да биде направена крвна слика преку која може да се откријат овие состојби.
Подолу ќе најдете листа на редовните испитувања кои е препорачливо да ги направат мажите на возраст од 18-40 години.

Испитување на крвен притисок

  • Проверувајте го вашиот крвен притисок најмалку еднаш годишно. Ако вредността на горниот – систолен притисок е 120 до 140 или на долниот – дијастолен притисок вредноста е 80 до 90 mm Hg, треба да го проверувате/мерите почесто.
  • Доколку горниот е 130 или поголем или долниот број е 80 или поголем, треба задолжително да закажете консултација со вашиот лекар за да дознаете како можете да го намалите крвниот притисок.
  • Ако имате дијабетес, срцеви заболувања, проблеми со бубрезите или некои други состојби, можеби ќе треба почесто да го проверувате крвниот притисок, но сепак барем еднаш годишно.

Испитување за холестерол и превенција на срцеви болести

  • Препорачаната возраст на која треба да почнете да правите тестови за проверка на присуство на холестерол во крвта е 35 години. Ова се однесува за мажи без познати фактори на ризик за коронарна срцева болест и 20 години за мажи со познати фактори на ризик за коронарна срцева болест.
  • Повторете ги тестовите порано отколку што е потребно доколку се појават промени во животниот стил (вклучувајќи зголемување на телесната тежина и исхрана).
  • Ако имате дијабетес, срцеви заболувања, проблеми со бубрезите или некои други состојби, потребно e да се проверувате почесто.

Испитување за дијабетес

  • Ако вашиот крвен притисок е 130/80 mm Hg или поголем, вашиот лекар може да побара да се утврди и нивото на шеќер во крвта за дијабетес.
  • Ако имате прекумерна тежина, треба да бидете редовно прегледувани почнувајќи од 35 годишна возраст.
  • Ако имате други фактори на ризик за дијабетес, како роднини од прв степен кои имаат дијабетес или историја на срцеви заболувања, најверојатно лекарот ќе препорача да направите испитувања за откривање на присуство на дијабетес.

Испитување за инфективни болести

  • Сите возрасни од 18 до 80 години треба да направат еднаш во животот тест за хепатитис Ц.
  • Вашиот лекар ќе ви каже како да спречите ширење на инфекции преку сексуален контакт. Истите се нарекуваат сексуално преносливи инфекции (СПИ).
  • Во зависност од вашиот животен стил и медицинска историја, можеби ќе треба да се тестирате за инфекции како што се сифилис, кламидија, ХИВ, како и други инфекции.

Физички преглед

Вашата висина, тежина и индексот на телесна тежина (БМИ) треба да се проценат при секој физички преглед /испитување.
При самиот физички преглед, вашиот лекар може да ве праша за: депресија, диета и вежбање, консумација на алкохол и тутун и слично.

Испитување на тестиси

Промените на тестисите може да се забележат со самопреглед при што може да се утврди настаната промена. Не секоја промена на тестисите е рак, бидејќи реално тој е многу редок. Најчесто може да се цисти или други поблеми кои треба да ги дијагностицира лекар. Затоа покрај самопрегледот задолжително е да посетите лекар еднаш годишно.
Ако сте загрижени за ризикот од развој на рак на тестисите исто така треба да разговарате за проблемот со вашиот лекар. Заедно можете да одлучите дали редовните самопрегледи на тестисите се соодветни за вас или е потебно нешто повеќе.

Самопреглед на кожата

Кожата како најголем орган на човечкото тело, овозможува сите промени лесно да се детектираат. Вашиот лекар може да ја провери вашата кожа за знаци на рак, особено ако сте изложени на висок ризик.
Луѓето со висок ризик се оние кои претходно имале рак на кожата, имаат блиски роднини со рак на кожата или имаат ослабен имунолошки систем.

Други испитувања

Разговарајте со вашиот лекар за скрининг за рак на дебелото црево ако имате семејна историја на рак на дебелото црево или полипи, или ако сте имале воспалителна болест или полипи на цревата.