Дневна доза здравје
Назад до Дневна доза здравје29.06.2023
Здравјето преку устата влегува

Безбедна храна, безбеден живот
Дали знаевте дека?
Во светски размери 1 од 10 луѓе годишно се разболува од контаминирана храна? При тоа децата до 5 години се најзагрозена категорија.
Што е контаминирана храна?
Тоа е храната која е заразена со опасни материи и бактерии и од кои луѓето може да се разболат. Такви се микроорганизмите, пестицидите, остатоците од лекови за животни, стаклото и камчињата. Земјоделците, производителите на храна и дистрибутерите треба да помогнат во обезбедување чиста, неконтаминирана храна.
Што можеме ние дома да преземеме?
- мијте ги рацете со сапун пред и за време на подготовката на храната
- чувајте ја храната во затворени садови во фрижидер, бидејќи микробите може многу лесно да се размножат.
- не го мијте сировото месо и живина со вода. Микробите, доколку ги има, не се измиваат, напротив може да се рашират на работните површини, садовите и на друга храна.
- не јадете храна која паднала на подот, бидејќи и при најмалиот допир, микробите може да се пренесат врз храната.

Штом храната е безбедна и вие сте. Безбедноста на храната е во ваши раце!
Клучни информации
- Безбедноста на храната, нејзината исправност за користење во исхраната се неразделно поврзани.
- Околу 600 милиони луѓе, односно секој десетти човек во светот, се разболува од внесување контаминирана храна, а дури 420 000 луѓе умираат.
- 110 милијарди долари е годишната загуба од аспект на работни часови и медицински трошоци во земјите со низок и среден приход.
- Децата под 5 години претставуваат 40% од вкупно засегнатите од овој проблем, што резултира со 125 000 смртни исходи.