Радиологија
Преку клик на линкот може веднаш да закажете преглед on-line или преку нашиот контакт број на 02 3091 484
- Ултразвук на дојки
- Дигитална мамографија
- 2Д и 3Д мамографски преглед (томосинтеза)
- Тенкоиглена аспирациона биопсија под ултразвучна контрола
- Core биопсија под ултразвучна контрола
- Магнет на дојка
- Оперативен третман на дојка
Ултразвук на дојка
Со оваа метода која користи ултразвучни бранови се анализира структурата на дојката, се детектираат цисти ,воспалителни промени на дојката и е почетна метода за дијагностицирање на карцином на дојката. Методата е безбедна и за трудници затоа што не користи рентген зраци.
Мамографија
Мамографијата е неинвазивна радиолошка метода за преглед на дојката која се користи за откривање на тумори и други промени кој се премали за да се испалпираат.
2Д мамографија – дигитална мамографија е радиолошка метода која за разлика од класичната мамографија е со помала доза на зрачење на пациентката околу 30-40% , а со дигитализација на сликата се овозможува подобра визуелизација на микрокалцификатити и архитектонската дисторзија на дојката, а сето тоа е предност за откривање на карциномот на дојката во најран стадиум.
3Д мамографијата – томосинтезата – го намалува бројот на лажно позитивни наоди. Томосинтезата е посебно корисна кај жени со густо ткиво на дојката. Овозможува рана детекција на карциномот со јасен приказ на лезијата и го редуцира бројот на непотребни биопсии.
Томосинтезата може да се снима како дополнителен имиџинг со конвекционалната мамографија или како самостоја метода. Со томосинтеза се зголемува можноста за детекција на карциномот за 30-40%.
Магнетна резонанца на дојка
Магнетна резонанца е неинвазивен дијагностички модалитет кој главно се користи кај жени кај кој се сомнева или веќе е откриен карцином на дојка со претходните дијагностички процедури и помога во проценката на големината на туморот, како и да се утврди мултифокалност на туморот и да се провери постоење на тумор во другата дојка.
Биопсија на дојка под контрола на ултразвук
Биопсијата на дојка под ултразвук помага да се лоцира тумефактот и да се земе примерок од ткивото за патохистолошка анализа. Таа е помалку инвазивна од хирушката биопсија, остава помала или незабележителна лузна и не се користи јонизирачко зрачење.
- Тенкоиглена аспирациона, каде се користи многу тенка игла за екстракција на флуид или клетки од абнормалната зона
- Кор биоспија со која се зема примерок од ткивото во дојката со инсерција
Остеодензитометрија (DXA)
Остеодензитометрија е софистицирана апаратура со која се мери коскена густина – колку се силни коските – и е единствениот начин да се знае со сигурност дали имате остеопороза. Исклучително се користи кај жените во постменопаузен период еднаш годишно со цел следенје на здравјето на нивните коски. Со остеодензитометрија покрај одредувањето на здравјето на коските и ризикот од фрактура поради остеопороза, се следи и ефектот од третманот. Скенирањето DXA се фокусира на две главни области – колкот и ‘рбетот. Процедурата е безбедна, неинвазивна и користи ниско ниво на рентген зраци. Целата процедура трае 10-15 минути.
- Нативна рентгенграфија на скелет
- Нативна рентгенграфија на белите дробови
- Нативна рентгенграфија на абдомен
- Нативна рентгенграфија на уринарниот тракт
- Интравенска урографија за визуелизација на екскреторниот систем на уринарниот тракт
- Ултрасонографски преглед (дојка, тироидна жлезда, меки ткива и абдомен)
- Интервентни процедури
- КТ водени биопсии
- КТ – ПРТ перирадикуларна терапија
- KT – дренажи
- Дијагностички процедури:
- КТ коронографија
- КТ графтографија
- КТ на срце (заболувања и вродени аномалии)
- КТ на аорта
- КТ ангиографија на каротида и церебрални артерии
- КТ на периферни артерии
- КТ венографија( големи вени)
- КТ на черепот и мозокот
- КТ на торакс
- КТ на абдомен и карлицата
- КТ на скелетот кај пациенти со политраума и/или тумори
- КТ колонографија (виртуелна колоноскопија)
- КТ бронхоскопија (виртуелна бронхоскопија)
- МР на мозок, со дифузија и спектроскопија
- МР на хипофиза
- МР на орбити
- МР на целиот рбет (цервикален, торакален и лумбален)
- МР на зглобовите (спортски повреди)
- МР на горниот адбдомен
- MРЦП – холангио –панкреатографија (жолчно кесе, жолчни патишта и панкреатичен канал)
- МР ентерографија (тенко црево)
- МР урографија
- МР на карлица со колкови
- MР на матката и овариуми
- МР на ректум
- МР на простата
- МР фистулографија
- МР ангиографија (MRA) на церебралните и периферните артерии
- МР на дојки
- МР на срце
Магнетна резонанца (МР) на срце е неинвазивна дијагностичка метода која користи магнетно поле и радиофрекфентни бранови за да создаде детална слика на срцето, крвните садови и околните органи. Оваа дијагностичка процедура во Македонија се изведува единствено во Клиничката болница Жан Митрев и се користи за да се провери дали има оштетување на ткивото од миокарден инфаркт (вијабилитет на миокард), прецизна проценка на срцева слабост, потенцијални причини за срцевата слабост, евалуација и дијагностика на кардиомиопатии, дијагностика на миокардитис, валвуларни маани, проценка на перикардот, проценка на конгенитални срцеви аномалии.
- Флебографии
- Фистулографии (холангиографии, ХСГ)
- Ретроградна пиелографија (РПГ)
- Селективни дијагностички периферни и висцерални ангиографии
- Стентирања периферни артерии
- Емболизации
- ТЕVAR (thoracic endovascular aortic repair)
- ТАCE (transarterial chemoembolisation)