Радиологија - Zan Mitrev Clinic

Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Радиологија

 

 

Одделот за радиодијагностика во Клиничката болница Жан Митрев, функционира според највисоки светски стандарди со високо стручен едуциран кадар од доктори радиолози и радиолошки технолози со долгогодишно искусво и со бројни современи дијагностички и интервентни процедури.
Одделот за радиодијагностика во нашата клиника ви нуди најсовремена апаратура за дијагностика на заболувања на дојка и прегледи кои ги изведува квалификуван и високопрофесионален тим.

Радиодијагностички услуги:

  • Рентген дијагностика
  • Ултрасонографски преглед (дојка, тироидна жлезда, меки ткива и абдомен)
  • Компјутеризиран томографија (КТ)
  • Магнетна резонанца
  • Дијагностика на заболувања на дојка
  • Остеодензитометрија


По што сме препознатливи во регионот

3Д мамографијата – томосинтезата  –  го намалува бројот на лажно позитивни наоди. Овозможува рана детекција на карциномот со јасен приказ на лезијата и го редуцира бројот на непотребни биопсии. Со томосинтеза се зголемува можноста за детекција на карциномот за 30-40%.
Нашиот мамомат е најсовремен апарат со супериорни клинички перформанси, ергономичен дизајн кој овозможува комфорт на пациентката за време на снимањето, ниски дози на зрачење како и брзина на скенирање од 3,7 секунди.

Магнетна резонанца (МР) на срце е неинвазивна дијагностичка метода која користи магнетно поле и радиофрекфентни бранови за да создаде детална слика на срцето, крвните садови и околните органи. Оваа дијагностичка процедура  во Македонија се изведува единствено во Клиничката болница Жан Митрев и се користи за да се провери дали има оштетување на ткивото од миокарден инфаркт (вијабилитет на миокард), прецизна проценка на срцева слабост, потенцијални причини за срцевата слабост, евалуација и дијагностика на кардиомиопатии, дијагностика на миокардитис, валвуларни маани, проценка на перикардот, проценка на конгенитални срцеви аномалии.

 

Одделот за рентген дијагоностика располага со најсовремени имиџинг модалитети од компанијата Phillips

  • Рентген апарати (класичен, мобилен, C-arm)
  • Ултразвук
  • 256 слоен компјутерски томограф
  • Магнетната резонанца  – Ingenia 1.5T
  • Ангиограф