НА КОНГРЕСОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И АКУШЕРКИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

НА КОНГРЕСОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И АКУШЕРКИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ОДРЖАН НА 1. И 2.10.2010 УЧЕСТВУВАА

12 медицински техничари од болницата „Филип Втори“ кои се претставија со следниве предавања:• Интерна едукација на медицински сестри техничари за современа кардиохируршка интензивна нега – Тања Пампел• Амбулантско згрижување и мониторинг кај акутен миокарден инфаркт- Ивана Захариева• Прием на пациент со акутна аортна дисекција – Сузана Димишковска• Предоперативна подготовка на пациентите за кардиохируршка операција- Благица Алексова• Асистенција при затворање на конгенитални дефекти со амплацер SEPTAL OCCLUDER- наши искуства – Љиљана Јакимовиќ• 7 години имплементација на сестринска документација- наши искуства- Весна Наумоска• Формирање на професионален идентитет на сестринство во ПЗУ „Филип Втори“- Камка Мицева• Следење на интрахоспиталните инфекции преку искуствата на ПЗУ „Филип Втори“ -Жанета Богоевска- Митева• Културна компетенција во здравството: дали правиме доволно?- Тања Пампел• 5 години искуство со германски национален експертен стандард за профилакса од декубит – Дали постои неминовен притисочен улкус? – Тања Пампел• Употребата на апаратот за автотрансфузија кај хируршките пациенти – Александра Темелковска• Поставување и примена на стандарди за сестринска пракса како основа за обезбедување на квалитет – Соња Коневска• Едукација за исхрана на кардиоваскуларни пациенти – улога на медицинската сестра техничар – Роберт ЕфтимовскиНа Конгресот на Здружението на медицински сестри и акушерки во Македонија, претставниците од нашата болница презентираа теми кои многу позитивно беа прифатени од страна на присутните.

НА 16.10.2010 ГОДИНА, ПЗУ „ФИЛИП ВТОРИ“ АКТИВНО УЧЕСТВУВАШЕ ВО АКЦИЈАТА „ЕМ УМЕАМ ЕМ МОЖАМ“

НА 16.10.2010 ГОДИНА, ПЗУ „ФИЛИП ВТОРИ“ АКТИВНО УЧЕСТВУВАШЕ ВО АКЦИЈАТА „ЕМ УМЕАМ ЕМ МОЖАМ“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОПШТИНА КАРПОШ

Како дел од Општина Карпош и успешните фирми кои се наоѓаат во оваа општина, на 16.10.2010 година, во период од 12 до 20 часот, болницата „Филип Втори“ активно учествуваше во акцијата „Ем умеам ем можам“, со бесплатни превентивни ехокардиографски и медицински прегледи. Акцијата се одржа во ТЦ Лептокарија.

НОВИ СЕДУМ ИНТЕРВЕНЦИИ НА ДЕЦА СО ВСМ

НОВИ СЕДУМ ИНТЕРВЕНЦИИ НА ДЕЦА СО ВСМ

На 09 и 10 октомври 2010 година во Дијагностичкиот центар на ПЗУ „Филип Втори“, се извршија седум нови интервенции на деца со ВСМ, на возраст од 2 до 4 години. Интервенциите (атријален септален дефект и пулмонална стеноза) се изведуваат во катетеризациона сала, без оперативен зафат, при што сите деца беа успешно истретирани. Следниот ден децата беа пуштени дома, комплетно излекувани.На ваков начин, со интервентниот третман на пациенти – деца и возрасни со вродени срцеви маани (ВСМ) продолжува традицијата на третирање на ВСМ во ПЗУ „Филип Втори“ којашто започна во 2003 година. Досега е извршена интервенција на 200 пациенти.

18-22.10.2010 ГОДИНА, БЕСПЛАТНИ ЕХО ПРЕГЛЕДИ НА ДОЈКА – СВЕТСКИ МЕСЕЦ ЗА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ НА ДОЈКА

18-22.10.2010 ГОДИНА, БЕСПЛАТНИ ЕХО ПРЕГЛЕДИ НА ДОЈКА – СВЕТСКИ МЕСЕЦ ЗА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ НА ДОЈКАТА

Кон Светскиот месец за борба против ракот на дојката се приклучи и ПЗУ „Филип Втори“ со вршење на бесплатни ехо прегледи на дојка. Прегледите се вршеа во периодот од 18 до 22.10.2010 година во просториите на Дијагностичкиот центар на ПЗУ „Филип Втори“.

ЗДРАВСТВЕН ТУРИЗАМ ВО ПЗУ „ФИЛИП ВТОРИ“

ЗДРАВСТВЕН ТУРИЗАМ ВО ПЗУ „ФИЛИП ВТОРИ“

Практиката, пациенти од други држави да доаѓаат во болницата „Филип Втори“ продолжува со дијагностицирање, интервенции и успешен оперативен третман на пациенти, странски државјани.

Пациентот ( А.С.) од Хрватска претходно бил опериран во Загреб, каде што му било направено илијако-феморално премостување левострано, без соодветен резултат. По седум месеци пациентот дојде во „Филип Втори“ за реоперација. Стануваше збор за пациент во терминален стадиум на генерализирана атеросклероза, со изразени атеросклеротски промени на аортата, обете илијачни артерии и посебно на крвните садови на потколениците. Доктор Жан Митрев направи илијако-феморално премостување лево и трмбендтеректомија (чистење на атероматозните плаки) на левата илијачна артерија. По четири дена пациентот се чувствуваше одлично и си замина за Хрватска. Кај нас му е дијагностицирана и коронарна болест и коксартроза лево.

Пациент на 52-годишна возраст ( М.А) од САД. Пациентот е донесен итно во болницата „Филип Втори“ со суспекција за акутно коронарно засегање. По направените лабораториски анализи и коронарографија, поставени му се стентови на LAD. По стабилизирањето на неговата состојба, пациентот е пуштен во одлична и стабилна здравствена состојба.

Пациентот (Џ.В) на 54-годишна возраст, од Англија, по првично утврдена дијагноза пред три години, повторно се јави во нашиот Дијагностички центар со градни болки, при што ургентно е направена коронарографија и е извршен аортокоронарен бајпас на пулсирачко срце.Пациентот е отпуштен во стабилна и одлична здравствена состојба на постоперативено домашно закрепнување.