ФОРМИРАНО Е ЗДРУЖЕНИЕ ЗА КАРДИОВАСКУЛАРНА ХИРУРГИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Академик д-р Жан Митрев е претседател на првоформираното ЗДРУЖЕНИЕ ЗА КАРДИОВАСКУЛАРНА ХИРУРГИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- Скопје .,,Целите и задачите на Здружението, вели д-р Митрев воглавно се заштитата и унапредувањето на здравјето на населението и превенција на ризикот од кардиоваскуларните заболувања и унапредување на медицинксата пракса воопшто. Активни членови можат да бидат сите лекари кои работат на Кардиохирургија, Кардиологија, Тораковаскуларна хирургија, специјалисти и субспецијалисти. Додека Почесни членови ќе бидат оние кои се од базично значење за функцијата на ова здружение”.

Здружението за кардиоваскуларна хирургија на Р.Македонија, организира меѓународен собир кој ќе се оддржи на 25 Јуни , 2011 во Хотелот Александар Палас, а предавачи ќе бидат еминентни кардиохирурзи од цела Европа.


Утре во Хотелот Александар Палас ќе се состане Европската кардиохирушка елита


Македонските кардиохирурзи формираа Здружение чиј прв состанок ќе се одржи на 25.06.2011 сабота. Идејата на Здружението е македонските доктори да се доближат светските стандарди со збогатување на своето знаење во оваа област, а и значително подбра соработката меѓу кардиоваскуларните хирурзи во Македонија.

„После 11 години кардиохирургија во Македонија се создадоа услови за организирање на Здружение. Секој од нас треба да работи во интерес на професијата без разлика каде ја врши својата дејност, дали во приватна или јавна установа. Ова Здружение треба да е чекор напред во поглед на поставувањето на стандарди и комуникацијата меѓу нас докторите. Се е во интерес на напредок, на надградба со нови знаења, што би значело и примена во Македонија на пософистицирани методи за лечење на кардиоваскуларните заболувања. И на крај сето ова се прави за да можеме максимално да одговориме на потребите на пациентот, кој секогаш е и треба да биде на прво место„, изјави претседателот на Здружението д-р Жан Митрев.

На средбата што ќе се одржи во хотелот Александар Палас, покрај македонските доктори присутни ќе бидат врвни имиња од полето на кардиохирургијата во Европа кои ќе имаат свои излагања и предавања. На состанокот свое предавање ќе има и генералниот секретар на Европската асоцијација на кардиохирурзи, познати професори од Грција и Германија. Од регионот присуство потврдија и директорот на одделот за кардиовасуларна хирургија од Клиничко болничкиот центар од Хрватска и Црна Гора.