7. Балкански конгрес на микробиолози

7. Балкански конгрес на микробиолози

Од 25. до 29. октомври во Белград, Р. Србија, се одржа 7. Балкански конгрес на микробиолози, Microbiologija balkanica 2011, на кој зеде учество и тимот на микробиолошката лабораторија од Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“.И овојпат се потврди стравувањето од бактериските мутации кои се јавуваат поради нерационалната употреба на антибиотици. Грција е на прво место во поглед на бактериската резистенција кон антимикробни средства, а по неа следи Турција. Во тој поглед, Словенија покажува најразвиена свест за доследно спроведување на антимикробна политика и не заостанува многу зад северноевропските земји. За жал, за Македонија немаше достапни податоци.Појавата на некои болести кои ги пренесуваат инсекти, како и новопројавените паразити на Балканот, претставуваат предупредување за микробиолошките служби да бидат во тек со сите актуелни случувања.Во најскоро време, сите микробиолошки лаборатории треба да се приклучат кон европските стандарди за тестирање на антимикробна осетливост, а нашата лабораторија овие стандарди ги применува веќе една година.

ХУМАНОСТ НА ДЕЛО

ХУМАНОСТ НА ДЕЛО

На 08.10.2011, 29.10.2011 и 05.11.2011 во просториите на Одделението за трансфузиологија, крводарителите од ОКТА и ЈСП даруваа крв за пациентите во ПЗУ ”Филип Втори”. Овој хуман гест достоен за почит за крводарителите од ОКТА кои веќе петти пат организирано даруваат во нашата болница, преминува во традиција. Таква соработка во иднина очекуваме и со крводарителите од ЈСП.