Тимот на Филип Втори со практични совети на Стоматолошкиот форум
Здружението на приватни стоматолози на Република Македонија го одржа својот Петти стоматолошки форум. Академик д-р Жан Митрев, на покана на приватното здружение на стоматолози на република Македонија одржа предавање на тема „Кардиоваскуларните заболувања во денталната практика – Практични совети“. Собирот го отвори проф. Д-р Марија Накова претседател на Стомартолошката комора Поврзаноста меѓу денталните компликации и кардиоваскуларните заболувања, се со висока преваленца и сериозност, затоа стоматологот треба да биде свесен за нив и да биде во можност да реагира брзо и ефикасно кај случаите со акутен кардиоваскуларен настан.
Докторите од Филип Втори во своето предавање дадоа приказ на прашањата за најчестите и најсериозните кардиоваскуларни случаи кои може да се манифестираат во текот на дентален третман поаѓајќи од фактите дека коронарното срцево заболување е основен причинител за смрт. Неговата најсериозна манифестација, акутен миокарден инфаркт, предизвикува 7.2 милиони смртни случаи во целиот свет годишно. Контролата на кардиоваскуларните ризик фактори вклучувајќи ги артериската хипертензија, обезноста и дијабетес мелитус е најдобар начин за превенција од вакво заболување. Кај пациенти со историја на кардиоваскуларно заболување, треба да се посвети внимание на контролата на болката, редукција на стрес и да се избегнува употребата васоконстриктор во денталната анестезија. Исто така, претпазливоста се препорачува во правец на антитромбинска , антикоагулантна и антихипертензивна терапија која типично е употребувана кај такви пациенти.Меѓу еминентните и реномирани имиња предавачи беа уште проф Д-р Бранко Василевски од Клиниката за максилофацијална хирургија при Стоматолошкиот факултет Скопје. Од клиниката за болести на уста и парадонт асс. Д-р Соња Миндова и спец. Д-р Милан Камчев од ПЗУ Блек.