Прв интернационален собир KOI во областа на рено-реналната заместителна терапија

Прв интернационален собир KOI во областа на рено-реналната заместителна терапија

Во периодот од 04.05-05.05.2012 година во Истанбул се одржа Првиот интернационален собир KOI (Key Opinion Leeders) во областа на рено-реналната заместителна терапија.На собирот беа присутни сите пионири и лекари кои најмногу допринеле во развојот и примената на ренореналната заместителна терапија кај пациенти со бубрежни проблеми и артефицијален црн дроб на интензивните неги во Европа,Мала Азија и Африка. Беа присутни над 100-тина учесници.Предавачи беа лидерите во областа на ЦРРТ во светот како проф Ронко од Италија, проф Вилијам Кларк од САД, проф. Кај Херински од Минхен, проф Јозеф од Шпанија.Како организаторот на овој собир беше светската компанија Гамбро.

Од Македонија како единствен учесник беше др Анѓушева Тања. Посебна чест беше покажана што др Анѓушева беше поканета како chairmen на главната сесија на овој митинг. Во тек на сесијата кратко беше даден историјатот на Филип Втори со сите достигнувања. Воедно беше истакнато искуството што оваа установа го има во примената на заместителната рено-ренална терапија кај пациенти во послеоперативното лекување кои се на хроничен програм на хемодијализа, пациенти кои влегле во новонастаната бубрежна инсуфициенција послеоператитивно и третирани со апаратот за заместителна рено-ренална терапија – Призма флекс.

Семинар на физиотерапевти на Р. Македонија

Семинар на физиотерапевти на Р. Македонија

Во периодот од 11 до13 мај 2012 година во Охрид се одржа пролетниот семинар на физиотерапевти на Р. Македонија. Темата на семинарот беше начин на менаџирање на невролошки заболувања од аспект на физикална терапија.На семинарот беа презентирани неколку интересни презентации за третман на мозочниот удар, како и презентации од страна на Проф.др. Б. Вујовиќ и Проф. Др. В.Геразова Пејовска од катедрата за психијатрија при Медицинскиот Факултет во Скопје.

Активно учество на овој семинар од Специјалната болница “Филип Втори” земаа физиотерапевтите Блаже Арсов и Олгица Димитров, кои одржаа усна презентација на тема “Интезивен физикален третман при акутна нервно мускулна слабост стекната во единицата за интензивно лекување кај хируршки пациенти на продолжена механичка вентилација “.

Презентацијата побуди голем интерес кај колегите од другите институции, имајќи во предвид дека физиотерапевтите од ПЗУ- “Филип Втори” се единствените физиотерапевти во Р. Македонија кои работат на оддел за интензивна нега и спроведуваат респираторна физикална терапија.

Трета перфузерска и дистрибутерска работилница под покровителство на "Sorin"

Трета перфузерска и дистрибутерска работилница под покровителство на “Sorin”

Во периодот од 09.02.2012 до 11.02.2012 година под покровителство на “Sorin’’ групацијата во Хернстеин, Австрија се одржа трета перфузерска и дистрибутерска работилница. На работилницата учествуваа претставници од европски и балкански држави кои со свои презентации на најдобар начин го преставуваа своето знаење и искуство.BEST PRACTICES IN PERFUSION MANAGEMENT 2012

Како претставник од „Филип Втори“ учествуваше перфузионист Игор Кајевски кој имаше две усни презентации на тема:„Први клинички резултати од најновата генерација на оксигинатори Сорин Инспире во Специјалната болница „Филип Втори“ во Скопје Македонија“

„Практична употреба на дата менаџмент софтвер во Специјалната болница „Филип Втори“ во Скопје Македонија”Practical use of Sorin DMS in Filip II

Како награда за успешност и одлична соработка специјалната болница „Филип Втори” од страна на Сорин групацијата лоцирана во Минхен, Германија ќе добие можност да стане референтен центар за тестирање на новата генерација на дмс софтвер кој треба да излезе во втората половина од 2012 година.

Планините се на планинарите – Филип Втори со Иван и Јани на Килиманџаро

Планините се на планинарите – Филип Втори со Иван и Јани на Килиманџаро

По завршената акција и искачувањето на Мон Блан на 06.07.2011, Иван Милев и Јани Беака, вработени во Филип Втори, ја освоија највисоката точка на Африка.Носени од надчовечката воља за достигнување на целта во екстремни услови, тие на 04.05.2012 ја достигнаа својата и се искачија на кровот на Африка. Uhuru Peak со надморска висиочина од 5895 метри е највисокиот врв на Килиманџаро. Патот на двајцата храбри момци до врвот симболично е наш секојдневен пат до здравјето на секој човек, затоа Филип Втори го помогна овој предизвик.

Желбата за нови достигнувања, за човековата борба, за стремежот кон височините е постојана инспирација.“Веќе ни се пред очи следните денови и месеци кои доаѓаат. Аконкагва, 2013 во Јануари/Февруари. Дали ке се реализира? Времето ке покаже…” истакнува Иван и им се враќа на секојдневните обврски за грижа на највредното, човековото здравје.

9-ти Конгрес на Хрватското здружение

9-ти Конгрес на Хрватското здружение за екстракорпорална циркулација со меѓународно учество

Од 25 до 28 април 2012 година во рамките на 61-от Конгрес на Европското здружение за кардиоваскуларна и ендоваскуларна хирургија се одржа и 9-от Конгрес на хрватското здружение за екстракорпорална циркулација со меѓународно учество. Конгресот беше организиран во соработка со кардиохирурзи, васкуларни и ендоваскуларни хирурзи, кардиолози, перфузионисти и медицински сестри.Целта на 61-от конгрес на Европското здружение за кардиоваскуларна и ендоваскуларна хирургија е заедничкиот пристап и размената на клиничките, научните и организациони искуства во хируршкиот третман на кардиоваскуларните болести. Додека пак, главната тема на 9-от Конгрес на хрватското здружение за екстракорпорална циркулација беше Екстракорпоралната мембранска оксигенација (ECMO), која е актуелна во последниве години. За време на конгресот се одржаа бројни предавања за искуствата и примената на новите технологиии и за најновите откритија во полето на подобрување на оптималниот кардиопулмонален бајпас.Преставник од Специјалната болница Филип Втори на овој конгрес беше Влатко Печемски, кардиоперфузионист.

Scimitаr синдром

Scimitаr синдром

Scimitаr синдром е ретка вродена срцева маана. Се карактеризира со постоење на аномален десен пулмонален сегмент кој директно е крвоснабден од артериите на аортата и има аномално влевање на десни пулмонални вени во вена кава инфериор, придружени со декстроротација на срцето. Инциденцата 1-3/100 000 родени. Се презентира со срцебиење, слабост, вртоглавица, тешко дишење и болки во градите. Пациентите страдаат од чести респираторни инфекции. За оперативен третман се сите со сигнификантен лево десен шант и умерена пулмонална хипертензија. Некои пациенти со овој синдром можно е никогаш да не се дијагностицираат.Пациентка на 46-годишна возраст, клинички со замор, гушење и чести респираторни инфекции. Фамилна анамнеза негативна за вродени срцеви заболувања. Ехокардиографски дилатирани десни срцеви кавитети и знаци за лесна пулмонална хипертензија, пропратена со пролапс на преден и заден митрален куспис и митрална регургитација од 2 степен. На 64 МСКТ на крвни садови на бели дробови трункус пулмоналис се прикажа со пречник 3см, десна пулмонална артерија 2см и лева 2,6см со проширени лобарни и сегментни гранки. Десните пулмонални вени не се влеваат во лева преткомора, туку во вена кава инфериор супрадијафрагмално. Белите дробови се прикажаа без знаци за патолошки паренхимски фокални лезии. МСКТ коронарографијата беше со уреден наод.

Предоперативен 64 МСКТ на Scimitar синдром

Кај пациентката беше извршена радикална корекција со реконструкција на влевањето на десните пулмонални вени во лева преткомора со ксеноперикарден пач (8x5cm). Реконструкција на митралната валвула со скратување на хорди и реконструкција по Alfieri, семициркуларна митрална постериорна сутурна анулопластика. Реконструкција на трикуспидна валвула со семициркуларна сутурна анулопластика. Десна атриопластика со резексија. Постоперативно без компликации, отпуштена на 4-тиот постоперативен ден. Контролниот 64 МСКТ, прикажа хируршка реконструкција на аномално влевање на десни пулмонални вени во вена кава инфериор со поставена patch пластика и уредна деривација во лева преткомора, без екстравазација на контраст.Хируршкиот третман по едногодишното следење на пациентката се покажа како дефинитивно решение.

Постоперативен 64 МСКТ на корегиран Scimitar синдром

Операција на аневризма на абдоминална аорта и тумор на лев бубрег во еден акт

Операција на аневризма на абдоминална аорта и тумор на лев бубрег во еден акт

Во Специјалната болница Филип Втори, оперирана е пациентка Н.З. на возраст од 73 години,поради тумор на левиот бубрег и аневризма на абдоминалната аорта.

Пациентката се јави на преглед во Уролошката амбуланта со сомненине за постоење на туморска промена на левиот бубрег. Направени беа потребните клинички испитувања :Ехо на абдомен со наод за туморска формација на лев бубрег64МСКТ преглед на абдомен и мала карлица по протокол со наод за туморска веројатно малигна формација на долен пол на лев бубрег со димензии 95мм х 92мм кој се шири према долниот и внатрешен дел на стомакот. Не се прикажува јасно долна група чашки на лев бубрег, суспектно за инфилтрираност од Ту лезијата.Истовремено се детектира и аневризма на инфраренална абдоминална аорта со пречник од 56 мм. 64МСКТ коронарографија каде не се најдени сигнификантни промени на коронарните артерииСе постави индикација за операција- тотално одстранување на левиот бубрег (радикална нефректомија) и истовремено решавање на аневризмата на абдоминалната аортата.Во општа анестезија со ретроперитонеален пристап(вонстомачен)од страна на уролошкиот тим беше направена нефректомија-одстранување на левиот бубрег, во целост со неговата капсула, како и околните лимфни жлезди, а потоа кардиохируршката екипа ја оперираше абдоминалната анеуризма- се постави графт-.Хоспитализацијата беше во времетраење од 4 дена- четвртиот постоперативен ден пациентката е пуштена на домашно лекување, во добра општа состојба.По десет дена од отпустот се направи контролен преглед- пациентката е во добра општа здравствена состојба.

Предоперативна 64 МСКТ приказ на тумор на лев бубрег и аневризма на абдоминална аорта