Операција на аневризма на абдоминална аорта и тумор на лев бубрег во еден акт

Операција на аневризма на абдоминална аорта и тумор на лев бубрег во еден акт

Во Специјалната болница Филип Втори, оперирана е пациентка Н.З. на возраст од 73 години,поради тумор на левиот бубрег и аневризма на абдоминалната аорта.

Пациентката се јави на преглед во Уролошката амбуланта со сомненине за постоење на туморска промена на левиот бубрег. Направени беа потребните клинички испитувања :Ехо на абдомен со наод за туморска формација на лев бубрег64МСКТ преглед на абдомен и мала карлица по протокол со наод за туморска веројатно малигна формација на долен пол на лев бубрег со димензии 95мм х 92мм кој се шири према долниот и внатрешен дел на стомакот. Не се прикажува јасно долна група чашки на лев бубрег, суспектно за инфилтрираност од Ту лезијата.Истовремено се детектира и аневризма на инфраренална абдоминална аорта со пречник од 56 мм. 64МСКТ коронарографија каде не се најдени сигнификантни промени на коронарните артерииСе постави индикација за операција- тотално одстранување на левиот бубрег (радикална нефректомија) и истовремено решавање на аневризмата на абдоминалната аортата.Во општа анестезија со ретроперитонеален пристап(вонстомачен)од страна на уролошкиот тим беше направена нефректомија-одстранување на левиот бубрег, во целост со неговата капсула, како и околните лимфни жлезди, а потоа кардиохируршката екипа ја оперираше абдоминалната анеуризма- се постави графт-.Хоспитализацијата беше во времетраење од 4 дена- четвртиот постоперативен ден пациентката е пуштена на домашно лекување, во добра општа состојба.По десет дена од отпустот се направи контролен преглед- пациентката е во добра општа здравствена состојба.

Предоперативна 64 МСКТ приказ на тумор на лев бубрег и аневризма на абдоминална аорта

Инфраренална абдоминална аорта

Инфраренална абдоминална аорта

Пациентот Ј.К. на 66-годишна возраст итно е хоспитализиран поради силни болки во пределот на стомакот кои почнале неколку часа пред прием. Направен e ехо преглед со наод на голема инфраренална абдоминална аорта. Веднаш потоа направена е МСКТ аортографија со наод за аневризматски проширена аорта со дијаметар 80мм (нормално е 20-30мм), во инфраренален дели со руптурирање и ретроперитонеално крвавење понагласено од десната страна.

Предоперативен 64 МСКТ наод на руптурирана аневризма на абдоминална аорта

Поради нестабилност пациентот веднаш е внесен во операциона сала и направена е замена на проширената аорта со васкуларна протеза во вид на Y и анастомозирана со илијакални артерии. Поради постоперативни компликации кај пациентот се направени и уште 4 додатни абдоминални операции: – Клиничка слика на акутен абдомен втор постоперативен ден, со наод на некротични промени на поедини поголеми делови на тенкото и дебелото црево каде е направено отстранување на овие делови и поставување на анус претернатуралис- Вклештена левострана кила со наод на перфориран јејунум и ресекција на истото- Повторна хернија левострано со абсцедирање на лев тестис со направена орхиектомија- Појава на перитонит со наод на перфорирано тенко црево каде е направено поставување на Пецеров катетер.Во текот на овој период пациентот во неколку наврати е завлезен во критична здравствена состојба со настанување на хепаторенален синдром и тешка сепса.И покрај вкупно 5-те операции и отстранување на значителен дел од тенкото и дебелото црево, како и критичната здравствена состојба во неколку наврати, пациентот сепак е поставен на сопствени нозе и започната е обезбедена самостојна подвижност и исхранување. За неговото заздравување вложени се големи напори од страна на лекарите, медицинските сестри, болничари, хигиеничари кои се грижеа околу негата на пациентот, како и од физиотерапевти кои се грижеа за воспоставување и одржување на неговата физичката спремност и секако од страна на психолози кои континуирано ја одржуваа и подобруваа неговата психичка кондиција, истрајност и желба за воспоставување на нормален живот.После 95 дена претстој во болница пациентот се испушта движејќи се на сопствени нозе и со можност за сопствена исхрана и нега со минимална помош од останатите околу него.

Лиценцирани перфузионисти за првпат во Македонија

Лиценцирани перфузионисти за првпат во Македонија

Перфузистите на ПЗУ Специјалната болница по хируршки болести Филип Втори за првпат во Македонија, се дел од ” Хрватско Здружение за Екстракорпорална технологија”

На ден 02.03.2012 перфузионистите Игор Кајевски, Александра Темелковска и Влатко Пачемски станаа активни членство на “Хрватското Здружение за Екстракорпорална Технологија”, кое е член на “ Европскиот Борд на кардиоваскуларна перфузија”.