Никола Наумовски допатува од Австралија со аневризма на аортата од 8 цм за да биде опериран од Д-р Митрев
(Скопје, 12.07.2012) – Во Филип Втори беше изведена тешка и комплицирана операција на 63 –годишен пациент, кај кој беше дијагностицирана огромна аневризма на почетниот дел на аортата и самата аортна валвула. Со градни болки и тешко дишење во животно загрозувачка состојба, поради големо проширување на аортната валвула и аневризма на аортата од 8 цм, пациентот допатува од Австралија за консултација со д-р Митрев. По советувањето со Д-р Митрев и разгледување на состојбата, пациентот со полна доверба во реномираниот хирург и неговиот стручен тим одлучи да се оперира во овој центар. Веќе следниот ден му беше направена операцијата која траеше повеќе од 6 часа. Неговата валвула беше зачувана, со тоа што се реинплантира во протеза со која се замени почетниот и проширениот дел на аортата. На протезата се направи реимплантирање и на двата коронарни крвни сада кои го хранат срцето. По една ваква операција пациентот нема потреба од антикоагулантна терапија, која е задолжителна при валвуларната хирургија кога се вметнува механичка протеза на местото од заболената валвула. Пациентот по оперативниот зафат беше стабилен и контактибилен, а веќе од вчера во одлична здравствена состојба е префрлен на одделот за кардиологија.Пациентот Никола Наумовки со овие тегоби во Австрлија живеел околу три години, и не можел да најде доктор што ќе ја постави точната дијагноза и ќе понуди решение за неговиот сериозен здравствен проблем.“Сега се чувствувам одлично. Не се надевав дека толку брзо ќе се опоравам. Скоро не ми се верува дека пред само два дена ми беше направена операцијата и сега сум добар. Шетав од клиника на клиника во Мелбурн, се додека син ми не ми кажа дека треба да дојдам во Македонија затоа што тука е д-р Жан Митрев кој што е најдобар и во Европа. Затоа сега се чувствувам добро“, изјави Никоја Наумовски.Вакви операции се изведуваат само во неколку цетри низ Европа, а Филип Втори е еден од нив. Досега во Македонија се изведени над 100-тина такви операции.
Get the Flash Player to see this player.