Соработката со Самарскиот медицински факултет од Русија продолжува и годинава

Соработката со Самарскиот медицински факултет од Русија продолжува и годинава

Специјалната болница „Филип Втори“ повторно беше домаќин на студенти од Русија. Веќе неколку години по ред, Специјалната Болница „Филип Втори“ и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип ја организираат научно-наставната пракса за студенти од Русија, од Самарскиот медицински факултет. Во периодот од 10.08.2012 до 24.08.2012 година, шест студенти престојуваа во болницата.Во рамките на предвидената научно-наставна пракса, студентите се запознаа со работата на болницата, начинот на организација, комплетната дијагностика на пациентите, како и со оперативните техники при извршување на кардиоваскуларни и други типови операции.“За мене ова е втор пат како сум на летна пракса во Филип Втори. Бев и минатата година со друга група на студенти. До сега болницата ги има исполнето сите мои очекувања. Секојдневно се запознавам со нови работи кои се од неизмерно значење за нас како млади лекари студенти. Се работи на високо професионално ниво, по светски препораки и стандарди за работа. Лекарите несебично ни го пренесуваат нивното знаење“, изјави студент од Самарскиот медицински факултет.

Млад лекар од Мелбурн, Австралија, во посета и летна пракса во “Филип Втори“

Млад лекар од Мелбурн, Австралија, во посета и летна пракса во “Филип Втори“

За прв пат ова лето во “Филип Втори“, млад лекар од универзитетот DEKIN во Мелбурн, Австралија посетуваше летна пракса. Австралиецот со македонско потекло, Горан Митрески, лекар кој своите медицински студии ги заврши годинава, во периодот од 16-ти јули до 24-ти август ја спроведуваше својата едномесечна задолжителна пракса. Желбата да се биде во родната земја, а сепак достојно да се одговори на работната обврска, овој млад човек го донесе толку во “Филип Втори“.Накратко, Горан ни го пренесе својот впечаток, од она што го виде во болницата.1. Како дозна за Филип Втори?

Од роднини и пријатели, но и од истажување по Интернет.

2. Сигурно дојде со некои очекувања. Дали Филип Втори ги задоволи твоите очекувања?

Да, потполно и на секое ниво. Најголем впечаток ми остави отвореноста на персоналот. Едноставно, воодушевен сум од односот и од тоа како ме прифатија. Желбата да те запознаат, остава простор за учење.

3. Дали научи нешто ново?

Се потсетив и го повторив она што сум го заборавил по анатомија и се разбира, видов нови техники во хирургијата, особено во делот на кардиохирургија кои ќе ми бидат од помош дома. Сега се враќам и имам ротација на оддел за кардиохирургија.

4. Како работи Филип Втори, дали на ист принципи како и болниците од овој тип во Австралија?

Се работи по протоколи и гајдлајнси кои се слични, па речиси и исти како и таму.

5. Каков е твојот општ впечаток и искуство?

Поминав одлично време, добив искуство на интензивна нега и во оперативна сала околу различни болести, следење и мониторирање на пациенти.

6. Како го гледаш македонското здравство?

Приватните клиники се одлични, со тоа што можеби се потребни некои мали измени во протоколите за работа. Лекарите и техниката со кои располагаат се одлични. Соработката на перосналот е на високо ниво. За државното здравство нема што да се каже!

7. Што е твојот план за во идинина, конкретно во кој дел од медицината се гледаш?

Би сакал да бидам хирург ортопед или абдоминален хирург.

8. И за крај, дали можеби се гледаш себе си како лекар во Македонија еден ден? Дали би работел во земјава?

ДА!

Корекција на варус деформитет на коленото и потколеницата со дворамнинска висока остеотомија на тиби

Корекција на варус деформитет на коленото и потколеницата со дворамнинска висока остеотомија на тибија со отворање и спонгиопластика

25-годишен пациент И.Р. од Скопје бил повреден пред 3 години при злофат од ловџиска пушка во пределот на десната потколеница при што се здобил со отворена огнострелна скршеница на проксималната тибија. Лекуван бил со надворешен фиксатор па со аголна Г – кондиларна плочка и спонгиопластика. Постоперативно пациентот се жали на деформитет на потколеницата, силни болки во десното колено, ограничување на движењата во истото и скратување на ногата за 2.5 цм.

Прегледот и рентгенските слики покажаа дека се работи за лошо санирана скршеница во варус положба на десното колено и потколеница, скратување на ногата за 2.5 цм и коскен дефект на горниот крај од десната тибија. Се постави индикација за оперативна интервенција а со цел корекција на биомеханичката оска на ногата, постигнување на нормална должина на ногата и воспоставување на нормални движења во цел обем во коленото и скочниот зглоб како и превенција од појава на ран остеоартритис на истите.

За прв пат во нашата болница се направи сложен хируршки зафат во еден акт при што се отстрани вградениот остеосинтетски материјал, се направи дворамнинска висока тибијална остеотомија со отворање на коленицата со која се корегира биомеханичката оска и се постигна издолжување на ногата, се направи автогена коскена трансплантација со коскен графт од самиот пациент и се постави најсовремен титаниумски Tomofix Synthes, систем за фиксација и стабилизација на коската. Пациентот престојуваше 2 дена на болничкиот оддел и беше вертикализиран со дозволено оптоварување од 50% и беше пуштен на домашно боледување. По 6 недели му беше дозволено целосно оптоварување без употреба на патерици, пациентот беше со потполно изедначување на должината на ногата, без болки и со целосни и безболни движења во коленото и скоковиот зглоб како и со целосно заздравување на нивото на коскените остеотомии и враснување на коскениот графт. Дворамнинската висока тибијална остеотомија со отворање и коскена трансплантација е високо софистицирана хируршка процедура и рутински се применува во нашата установа пред сè кај помлади луѓе а со цел корекција на искривувања кај колената било поради болест или повреди. Исто така и при рана појава на остеоартритис, со цел воспоставување на нормалната механичка оска и должина на ногата а со тоа и спречување на комплетното пропагање на ‘рскавицата на коленото, обезболување и постигнување на максимален обем на движење во зглобот.

Слика 1: РТГ на десно колено со потколеница пред операција

Слика 2: РТГ на десно колено со потколеница 6 недели по операција со враснат графт и зарасната остеотомија и корегирана оска на ногата

1 година од постоењето на Поликлиника Филип Втори Струмица

По повод 1 година од постоењето на Поликлиника Филип Втори Струмица, од 17-21 Септември ќе се организира акција на прегледи со 50% попуст за пациентите од југоисточниот дел на Македонија и тоа по следниот распоред:

Понеделник : Др.Енвер Идоски (кардиолшки прегледи)Др.Никола Христов ( васкуларни прегледи)

Вторник: Др.Вилма Ампова Соколов ( кардиолшки пргелди)Др.Билјана Божиновска и Др.Јасмина Зафировска ( ехо прегледи на тироидна жлезда и одредување на терапија

Среда: Др.Иван Милев ( кардиолошки прегледи за вродени срцеви маани кај деца и возрасни)Др.Сашо Младеновски ( ортопедски прегледи за новороденчиња, деца и возрасни)

Четврток: Др.Жан Зимбаков ( кардиолошки прегледи)Др.Марјан Кузманоски ( уролошки прегледи)Др.Антон Кладорабски ( спирометрија)

Петок: Др.Борјанка Георгиева ( болести на срцето)Др.Антон Кладорабски ( спирометрија)Др.Елена Амбаркова Виларова ( трансфузиолошки прегледи)

За закажување на термин за преглед потребно е да се јавите на 034/320-302.

ОД ПРЕВЕНЦИЈА ДО ИНТЕРВЕНЦИЈА

ПОЛИКЛИНИКА ФИЛИП ВТОРИ СТРУМИЦА