Повторно на нозе по две и пол години поминати во инвалидска количка
Ре-ре –ре – ревизија на незарасната и инфицирана посттравматска псевдоартроза на горниот дел од левата бутна коска
46 г пациент Ј.Д од Кавадарци бил повреден пред 2 години во сообракајна несрека во пределот на горниот дел од левата бутна коска при што се здобил со повекеделна субтрохантерна скршеница на бутната коска. Оперативно бил лекуван како итен случај во друга медицинска установа со интрамедуларен клин и истиот по два месеци се скршил по што повторно бил заменет со нов клин. Неколку месеци подоцна и вториот клин се скршил по што бил повторно опериран со плочка и шрафови.Повторно доага до попуштање на вградениот материјал по што пациентот по четврти пат е опериран со валгизирачка остеотомија на бутната коска, спонгиопластика со вештачка коска и остеосинтеза со ДХС плочка и шрафови.Седум месеци од последната операција пациентот не гази на ногата,има скратување за 4.5 цм, деформитет на бутната регија,постојани болки и силно редуцирани и болни движења во левиот колк. Во текот на две години пациентот постојано е на боледување и има потреба од нега на трето лице.
Слика1 РТГ на лев колк со надколеница пред операција / незарсната и инфицирана псевдоартроза/
Прегледот и рентгенските слики покажаа дека се работи за псевдоартроза на проксималниот дел од левата бутна коска во варус положба ,скратување на ногата за 4.5 цм ,недостаток на ротаторни движења во колкот и изразена флексорна контрактура на колкот и видлив сабјест деформитет на бутната регија,пациентот самостојно не се движи,користи ортопедско помагало за движење на кратки растојанија исклучиво во домашни услови.Се постави индикација за оперативна интервенција ,вадење на остеосинтетскиот материјал и вградување на ревизиска специјално дизајнирана протеза на левиот колк а со цел корекција на биомеханичката оска на ногата,постигнување на нормална должина на ногата и воспоставување на нормални движења во цел обем во колкот.За време на оперативниот зафат беше забележано разлабавување на остеосинтетскиот материјал и знаци за инфекција на коската по што се направи обилен дебридмент на коската, беше земен брис како и делови од коскеното ткиво за патохистолошка и микробиолошка дијагностика. Се постави проточна дренажа и VAC отворен третман на раната во траење од 12 дена со редовни дебридменти и промени на VAC преврските секој трет ден. Во коскеното ткиво беше изолирана бактерија staphylococcus aureus по што беа целно давани и.в антибиотици по антибиограм. По добиентие негативни брисеви од коската и меките ткива беа поставени антибиотски перли со Ванкомицин и раната беше затворена,пациентот го продолжи лекувањето во домашни услови со антибиотски протокол во траење од 6 недели.Во текот на следните 5 месеци беа редовно следени инфективните биохемиски маркери преку крвта и и рентгенограми на коската.
Слика 2 – РТГ на лев колк по отстранување на остеосинтетскиот материјал,поставување на вакуум проточна дренажа и поставување на антибиотски перли со Ванкомицин
Шестиот месец по интервенцијата во нашата установа откако беше констатирано нормализирање на инфективните маркери и пациентот беше без знаци за инфекција на коскеното ткиво се направи ресекција на проксималниот фемур, остеотомија на телото на левата бутна коска и вградување на специјално дизајнирана протеза на колкот.Со операцијата се корегира биомеханичката оска и се постигна издолжување и егализација на левата нога ,нормализирање на опсегот на движења во сите рамнини на колкот и можност за самостојно одење без ортопедско помагало.Пациентот престојуваше 6 дена на болничкиот оддел , каде веднаш беше вклушен на CMP машина и вертикализиран првиот пост оперативен ден со патерици и со дозволено оптоварување од 50 % , по што се отпушти на домашно боледување и пролонгирана медицинска рехабилитација . 8 недели по оперативниот зафат му беше дозволено целосно отоварување без употреба на патерици, пациентот беше со потполно изедначување на должината на ногата, без болки и со целосни и безболни движења во колкот и истостраното колено. Два месеци по оперативниот зафат за прв пат по нецели три години пациентот повторно прооде самостојно, се врати на рабатота и истото лето возејки го својот автомобил самостојно се упати на годишен одмор на море заедно со своето семејство. Лекувањето на инфицирани и незараснати псевдоартрози со дворамнинска феморална остеотомија ,ресекција на проксимален фемур и вградување на специјално дизајнирана ревизиска протеза за колк е високо софистицирана и сложена хируршка процедура од доменот на реконструктивната ортопедија и истата рутински се применува во нашата установа кај сите оние пациенти кај кои ваквиот тип на интервенции буквално ги врака во живот ,од инвалди и живот неподнослив поради болки и силни ограничувања, пациентите повторно нормално го живеат животот свој , здрави и излекувани ,неинвалидизирани ,без болки и без ограничување на нивната општата животна активност./др Младеновски/
Слика 3 – Постоперативен Ртг на левиот колк по ресекција на проксималниот фемур и вградување на ревизиска ендопротеза на колкот
Слика 4 – Постоперативен Ртг на левиот колк 7 м по ресекција на проксималниот фемур и вградување на ревизиска ендопротеза на колкот со врасната протеза и зарасната остеотомија на фемурот