Извештај од Првиот конгрес на физиотерапевти на федерацијата на Босна и Херцеговина

Извештај од Првиот конгрес на физиотерапевти на федерацијата на Босна и Херцеговина

Во периодот од 03 до 06.10.2013 во Сараево се оддржа Првиот конгрес на физиотерапевти на федерацијата на Босна и Херцеговина. На Конгресот беа присутни 260 учесници од Балканот. Од специјална болница “Филип Втори“ активно учество земаа физиотерапевтите со свои презентации и тоа Б. Арсов со тема “Нервномускулна електростимулација кај пациенти со нервномускулна слабост стекнати во единица за интензивно лекување” и O. Димитров “Позиционирање и мобилизација кај долголежечки пациенти во единица за интензивно лекување – наши искуства“. Двете теми предизвикаа голем интерес кај колегите од други установи.

Филип Втори во поддршка на здравјето на жената

Филип Втори во поддршка на здравјето на жената

Во периодот од 25 до 27 октомври, оваа година, во Метрополис арената се одржа Саем на жена на кој Специјалната болница за хируршки болести ФИЛИП ВТОРИ беше присутна со свој штанд и предавања во текот на сите три дена. Во духот на саемот, лекари и психолог од болницата зборуваа за превенција на кардиоваскуларните заболувања, нивна дијагностика кај жени со операција на дојка, дијагностика и третман на дијабетот и заболувањата на тироидната жлезда како и улогата на стресот во развој на болестите и конструктивни начини за справување со него. Присутните посетители имаа можност да се информираат за сите процедури и услуги кои болницата ги нуди на штандот на кој постојано имаше претставник од медицинскиот тим. ФИЛИП ВТОРИ со својата екипа на професионалци се грижи за здравјето на жената. Здравјето и убавината се поддршка еден на друг.

Уште еден пример за општествена одговорност

Уште еден пример за општествена одговорност

Специјалната болница Филип Втори, која повеќе пати во изминатите години ја докажа својата одговорност кон општеството преку донации на средства на социјално загрозени групи или свои пациенти, ова уште еднаш го потврди со делумна помош за пациентка за заминување на рехабилитација во странство.

Благодарност од пациент

Благодарност од пациент

Специјалната Болница Филип Втори во своето 13 годишно постоење брои илјадници пациенти, успешни операции, продолжен живот, среќа и задоволство.

Тоа е случајот и со пациент, опериран 2013 година , кој после операцијата својата огромна благодарност за успешната операција и подобрената здравствена состојба ја изрази со донирање на средства.

Средствата ќе бидат наменети за изградбата на новата болница, која е во процес.

СВЕТСКИ ДЕН НА МИЕЊЕ РАЦЕ, 2013

„МОЌТА Е ВО ТВОИТЕ РАЦЕ“ СВЕТСКИ ДЕН НА МИЕЊЕ РАЦЕ, 2013

Денот на глобалното миење раце, 15-ти Октомври, е светски ден за миење раце со сапун или уште познат како „ден на чисти раце“. Целта на овој хепенинг е да ја поттикне и поддржи глобалната и локална култура за миење раце со сапун, да посвети внимание на состојбата во секоја земја и да ја зголеми свесноста кај луѓето за придобивката од миење раце со сапун.Тема на Global Handwashing Day 2013 е „Моќта е во твоите раце“ со што се потенцира следново:1. Секој може да го подобри сопственото здравје со редовно миење раце со сапун особено после одење во тоалет и пред контакт со храна.2. Наставниците, родителите, здравствените работници и останатите можат да го подобрат здравјето на децата и возрасните преку промоција на правилно миење раце со сапун во критичните моменти.3. Владата, невладините организации, приватните и државни организации можат да допринесат за подобрување на здравјето преку инвестиции за програми за промоција на миење раце со сапун.Истражувањата покажале дека миењето раце со сапун е најисплатлива, а истовремено најкорисна и наједноставна мерка за спречување на дијареа, респираторни и кожни заболувања. Пневмонија е причина број еден за смртност кај деца до 5 години и изнесува 1,8 милиони деца на годишно ниво. Секоја година 3,5 милиони деца не го дочекуваат својот прв роденден заради дијареа или пневмонија заедно. Студија во Англија покажува дека 25% од луѓето сеуште имаат фекални бактерии на рацете.Според CDC (Center for Disease Control and Prevention):• Миењето раце со вода и сапун може да доведе до намалување на стапката на смртност поврзана со дијареа до 50 %.• Истражувања во Лондон покажуваат дека доколку секој рутински ги мие своите раце, може да бидат превенирани 1 милион смртни случаи годишно.• Висок процент заболувања предизвикани со храна се пренесени преку контаминирани раце. Добрата хигиенска пракса во голема мерка го намалува ризикот од овие болести. • Миењето раце може да го намали ризикот од респираторни инфекции за 16%

На основа на бројни податоци повеќе од јасно е дека подобрување на хигиенската пракса за миење раце со сапун е клучна мерка која води чекор поблиску до постигнување на милениумската цел – намалување на смртноста кај деца во старосна група до 5 години за две третини до 2015 година. Неколку факти за рацете и бактериите:- Од врвовите на прстите до лактите имаме од 2-10 милиони бактерии- Со влажни раце бактериите се пренесуваат 1000 пати побрзо отколку со суви раце- Бројот на бактерии на рацете е двојно поголем после користење на тоалет- Повеќето бактерии остануваат живи на рацете повеќе од 3 часа.Моќта да се намалат заболувањата е во твоите раце!

Нови награди за Филип Втори

НОВИ НАГРАДИ ЗА ФИЛИП ВТОРИ

Одделот за Продукција при ПЗУ “Филип Втори” во Скопје, и оваа година се закити со две фестивалски награди доделени за два документарни филма, две вистински приказни посветени на љубовта, професионализмот и хуманизмот кон децата кои оваа болница ги негува од своето постоење до денес. Оваа година доби две престижни награди на 14 -от по ред Балкански фестивал за филмови и програми за деца и младина “АРТ АМФОРА” одржан во градот Несебар од 14-20 септември во Р. Бугарија.

Документарниот филм “РАХМАНА” во продукција на ПЗУ Филип Втори, во конкуренција од 42 филма од целиот свет доби Специјална Диплома. Истиот документарен филм со иста назнака за хуманизам и високи човечки вредности, а во конкуренција од 300 филмови од целиот свет, предходно доби награда и на Првиот Меѓународен фестивал за кино, тв програми, спектакли и емисии – “СЛАВЈАНСКА ПРИКАЗНА” одржан од 12 – 14 септември 2013 г. во Софија и Велико Трново, Р. Бугарија. Инаку, со овие две награди Продукцискиот оддел при “ПЗУ Филип Втори” се здоби со трета по ред Меѓународна награда за документарни филмови реализирани од тандемот – Оливера Христова како сценарист, Слободан Костовски како директор на фотографија и Даниел Вељановски со монтажа на слика и тон.

23ТИ СВЕТСКИ КОНГРЕС НА СВЕТСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА КАРДИО-ТОРАКАЛНИ ХИРУРЗИ

23ТИ СВЕТСКИ КОНГРЕС НА СВЕТСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА КАРДИО-ТОРАКАЛНИ ХИРУРЗИ

Во период од 12-15 Септември 2013 година, во Сплит, Р. Хрватска, се одржа 23от Светски Конгрес на Здружението за Кардио-Торакални Хирурзи.На овој конгрес од Филип Втори присуствуваа Академик др. Жан Митрев, др. Тања Анѓушева и др. Милка Клинчева. Филип Втори се престави со 7 усни презентации и тоа:

1. „SURGERY FOR MYCOTIC ANEURYSM“2. „RECONSTRUCTIVE SURGERY FOR AORTIC VALVE STENOSIS“3. „EMERGENCIES IN CARDIOVASCULAR SURGERY“4. „SURGERY FOR PATIENTS WITH DIFFUSE ATHEROSCLEROTIS DISEASE“5. „SURGERY FOR THORACOABDOMINAL AORTIC ANEURYSM“6. „INTRAOPERATIVE 3D TRANSOESOPHAGEAL VALVULAR EVALUATION“7. „HYBRID PROCEDURE FOR PATIENT WITH AORTOECTASIA AND AORTIC COARCTATION – CASE REPORT“

Покрај ова академик др Жан Митрев беше модераотр на два главни сесии .Уште еднаш искуството и достигнувањата од секојдневната работа беа презентирани на светската стручна сцена.