Дисекантна аневризма- приказ на случај

Дисекантна аневризма- приказ на случај

Пациент на 37- годишна возраст, префрлен во Специјална болница за хируршки болести “Филип Втори” како итен слчучај од Косово. Субјективно се жали на болки во градите, кои датираат од пред неколку дена, кашлање, кое е поизразено кога е во хоризонтална положба, мачнина и глад за воздух. Направен е МСКТ на торакална празнина и абдомен. КТ наод- Се прати аневризма на аорта асценденс (синус Валсалва со максимален пречник околу 55мм), со Stanford A (De Bakey тип 2) дисекција на аортата, супракоронарно, при што дисекцијата не ги зафаќа tr.brachiоceph. и ACC sin., а према дистално продолжува до аркусот на аортата и завршува на ниво под излезиштето на a. subclavia sin. која што проксимално е зафатена од дисекцијата со видлив флеп. Коронарните крвни садови излегуваат од вистинскиот лумен. Десцендентната торакална и абдоменална аорта се КТ уредни, без знаци за дисекција или други патолошки промени. Белите дробови се со застојни пневмонични консолидации билатерално. Плевралните простори се со плеврален излив билатерално дорзобазално, лево до 16мм, десно нешто поизразен до 25мм. Медијастинално и хиларно билатерално не се забележуваат патолошки наголемени лимфогландули.

1. Скен на торакална аорта по кардио протокол – наод за дисекантна аневризма

После соодветна подготовка, направено е итна операција. Реконструкција на аортниот корен и аортната валвула со пликација на некоронарниот и десниот синус со перикарден пач. Суспензија на некоронарниот залисток и десниот залисток со Gorotex 5-0. Супракоронарна замена на асцендентната аорта со васкуларна протеза Albograft 24 mm и замена на асцендентна аорта со хемилак со васкуларна протеза Albograft 20mm. Канилација на десна субклавијална артерија.Интраоперативно ТЕЕ: Дилатиран аортен анулус дисекција Станфорд А која почнува на висина на левиот коронарен остиум. Ао рег +3 Постоперативно пациентот е хемодинамски и ритмично стабилен, екстубиран после 46 часа. Медикаментозно супституиран според хемодинамските параметри и ацидобазниот стаус. Вклучена е антикоагулантна терапија, емпириска антибиотска терапија, хепатопротективна и церебропротективна терапија. Спроведена е интензивна респираторна терапија. Пациентот е мобилизиран во тек вториот постоперативен ден. Во неколку наврати се земени материјали за комплет лабараториски анализи, како и материјали за комплет микробиолошки анализи. Лабораториските наоди се уредни во тек на целиот постоперативен период. Микробиолошки не се изолирани патогени бактерии. Постоперативен тек уреден во наредните денови. Четвртиот постоперативен ден направено е контролен МСКТ на торакс со наод – Се прати состојба после замена на аорта асценденс со Албографт протеза заради аневризма на аорта асценденс со Stanford A (De Bakey тип 2) дисекција на аортата. Видлив мал резидуантен флеп на аркусот на аортата.Белите дробови се со помали плеврални изливи билатерално дорзоабазално, со придружни компресивни ателектази на белодробниот паренхим. Медијастинално и хиларно билатерално не се забележуваат патолошки наголемени лимфогландули.

2. Состојба после замена на аорта асценденс со Албографт протеза заради аневризма на аорта асценденс

Деветтиот постоперативен ден пациентот се испишува на домашно лекување во добра општа состојба со препорака за редовно консумирање на соодветната медикаментозна терапија и редовни контроли.

Новина од Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори“

Организираме бесплатен превоз за пациентите од Струмица и Битола

Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори“почнувајќи од 06.02.2015 година организира транспорт за своите пациенти од Струмица и Битола до болницата во Скопје.Транспортот е наменет за прегледите кои поради специфичноста пациентите не можат да ги направат во поликлиниките во Струмица и Битола . Во координација со лекарскиот тим од Скопје овие прегледи ќе бидат претходно организирани и пациентите во тек на истиот ден ке можат да ги добијат неопходните испитувања и консултации. Превезувањето ќе се одвива 2-3 пати во текот на месецот.Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори“ располага со сопствено возило од марката „Рено“ регистрирано за транспорт на патници бус со број на седишта 16 + 1.

Дополнителни информации може да добиете на телефонските броеви Струмица 034/320-302 Битола 047/266-633

Новина од Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори“

Организираме бесплатен превоз за пациентите од Струмица и Битола

Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори“почнувајќи од 06.02.2015 година организира транспорт за своите пациенти од Струмица и Битола до болницата во Скопје.Транспортот е наменет за прегледите кои поради специфичноста пациентите не можат да ги направат во поликлиниките во Струмица и Битола . Во координација со лекарскиот тим од Скопје овие прегледи ќе бидат претходно организирани и пациентите во тек на истиот ден ке можат да ги добијат неопходните испитувања и консултации. Превезувањето ќе се одвива 2-3 пати во текот на месецот.Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори“ располага со сопствено возило од марката „Рено“ регистрирано за транспорт на патници бус со број на седишта 16 + 1.

Дополнителни информации може да добиете на телефонските броеви Струмица 034/320-302 Битола 047/266-633

СИМПОЗИУМ НА ТЕМА ИСХРАНА НА ХИРУРШКИ БОЛНИ

СИМПОЗИУМ НА ТЕМА ИСХРАНА НА ХИРУРШКИ БОЛНИ

На ден 13.12.2014 година во просториите на Военомедицинската Академија во Белград, Секцијата за анестезија, интензивно лекување и третман на болка во соработка со Националниото здружение за парентерална и ентерална нутриција на Србија организираше симпозиум на тема “Исхрана на хируршки болни”. На симпозиумот беа презентирани 14 предавања преку кои се обрна посебно внимание на критериумите на правилна исхрана на критично болните пациенти, предностите на ентералната исхрана кај хируршките пациенти, несаканите ефекти на парентералната и ентералната нутриција, нутриција на педијатриски пациенти, предностите и значењето на перкутаната гастростома во нутриција на пациентите. Како поканет предавач на овој симпозиум др. Тања Анѓушева од СБХБ Филип Втори одржа предавање на тема “Улога на перкутаната гастростома во третманот на пациентите во единиците за интензивно лекување”. Беше забележан посебен интерес на слушателите во тек на презентирањето на искуствата на Филип Втори на полето на ентерална нутриција на тешко болните пациенти и примена на гастростома. На симпозиумот беше направена евалуација не само на знаењето на слушателите, туку и евалуација на квалитетот на предавањата и начинот на излагање на истите. Во прилог е табелата од евалуациите.

Едукативен состанок на тема „Современ пристап во лекувањето на артрози“

Едукативен состанок на тема „Современ пристап во лекувањето на артрози“

На 12.12.2014 година во Пица Ресторан Корзо во Битола се одржа едукативен состанок на тема „Современ пристап во лекувањето на артрози“ во организација на Специјалната Болница по Хируршки Болести „Филип Втори“ – Скопје. Презентирани беа следните теми:1. „Артроза – поим, дијагноза и современ конзервативен третман“ др. Сузана Јанчевска, ПЗУ Поликлиника Филип Втори Струмица – Подружница Битола2. „Артроскопија во дијагностика и третман на оштетувања на зглобната `рскавица“ асс. др. Константин Митев, Специјална Болница по Хируршки Болести „Филип Втори“ Скопје3. „Остеотомии и ендопротетика – современ третман за живот без болка“ асс. др. Сашо Младеновски, Специјална Болница по Хируршки Болести „Филип Втори“ Скопје4. „Тумори и слични состојби во метафизарна регија на долги кости“ проф. др. Ѓорѓи Зафировски, ПЗУ Поликлиника Филип Втори Струмица5. „15 години Филип Втори“ асс. др. Милан Марковски, ПЗУ Поликлиника Филип Втори Струмица – Подружница Битола

На наше големо задоволство настанот имаше одлична посетеност од лекарите од регионот на Битола, Прилеп, Демир Хисар и Ресен.

Папиларен фиброеластом- приказ на случај

Папиларен фиброеластом- приказ на случај

Папиларниот фиброеластом е примарен тумор на срце кој карактеристично зафаќа еден срцев залисток. Тоа е исклучително редок тумор кој опфаќа 10% од сите примарни тумори на срцето, трет по честота тип на тумор, после кардијалните миксоми и кардијалните липоми. Симптоми на болеста се: синкопа, градна болка, замор. Симптомите на болеста се должат или на механичките ефекти на туморот или на емболизација од туморот на дисталните органи. Градната болка или синкопите може да се должат на оклузија на LMN од туморот, додека срцевиот удар може да биде последица на емболизација на дел од туморот во коронарните артерии. Пациентката М.Б. на 61- годишна возраст е примена на ден 27.10.2014 во Специјалната Болница по хируршки болести “Филип Втори”. Направени иследувања, трансторакален ехокардиографски наод и КТ коронарографија со 64 реден КТ скенер со наод: Некоронарниот куспис на аортата се прикажа со дефект во полнење од присутна хиподензна, ирегуларна формација со пречник 10мм која се протега и кон коронарниот куспис десно. Опишаната промена оди во прилог за вегетација Диф. Дг папиларен фиброеластом. На направениот МСKT преглед коронарните крвни садови RCA, LMN, LAD, LCX, OM1 се прикажаа оптимално опацифицирани без знаци за опструктивни лезии и/или васкуларни малформации.

На ден 28.10.2014 година, после соодветна подготовка, направено е реконструкција на аортна валвула со екстирпација на Tu формацијата. Интраоперативното ТЕЕ со наод на формација фиксирана за некоронарниот куспис која надлегнува над десниот коронарен куспис. Ао рег +2. Контролен Доплер уреден.По донесување од сала пациентката хемодинамиски и ритмички стабилна. Постоперативниот тек уреден. Иако папиларниот фиброеластом е бениген, сепак, оперативниот третман е апсолутно индициран поради бројните можни компликации, како мозочен удар, акутен миокарден инфаркт, вентрикуларни аритмии и нагла смрт. Постоперативното преживување е со одлични резултати. Секогаш кога постои сомневање за папиларен фиброеластом препорачуваме навремена дијагностика, трансторакална ехокардиографија, трансезофагеална ехокардиографија, КТ коронарографија. Навремениот хируршки третман во комбинација со постоперативна антикоагулантна терапија дава одлични резултати кај пациентите со папиларен фибролеластом.