Тимот на д-р Жан Митрев ќе се грижи за здравјето на најбрзиот автомобилист во Европа

Тимот на д-р Жан Митрев ќе се грижи за здравјето на најбрзиот автомобилист во Европа

Најдобриот македонски и европски автомобилист Игор Стефановски – Иџе е уште еден спортист, зад кој, како здравствена институција застана Специјалната болница „ Филип Втори “. Иницијативата на Академик д-р Жан Митрев за професионална грижа и контрола на здравјето на најдобрите спортисти се реализира под мотото „ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ НА ШАМПИОНИТЕ“ . Континуираното следење на психо-физичката состојба е императив за подобро здравје а со тоа и подобри резултати. На средбата помеѓу „ летечкиот “ автомобиист Стефановски и д-р Митрев , се разговараше за досегашните успеси на шампионот, за плановите кои престојат пред него во следната тркачка сезона, за автомобилите и адреналинската неограниченост и концентрација при натпреварувањата.

Огромна чест и задоволство е што еден таков тим на доктори предводени од д-р Жан Митрев од сега ќе се грижи за моето здравје , сепак здравјето е најбитното нешто на секој човек, а особено за нас спортистите, се надевам дека во наредната сезона заеднички ќе чекориме кон нови победи. Кога е здравјето во прашање имам впечаток дека сите ние , ова го кажувам првенствено тргнувајќи од себе, одиме на лекар само кога ќе почуствуваме некаков проблем. Со оглед на динамичниот начин на живот и обврските кои секојдневно стојат пред нас, кои на овој или оној начин не „трошат“ забораваме на себе , на фундаменталната причина и најважната работа – здравјето. Секој еден од нас мора да даде свој придонес за подигање на здравствената култура во земјава , бидејќи кога сме здрави се е полесно“ , изјави Стефановски.

На европскиот шампион брзината му е најсилната страна , дека владее неприкосновено со неа, покажа повеќе од 10 пати во родната Македонија , а две години го има епитетот – најбрзиот на стариот континент. Двократниот европски шампион е наша гордост и идол на многу млади . Не само со неговите успеси, туку и со неговиот карактер на смирен, позитивен лик, одмерен во зборот, голем во делата. Од 2003 година и инаети на брзината , докажувајќи му на светот, кога желбата и трудот се огромни резултатите се неизбежни, иако условите не се на завидно ниво. Д-р Митрев ја искажа својата поддршка во плановите на првакот, со надеж дека еден ден ќе го гледаме и како дел од големите светски трки.

Потребата од микробиолошка лабораторија

Потребата од микробиолошка лабораторија

Основната цел на здравствената дејност е да се спасат што повеќе животи. За таа цел на здравствениот персонал му се потребни брзи, стабилни, сигурни и поврзани информации кои ќе осигураат точна дијагноза и терапија. Повеќе не смее да се практикува медицина и да се донесуваат одлуки за дијагноза и лечење, засновани само врз основа на интуиција и искуства од минатата пракса. Кога се работи за микробиологијата тоа се однесува на појавувањето на нови патогени микроорганизми и растечкиот проблем на создавањето на механизми на одбрана од масовната и неконтролирана употреба на антимикробни средства. Емпириското применување на антибиотици треба да се одбегнува.

Наједноставниот, но во исто време и најтежок проблем, е да се разграничи вирусна од бактериска инфекција, знаејќи дека антибиотикот делува само на бактерии, а не и на вируси. Многу е значајна поддршката на матичниот доктор кога не дал антибиотик, а микробиолошкиот наод потврдува отсуство на патогени бактерии, односно негативен резултат. А следно и конечно е да се препорача соодветен антибиотик врз основа на т.н. антибиограм, или осетливост на бактеријата кон одредени групи на антибиотици.Микробиолошките анализи се неинвазивни и лесни за изведување, а многу корисни и најчесто единствени за поставување на етиолошка дијагноза на инфективните заболувања. Со примена на нови техники и организираност на работа, спороста на изведувањето на микробиолошките анализи веќе не претставува проблем. Правилната клиничка проценка на пациентот, земањето на соодветен примерок за микробиолошко иследување во вистинско време и од вистинско место, овозможува точна дијагноза и адекватна антимикробна терапија, а со тоа и побрзо оздравување на пациентот, добар квалитет на здравствената грижа, како и значителна заштеда на здравствениот систем. Релацијата лабораториски – клинички персонал е двонасочна и содржи расправа за ефектите од лекувањето на пациентите од инфективни заболувања, што овозможува споредување на ефектите in vitro-in vivo, односно, лабораторискиот резултат од антибиограмот (осетливост кон антимикробни средства) и одговорот на живиот организам (пациентот) на препорачаниот лек.

Микробиолошката лабораторија во „Филип Втори“ се грижи за пациентите додека престојуваат во болница и по нивното отпуштање, а отворена е за услуги на сите амбулантски пациенти и пошироко. Системот на издавање на резултат е потврден и содржи покрај изолат и антибиограм кој вклучува постоечка и очекувана резистенција кон тестираните антибиотици, како и клинички корисен коментар кој ќе му послужи на клиничкиот (матичен) доктор за подобро толкување на резултатите, со цел за безбедно и сигурно оздравување на неговиот пациент. Со вакви лабораториски потврдени докази и во согласност со клиничката проценка лекарот треба да чувствува поддршка и сигурност. Усниот контакт со тимот на микробиолошката лабораторија уште при првични лабораториски резултати придонесува за голема заштеда на средства, време и непожелни ефекти од непогоден антимикробен лек. Лабораторијата е снабдена со најсофистициран автоматизиран систем за идентификација на бактерии и изработка на антибиограм со минимална инхибиторна концентрација Vitek 2 Compact кој се користи за рутинска примена. Со оглед на фактот за големата примена на антимикробни средства без лабораториски потврдени докази, се согледува големата улога на микробиолошката лабораторија и неможноста за функционирање на здравствениот систем без микробиолошка анализа.

Средба на трикратниот светски првак Димитар Ѓорѓиев и Академик д-р Жан Митрев

Средба на трикратниот светски првак Димитар Ѓорѓиев и Академик д-р Жан Митрев

Светско злато и наша национална гордост, Димитар Ѓорѓиев и по трет пат ја одбрани титулата Светски првак во кик-бокс (WAKO). Шампионот го потврди очекувањето кое го изнесе на првата средба со Академик д-р Жан Митрев , дека златото и оваа година ќе остане во Македонија. Средбата се случи пред неполни 10 дена кога и официјално Специјалната болница „Филип Втори“ стана медицински партнер на сега веќе трикратнит светски ас. Веднаш по враќањето од Белград каде што се одржуваше првенството Димитар , со златното одличје дојде на кратка средба со Академик д-р Митрев.

„Пресреќен сум што и покрај лошиот ден на финалето успеав да го повторам успехот од претходните две светски првенства во 2011 и 2013 година. За разлика од борбата за златото, претходните две борби преку кои стигнав до финалето не ми беа проблем. Но, долгиот временски период од стартот на финалната борба и загревање за истата ми направи шок на организмот кој лошо влијаеше врз мене и ова ми беше најтешката борба до сега. Но, се е полесно кога имате одлична претходна здравствена подготовка па знаете како да се носите и со несакани ситуации. Се чуствувам сигурен кога грижата за моето здравјето е во рацете на најдобрите. Уште еднаш благодарам на д-р Митрев , д-р Аншуѓева и на целиот тим на болницата „Филип Втори“ . Голема радост за мене е што и оваа година знамето на мојата татковина се вееше највисоко , и секако златото на градите и химната кога се интонира , тоа е чувство кое Ве мотивира, обврзува . Иако таа победничка слика ја доживувам три пати по ред, секоја година чувството е како да е прв пат. Благодарам на сите кои ја препознаваат потребата да бидат со мене за посигурно да чекорам по патот до победата , благодарност до мојот народ кој ме поддржува , овој мој успех е успех и на Македонија“, изјави светскиот првак . Академик д-р Жан Митрев му ја честита победата на Ѓорѓиев , и му посака уште многу успешни години во неговата карера уште многу одличја , посочувајќи дека со оваа победа Димитар резервирал уште една страница во историјата на македонскиот спорт. Целокупниот персонал на Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ му ја честита победата на шампоинот и освоеното светското злато.

Општа и локална анестезија

Општа и локална анестезија

За сигурен и безбеден престој во болницата и за успешно изведување на предвидениот хируршки зафат, од голема важност е запознавање на пациентот со основните анестезиолошки постапки кои се презвемаат пред и после операцијата. Основна цел на анестезијата е да обезбеди безболно одвивање на хируршкиот зафат.Анетезиолошки преглед пред операцијаЕден ден пред операција се обезбедува предоператвен анестезиолошки преглед и врз основа на утврдената состојба и добиените податоци (досегашни болести, лекови, алергии, лабораториски наоди) се проценува здраствената состојба и подготвенсот за планираниот оперативен зафат. Во текот на предоперативниот преглед пацинтите се запознаваат со типот на анестезија што ќе се води, нејзините предности и недостатоци и можните ризици и компликации од истата. На пациентот секогаш му се предлага оптималниот тип на анестезија.Зошто анестезија?За време на операцијата пациентите сакаат да не чувствуваат болка, а хирурзите сакаат пациент кој е релаксиран и безбеден. Анестезијата е таа што обезбедува безболност и мирни пациенти. При општата анестезија пациентот ,,спие,, и е потполно несвесен, додека при локална анестезија, пациентот останува буден притоа нечуствувајќи болка. При општа анестезија, свесноста кај пациентите се враќа кога ке престане влијанието на анестетиците.Поедини пациенти кај кои се води локална или регионална анестезија понекогаш се прашуваат зошто запаѓаат во сон за време на операцијата? Причина за тоа се седативи кои се користат за време на операцијата, а имаат цел да го смират пациентот.

Локална анестезијаЛокална анестезија подразбира употреба на локален анестетик на местото каде е потребно обезболување. Анестетикот се вбризгува со инјекција, а пациентот е потполно буден и свесен. Дејството на анестетикот трае од еден до два часа.

Општа анестезијаОваа анестезија обезбедува безболност, релаксираност и длабока седација на пациентот. Бидејки се прекинува и дишењето, со помош на ендотрахеална цевка (тубус) се обезбедува дишење со машина за анестезија. Пациентот е несвесен за околината околу него.Општата анестезија овозможува изведување на инвазивни и подолготрајни хируршки интервенции. После операциите пациентите се префрлаат во соба за будење или на интензивна нега, каде и понатаму се под мониторинг на добро обучен медицински персонал. Постои ли можност за ризик од анестезија?Ниту една медицинска интервенција не е потполно безбедна. Видот и тежината на основната болест, пропратните заболувања, возраста, како и животните навики го одредуваат степенот на ризик. Сериозните компликации се ретки, но сепак можни. Со постојано надгледување на животните функции, анестезиологот може навремено да препознае било какво пореметување и навремено да реагира. Во специјалната болница филип Втори има најмодерна анестезиолошка опрема и работи тим на одлични анестезиолози кои драстично го намалуваат ризикот од анестезија за време на операцијата. На докторите и сестрите од Специјалната болница „Филип Втори“ сигурноста на пациентот и грижата за здравјето се секогаш на прво место.

Јавна благодарност од наша пациентка

Јавна благодарност од наша пациентка

После долгогодишна агонија, талкање по лекари специјалисти (интернисти, кардиолози, невролози) во т.н.бесплатно здравство (јавно), кога ја загубив верба та во лекарите и надежта дека еден ден пак ќе застанам на нозе и здравјето пак ке ми се врати на 17 Јуни како од Господ пратен се појави доктор од „ Филип Втори“. Тој не само што ми ја врати надежта за живот туку и насмевката на моите две малолетни деца.Д-р Шпенд Идризи, овој ден ќе го паметам до крајот на мојот живот, кога дојдов кај Вас за да ми ги прочитате резултатите од 24 часовниот холтер.Ме пречекавте со насмевка на лицето и ми рековте да не се грижам, проблемот не е голем, дека се работи за вродена срцева мана и дека со мал интервентен оперативен зафат истата ќе се реши. Ми препорачавте уште едно испитување со кое ќе се потвди тоа. Се уште ги помнам Вашите зборови на заминување „ЌЕ СЕ ВИДИМЕ ВО СКОПЈЕ “….И без тоа испитување, Вие ми ја поставивте точната дијагноза.

Д-р Шпенд, не само што се покажавте со Вашата стручност и знаење туку пред се со Вашата човечност и хуманост, човек полн со позитивна енергија која на пациентите во такви моменти многу им е потребна и им значи.Голема благодарност за СЕ што направивте за мене и Господ да Ви даде Вам и на Вашето семејство добро здравје и долг живот , за да спасувате уште многу човечки животи.Воедно, голема благодарност и на д-р Иван Милев кој заедно со д-р Шпенд Идризи и останатиот тим од лекари и друг персонал , меѓу кои би го спомнала и д-р Гоце , ми направија интервентен оперативен зафат, затварање на ПФО на 18.09.2015.Исто така благодарност до д-р Планинка Зафирова , како и на останатиот персонал од „Филип Втори “ за професионалната работа и добрата грижа и хуманиот однос како во периодот на дијагностицирање така и за време на зафатот и мојот престој во истата.За болницата „Филип Втори“ и нејзиниот тим се најдобро , неможам да најдам соодветни зборови .ЗАТОА, БЛАГОДАРАМ УШТЕ ЕДНАШ НА СИТЕ, и Ви посакувам многу долги години успешна работа и многу , многу јубилеи да дочекате.
Од се срце , Ваш пациент,Катерина Чонева

Приказ на случај на пациентка со акутен абдомен поради инвагинацијана тенкото црево со волвулус

Приказ на случај на пациентка со акутен абдомен поради инвагинацијана тенкото црево со волвулус – негово увртување

Пациентка на 42 годишна возраст, хоспитализирана во Специјална болница за хируршки болести „Филип Втори“ , со знаци за акутен абдомен.

Анамнестички податоци кај пациентката : Силни болки во стомакот кои траат една недела . Подување на стомакот, гадење, повраќање. Последните три дена постои крварење во испразнокот од аналниот канал – ректорагија. Физикалниот преглед ја покажа следната состојба.Стомак над нивото на градниот кош, силно дистендиран, болно дифузно осетлив, со назначена мускулна ригидност во долните партии. Перисталтика аускултаторно отсутна. Присутен facies abdominalis.РТГ нативна на стомакот и МСКТ на абдомен покажуваат присутни хидроаерични нивои на тенките црева, со нивна силна дистензија.

Поставена абсолутна индеикација за оперативна интервенција и болната е оперирана.Интраоперативен краток наод
– Тенкоцревен волвулус- Инвагинација на jejunum во ileum, во должина од скоро 1 метар.- Волвулус на тенките црева која мануелно се разрешува со деторквација на цревата.- Дезинвагинација на тенките црева по која се гледа гангрена на инвагинираниот дел ( 1 метар).

Инвагинацијата престанува на место каде постои голем интралуминален полип-големина на мандарина.
– Ресекција на повеќе од 1 метар тенко црево- Аборалниот дел на тенкото црево ( Ileum ) слепо се затвора- Оралниот дел на тенкото црево ( Jejunum ) се вади како привремена терминална јејуностома на предниот абдоминален ѕид.
Постоперативниот тек уреден, стомата функционира.Пациентката отпуштена во добра општа состојба и уреден локален наод на стомакот. По месец дена реконвалесценција, пациентката е повторно примена и оперативно направена дејејуностомија и воспоставување на целосен континуитет на тенките црева со термино-терминална јејуно-илеоанастомоза.
ЗаклучокАкутните состојби во абдоминалната празнина бараат правовремена и брза дијагностика и оперативно лекување.Кај илеусните состојби од било која природа, по отстранување на причината, секогаш е потребно да се даде извесен период за опоравување на дистендираниот дел од цревата со креирање на привремени стоми, а во втор акт воспоставување на целосен континуитет на дигестивниот систем со различен тип на анастомози, во зависност од моменталната состојба.
Д-р Бошко Ставревски, абдоменален хирург

Прва награда за нашиот лаборант Емилија Трајковска

Прва награда за нашата лаборантка Емилија Трајковска

На 43-тите Меѓународни октомвриски средби на медицински лаборанти учество зема и Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ . Болницата ја претставуваше Емилија Трајковска, медицински лаборант, која имаше постер презентација на тема „Зголемено ниво на тироксин – причина за предкоморна аритмија“. За овој труд Трајковска ја доби првата награда која и обезбеди учество на „Деновите на лабораториска дијагностика на Р.Србија“ кои годинава се одржуваат на Тара и имаат меѓународен карактер. Ова прзнание е уште едно во низата, кои ги добива тимот на „Филип Втори“ во изминативе 15 години.

Уште еден спасен живот – отстранета кучешка тенија од срцето на 23 годишно момче

Стручниот текст за овој случај и по 14 години е еден од најчитаните и најцитираните во светот на кардиохирургијата

„ Д-р Митрев беше единствениот кој се нафати да ме оперира и да ја извади кучешката тенија од моето срце, не само што ми го спаси животот туку ми понуди и работа во неговата болницата, благодарение на него денеска сум и жив и вработен“.Со оваа реченица нашиот колега Кире Илиоски одговорен на болничарите во „Филип Втори“, раскажува за едно големо премрежје во неговиот живот. Ретко се случува Ехинококовата циста (кучешка тенија) да се „вгнезди“ во човечкото срце. Кире немал никакви симптоми кои укажувале , предупредувале дека нешто не е во ред . На рутинска контрола за време на отслужување на воениот рок , лекарите виделе дека нешто не е во ред. На ехо преглед ја откриле кучешката тенија .Според нивна претпоставка таа живеела во неговото срце околу 5 години.

„Тоа беше шок и за мене и за моите блиски, бев момче имав само 20 години , сите бевме збунети, живеев со тој паразит во моето срце а не чувствував ништо, максимално физички активен, мислев дека сум здрав, не не било така. Ја прифатив вистината, се соочив со тоа и знаев дека мора час поскоро да се ослободам од тоа. Имав неколку испитувања, лежев во воена болница , бев три пати и во Германија но никој не се нафаќаше да го отвори моето срце и да ја извади Ехинококовата циста . Ризикот беше голем а исчекувањето ја зголемуваше неизвесноста. Стапивме во контакт со д-р Жан Митрев, тој тогаш се уште работеше во Германија, советот од него беше да не се оперира додека не си оформи капсула околу неа, заради тоа земав лекови. Терапијата ја примав околу година ипол, како што ми рече д-р Митрев ,веќе беше ппдготвена за де се отстрани без последици по моето здравје. По отворањето на специјалната болница „Филип Втори“ се договоривме за операција , моето срце бешево рацете на д-р Митрев. Во разговорите со него добив верба дека операцијата ќе има добар крај не се плашев, со душа чекав да дојде денот 27 март 2001 година, ден на операцијата.

Состојбата на Кире ја објаснува д-р Тања Анѓушева медицински директор на „Филип Втори“ која се грижела и го лекувала Кире постоперативно како одговорен лекар во одделот на интензивна нега:„Ехинококовата циста се наоѓаше во мускулот на предниот ѕид од левата комора и притискаше врз левата предна десцедентна артерија, тоа е артерија која што го храни предниот ѕид со крв, со што го пореметуваше хранењето на истата . Бидејќи цистата беше многу голема, шуплината на левата комора кај Кире беше толку мала што тој континуирано страдаше од недоволно снабдување на крв на сите органи во неговиот организам. Значи интраоперативно се извади Ехинококовата циста, операцијата беше правена во присуство на специјален хипертоничен раствор ,тоа е раствор со голема концентрација на шеќер за да сите оние живи клетки од Ехинококовата циста кои што постојат, да се уништат за да се спречи ново растења на нова таква циста. Самата операција бара голема вичност на операторот а исто така и одлично знаење на луѓето кои се со него и во постоперативната нега и водење на пациентот.

Опасноста беше огромна бидејќи при вадење на цистата можеше да се пресече главната артерија што го храни левиот мускул и да се предизвика вештачки инфаркт и срцева слабост, кое би значело смрт за пациентот. И затоа многу од центрите го одбиле за оперативно лекување . Операцијата беше неминовна , бидејќи цистата се наоѓаше во близина на самата крвна артерија. Со растењето на цистата може да врасне во крвниот сад на срцевиот мускул и да се прошири нис целиот организам и да предизвика сепса и шокова состојба и пациентот да почине. Правилното и професионално следењето е од многу голема корист затоа што тој временски период ја верифицира успешноста на техниката на неговото лекување. Како што гледате и 14 години потоа Кире е здрав, живее нормално и ние сме горди што го имаме како дел од тимот на „Филип Втори“, изјави д-р Анѓушева. Кире денеска има 37 години , татко е на две малолетни деца миомче и девојче на возраст од 5 и 3 години, среќен во кругот на најмилите, поддршката од сопругата ја има постојано. Секој слободен ден го поминуваат во заеднички часови, на места кои им даваат моменти за релаксација и одмор. Спомените секогаш го навраќаат во неговото родно Кривогаштани кое го посетува многу ретко. На работа е почитуван колега, одговорен на болничарите . Повеќе од 13 години Кире се грижи за болните во „Филип Втори“ исто онака како што за него во 2001 се грижеше медицинскиот персонал на оваа болница.

Стручниот текст за овој случај е даден со елоквентен приказ на техничката постапка и презервацијата (односно заштита на мускулното ткиво) така што секој кардиохирург кој што се бави со таа проблематика може да го види и да го примени во пракса на пациент кој што би му се јавил во секојдневието .Стручниот текст за случајот на Кире и денска после толку години е еден од најчитаните во светот на кардиохиургијата. Ова го покажуваат статистиките на светските стручни здруженија. Горди сме што овој случај на нашиот Кире е еден од најцитираните текстови.Текстот со стручниот приказ можеде да го видите на следниот линк

http://biomedupdater.com/urlu8c?srk=0fcf799d2c194705ca83ab0da571affcc1c76a141188944c
http://biomedupdater.com/urlu8c?srk=a242170f61759ef4f873f6fb05f399a241ca0009e02011b5
http://biomedupdater.com/urlu8c?srk=9878821efb959aefc71728071cf1eaa46c5b58e007555a15
http://biomedupdater.com/urlu8c?srk=a21e694b2ec03abcfff979079c2150d724f2542517495183

http://biomedupdater.com/?&kwr=+2006/6:2015/12[publicationdate]+[[Note:+you+can+edit+the+PublicationDate+and+resubmit+this+query.]]+e8fhef75fd052e2dd722dec4514326e5e09babf41c727f0cb7edac9912595e1ee4dfaf8539e911e7828e6d437edaa6bb781df011a86ed376bfab11a45027e0a059d1d9b5947866b1b3e513e3f41e6cbd6ef527c36812042cc9f9882e79c669bf2a5a5e8de7177ce3c9beda8ebd78e0edfa490130e7a4c82d539c0f6b808cd594c27ca0bd4849552a6c724543451b4e6b44bccc4c01a48668244f451870d2455dc389c490a2g45c&cmpgp1026Uet1027Ul=ICD51026TET685999042&fwpmd=301&dt02=&sbr=13751188300028371964124128340558c9ea3e6115b28afc783268e34b4cb691454&ndpct=820663469a0bcce605bc512eb95be22e0dfe8bbe3c5b11d3112e64cafcb2a944&lttl=List+1:+Top+Articles,+Since+2006+(publication+date+of+the+domain+article),+in+the+Domain+of+Article+16318934+and+Keyword+’cardiosurgery’