За болницата и професионалците на “Филип Втори“ доделени признанија од највозрасните во Струмица

Здружението на пензионери од Струмица, по повод 70-години од постоењето, за особен придонес во пензионерското организирање, односно во лекувањето на пензионерите од овој регион, врачи признание на Поликлиниката “Филип Втори“ во Струмица. Во името на основачот и директор, академик д-р Жан Митрев благодараност за наградата пред присутните пензионери изрази  д-р Шпенд Идризи, кој доби посебно призание. “ Ова е важна потврда за нашата работа и дополнителен поттик за нас, за и понатаму да работиме на унапредувањето на здравјето на сите, особено на највозрасната популација во Струмица и регионот“, рече д-р Идризи во обраќањето на свечената седница здружението. За новата болница, услугите и новитетите на болницата кои ги спомена тој упати и јавна покана до нив за организирана посета во институцијата во Скопје.

Иницијативата за доделување на признанијата произлегла од долгогодишната соработка на пензионерите со докторите од тимот на д-р Жан Митрев. Претседателката на здружението кое брои членство од 9.500 пензионери, Данче Даскаловска не штедете зборови за да ја искаже благодараноста од професионалниот однос и исклучителната стручност на д-р Митрев и неговиот тим. “Нашето дружење со д-р Митрев започна пред многу години кога му беше направена операција на мојот сопруг. Задоволни од високо професионалниот однос, беспрекорната грижа и лекувањето на мојот сопруг не беше доволно само да ги споделувам искуствата со пензионерите. Сакав да направам нешто повеќе за пензионерите од овој регион. Но, не само за нив, за сите од овој регион. Му предложив на д-р Митрев да направи болница во Струмица, за нивните медицински услуги да бидат поблиску до ова население. Таа идеја на големо задоволство на сите, д-р Митрев ја реализираше“, зборуваше Даскаловска. Годините наназад само добри зборови се слушале од задоволни пациенти, а особено симпатии кај највозрасните од овој крај добивал д-р Шпенд Идризи. “Ова е само мало внимание за него. Ние би препорачале и понатаму да работите на унапредување на здравјето на моите пензионери, да ни ги продолжите животите уште за многу години“, додаде престедателката. За крај, таа препорача до одговорните институции да се направат реформи во областа на здравството, односно да се зголеми бројот на медицински услуги во “Филип Втори“ кои би биле покриени преку Фондот за здравствено осигурување на Р.М. За популарноста на болницата можевме да се увериме од пофалните зборови кои стигнуваа од сите страни, за време на еднодневното дружење во Струмица.

Ги оставивме во позитивно расположение, славеничко, а ние им посакуваме да ја остварат долгогодишната идеја за изградба на Старечки дом во Струмица во најбрзо време.

Направив болница на која што ѝ завидуваат и од развиените земји

“Она што е Ферари во светот на автомобилите, сакам мојата болница да биде во светот на медицинските услуги. Една фабрика, т.е. една болница, која што ќе постигне перфекција во квалитетот на третманот на секој пациент.

ПОДИГНИ ИНТЕРВЈУ

Вечерата ми е прв оброк

Во вашата нова болница „Филип Втори“ која ги отвори своите врати за пациентите на 1 март годинава, освен врвни здравствени услуги, имате и ресторан кој е од неодамна отворен и за надворешни лица. Може ли да ни кажете повеќе за идејата и наменета на овој концепт?

– Од самиот почеток кога ја отворивме болницата „Филип Втори“ ми се јави проблемот врзан со исхраната на пациентите. Уште на стартот потпишав договор со во тоа време најмодерниот хотел „Александар Палас“, но веднаш се соочив со еден голем проблем а тоа е неквалитетот на храната во однос на пациентите…

ПОДИГНИ ИНТЕРВЈУ

http://artkujna.mk/zhan-mitrev-vecherata-mi-e-prv-obrok/

Нутригенетиката одредува која храна е најдобра за вас

Нутригенетика е генетска кодираност на секој организам за тоа која храна најмногу му годи. Тоа е единствениот начин да се утврди ова научно, иако порано имаше многу шпекулации според кои типот на исхрана се одредуваше преку крвни групи или не знам што, што нема никаква научна оправданост.

Единствено нутригенетиката може да одреди на која храна индивидуата најповолно реагира.

– И затоа се прават големи штети со разноразните диети со кои на човекот можеби му се одзема онаа храна на која тој најдобро реагира бидејќи е можеби генетски предодреден за неа. На некого можеби му годат токму јаглените хидрати кои во повеќето диети се исфрлаат а се внесува нешто друго што на некој организам наместо полза му носи повеќе штета и може да доведе до болест или други тешки состојби кои можат да резултираат во болест. Ова е за мене голем исчекор бидејќи со помош на нутригенетиката се овозможува на пациентот да му се даде правец на исхрана без диета и на тој начин долгорочно и без мака, со нормална исхрана да се дојде до идеална тежина. Веќе ги имаме и првите резултати и неколку пациенти со големи тежини веќе се третираат кај нас. На пример, имаме пациентка со над 200 кг телесна тежина на која секој ден по такси и праќаме оброци кои се приготвени во нашиот ресторан врз основа на претходно направена нутригенетика и за кратко време таа веќе има изгубено над 25 кг без никаква диета – објаснува д-р Жан Митрев за Арткујна.

– Јас моментално си правам себеси вакво испитување кое е многу пошироко, а конкретно, утврдувањето на нутригенетиката не е многу скап пакет со оглед на тоа што се прави еднаш и важи цел живот. Чини околу 200-300 евра, а врз основа на ова испитување, нашиот нутриционист може на секој кој ќе дојде да му направи предлог менија, може да се храни тука, или да му се праќа некаде кадешто се наоѓа – вели д-р Митрев.

http://artkujna.mk/zhan-mitrev-nutrigenetikata-odreduva-koja-hrana-e-najdobra-za-vas/

Едукативно дружење на менаџерскиот тим и раководните лица за унапредување на човечките ресурси

За унапредување на управувачките вештини на менаџерскиот тим и зајакнување на капацитетите на човечките ресурси од раководни позиции, во аудиториумот на  болницата “Филип Втори“ беше организирана еднодневна обука. По завршувањето на настанот, д-р Жан Митрев, како директор на институцијата изрази задоволство од одржаниот семинар  затоа што на овој начин се идентификуваат одредени предизвици, а при тоа се утврдуваат и правци за подобрување на слабостите или зајакнување на добрите форми кои веќе се практикуваат во управувањето  со човечките ресурси. Консултанката Верица Мажевска од компанијата IDEAS Freeboss, www.ideas-freeboss.com,  е задоволна од фидбекот на учесниците од еднодневното дружење, како и од одличната, пријателска атмосфера во болницата. При тоа искажa уверување за постигнување на резулати во управувањето со човечките ресурси преку примена на методите и техниките кои беа дискутирани за време на обуката.

Мастер шеф Василис од Грција приготви коктел од канапеи со тимот од кујната на Медпулс

Mастер шеф (master chef) Василис Моуратис, главниот готвач од хотелот “Dunai Ressort“ од Халкидики, Грција и неговиот асистент Софоклис приготвуваа коктел (finger food) заедно со тимот од ресторанот “Медпулс“ во болницата “Филип Втори“.

Коктел од различни канапеи беше резултатот од денешното дружење на мастер шеф Василис и готвачот Александар Божиновски кои со своите  тимови ја приготвуваа храната во кујната во ресторанот на болницата.  д-р Жан Митрев заедно со тимот од болницата ги вкусија специјалитетите од вештите раце на кулинарите.

Василис го истакна  задоволството од прогресот на тимот готвачи во кујната, особено за храната која се подготвува за болните и вработените. “На секоја нова средба тие се подобри”,  додаде тој. На Василис омилена кујна му е француската, а омилено јадење – црн дроб од гуска.

Група на ученици од Прилеп понесоа бројни впечатоци од посетата на болницата

„Годинешната посета во болницата “Филип Втори“ е поинаква и различна од претходните три посети со учениците од СОУ “Ѓорче Петров“ од Прилеп“,  зборуваа професорките од медицинската струка. Добредојде на групата учениците од трета година и нивните професори им посака главната сестра Александра Темелковска, која ги запозна генерално со начинот на организацијата и функционирање на болницата. Заедно посетија низа одделенија,  им зборуваше за специфичностите и уникатноста за секој оддел, за амбулансткиот и дијангностичкиот центар, како и за апаратурата, а ја потенцираше и стручноста на докторите и медицинскиот персонал.  Таа споделуваше искуства со нив, а секако им даде и неколку препораки за во иднина.

-Во нашата работа секогаш одиме по т.н. медицинска жица. Затоа, комуникација е најважната работа, мора да градите отворен однос со пациентите, им препорача сестра Александра.

Учениците од СОУ “Ѓорче Петров во текот на неколкучасовната посета добија информација и за специфичните операции кои се прават овде, за илјадници пациенти од земјата и странство кои овде нашле спас за здравствениот проблем. Дознаа и за специфични случаи, се запознаа со новитетите во болница кои се однесуваат на генетската лабараторија, како и за други уникатни услуги и специфики на концептот на болницата. Ученциите беа воодушевени најнапред од грандиозноста на болницата, а секако и од љубезноста од персоналот, како и функционалната и организираноста на целокупнит систем во болницата. „Кога од влезната врата влеговме во болницата не воодушеви  големината и уникатноста  на објектот, атмосферата која потсетува на хотел, а не на болница.

-Еден ден би сакале и ние да работиме во ваква болница каква до сега не сме имале можност да видиме. Единствено, на телевизија“ воодушевено зборуваа учениците.  “Или нешто слично во Словенија“,  доплони една ученичка.

-Ви посакуваме уште многу успешни случаи, со право го носите епитетот на болница со највисок стандард, во тоа се уверивме  и овој пат“, завршија професорите.

Ова е четврти пат да се организира и реализира посета на ученици од ова училиште во нашата болница, а како резултат на воспоставената соработка на д-р Жан Митрев и професорите од ова училиште.

Студентите од медицински факултет собираа искуства од операционите сали во болницата

“Еден ден поминат во болницата, со д-р Митрев и целиот персонал за нас е големо и драгоцено искуство“, раскажуваа група на студентки од втора и петта година од Медицинскиот факултет во Скопје. Во текот на оваа посета, идните доктори имаа можност да се запознаат со работата во сите оддели, да поразговараат со пациентите во одделенијата, пред амбулантите, да побараат одговор на нивните прашања од медицинскиот персонал. Сепак, најголемиот предизвик за нив била можноста да присуствуваат на две реоперации и во живо да видат како беспрекорно функционира тимот во операционите сали.

“Се е толку организирано во сала, тие се разбираат беа да си кажат нешто, едноставно, го следат д-р Митрев“, воодушевено зборуваа студентките во еден глас. Задоволни од квалитетно поминатото време во болницата, како и од целата организација околу нивната посета во болницата, тие се веќе подготвени за следна средба. Еден ден, се надеваат да бидат водени и да учат од најдобрите, како што се во болницата.