Во графата на новитети на Специјалната болница“Филип Втори“, од неодамна е впишана уште една услуга. Во листата на медицински услуги, од областа на кардиологијата е вклучена и електрофизиолошката студија. Електрофизиолошка студија (ЕФ студија) е инвазивно испитување која се применува за проценка, дијагностика и лекување на неправилен срцев ритам. Во рамките на Дијагностичкиот центар во одделот за Ангиографија, од пред една недела се прави и електрофизиолошка студија. Нашиот тим воден од д-р Никола Ѓоргов, кардилог и субспецијалист-Електрофизиолог се специјализирани за лекување на пореметување на срцевиот ритам. Од почетокот на месец февруари, до сега, беа направени неколку електрофизиолошки студии на пациенти чии срца ги ставија во правилен ритам.
Д-р Никола Ѓоргов, еден од основачите на електрофизилогијата во Р.Македонија(за прв пат направена на 24.02.1993 година), кој независно работи од 1995 година, со над 1.200 пациенти кај кои е применета оваа студија, објасни за начинот на извршување на процедурата. “За време на електрофизиолошката студија, докторот кој е субспецијалист во лекување на пореметување на срцевиот ритам – Електрофизиолог, го испитува електричниот систем на срцето. Процедурата подразбира дека неколку специјални жици (електродни катетери) се поставуваат во срцето и преку нив се снима интракардијалниот електрокардиограм (електрограм). Овие електродни катетери се внесуваат преку воведници поставени во вените од препоните, раце, рамо или вратот. Откако ќе се позиционираат во срцето, електродните катетери се користат за мерење на електрични сигнали кои срцето ги генерира и спроведува при неговата работа. Паралелно со ова, преку истите жици се испраќаат електрични сигнали до срцето, со цел да се репродуцира абнормалниот срцев ритам. Со овие основни техники може да се испитаат голем број од пореметувања на срцевиот ритам, а се користат и за проценка на ефикасноста од медикаментозен третман кај некои аритмии“.
Со оваа процедура може да бидат опфатени пациенти кои лекуваат документирана тахикардија, потоа кај неправилен срцев ритам, за да се направи проценка на ефикасноста на оридинанирани лекови во лекување на неправилен срцев ритам, за проценка на симптоми како несвестица, губиток на свест, срцебиење, а секако и да се направи проценка на останати причини за неправилна работа на срцето кои не можат да се испитаат со неинвазивни методи.