Во организација на Стоматолошкото здружение на Македонија изминатиов викенд во Куманово беше одржан симпозиумот на тема „Нови трендови во денталната медицина“ со меѓународно учество и акредитиран од стручната комисија на Стоматолошката Комора на Македонија.
Гостин предавач од Zan Mitrev Clinic на овој симпозиум беше Д- р Лидија Велјановска Кириџиевска која говореше на тема „Прегледи на темпоромандибуларен зглоб со магнетна резонанца – дислокација на диск ”
Дисфункцијата на темпоромандибуларен зглоб (ТМЗ) е честа состојба која најчесто се должи на дислокација на артикуларниот диск на овој зглоб.
Со новите методи, кои се ретки во регионот, а се прават во Zan Mitrev Clinic, може да се детектираат директни знаци за ТМЗ дисфункција и тоа абнормална морфологија на дискот, дислокација на дискот, абнормално движење на дискот при отворена и затворена уста, остеартрозни промени на зглобни површини, како и индирекни знаци: голема течност во зглобот, задебелување на припојиот со латералниот птеригоиден мускул и руптура на ретродискалните структури.
МР е истовремено корисна метода со која може да се дијагностициираат и други причинители за дисфункцијата на овој зглоб како воспаленија и тумори кои имитираат клиничка слика на дислокација на дискот – потенцираше д-р Лидија Велјановска Кириџиевска.
На симпозиумот на тема „Нови трендови во денталната медицина“ којшто се одржа изминатиов викенд во Куманово учество зедоа и претставници на Zan Mitrev Clinic. Докторката Лидија ВелјановскаКириџиевска говореше на тема „Прегледи на темпоромандибуларен зглоб со магнетна резонанца – дислокација на диск“ што всушност опфати дискусија за причините и последиците од една ваква здравствена состојба, за која пак како најдобра и најбрза дијагноза се наметнува магнетната резонанца, што се прави во нашата клиника.
- Се оваа метода може да се детектираат директни знаци за ТМЗ дисфункција, и тоа абнормална морфологија на дискот, дислокација на дискот, абнормално движење на дискот при отворена и затворена уста, остератрозни промени на зглобни површини, како и индиректни знаци: голема течност во зглобот, задебелување на припојиот со латералниот птеригоиден мускул и руптура на ретродискалните структури. МР е истовремено корисна метода со која може да се дијагностицираат и други причинители за дисфункцијата на овој зглоб како воспаленија и туморикои имитираат клиничка слика на дислокација на дискот – потенцираше д-р Лидија ВелјановскаКириџиевска.