Иновативна Рентген дијагностика со вештачка интелигенција

Доколку сте COVID-19 позитивни или чекате резултати од PCR тестирање, направете рентген на бели дробови кој ќе ви овозможи детектирање на промени на белите дробови предизвикани од COVID – 19 веднаш, без чекање

Сведоци сме дека пандемијата предизвикана од вирусот Cov-SarS2 секојдневно зема се поголем замав. Во тој контекст, примената на иновативни методи како што е вештачката интелигенција (AI – Artificial intelligence), станува се поактуелна.
Ова особено се однесува на детектирање на промени на белите дробови предизвикани од COVID -19 кое досега се изведуваше од страна на радиолозите со помош на направена рентген снимка. Отсега, интерпретацијата на рентген снимката е придружена со напредна софтверска  алатка за дијагностицирање која користи вештачка интелигенција.
Системот се темели на алгоритам кој функционира паралелно со рентген снимањето и ги потенцира промените на белите дробови предизвикани од COVID-19, но и дава визуелен приказ на штетата направена од истиот. Овој начин на дијагностицирање на корона олеснува побрзо откривање, а со тоа помага да се спречи и контролира ширењето на новиот коронавирус. Исто така со негова употреба може да се квантифицира прогресот и закрепнувањете од болеста, со што се овозможува ефективно следење.
Во светски рамки ваквото дијагностицирање е веќе во употреба и постојат бројни потврди за тоа како оваа иновативна алатка ги комбинира откритијата на радиолог со податоците на алгоритмот CAD4COVID-AI на остроумен начин. 
Во Клиничката болница Жан Митрев со секоја направена рентген снимка вклучен е и овој начин за дијагностика кој пациентите го добиваат бесплатно како поддршка на борбата против пандемијата. Им благодариме на Делфт Кер https://www.delft.care/cad4covid/
 
Дел од предностите кои би сакале да ги истакнеме се:
1) генерираниот резултат на скала од 0 до 100, што укажува на степенот на аномали поврзани со COVID-19;
2) приказот на абнормалности на белите дробови преку топлинска мапа (heatmap);
3) определувањето на процентот на видливо ткиво на белите дробови што е засегнато;
4) покажувањето резултат во рок од 20 секунди; и
5) можноста за чување на податоците во облак (со и без интернет конекција).
 

Прочитајте повеќе на следниот линк:

https://bit.ly/3jJIvAI

Успешно изведена операција на вертебрална артерија кај 51 годишна пациентка

Пациентката во нашата клиника пристигна во Ургентниот центар со јаки болки во десната рака па се до рамото. Таа имаше толку силни болки од кои буквално не ја движеше не само десната рака туку и на целата десна половина на телото.

Со вакви болки веднаш ќе си помислите дека пациентот има проблеми со зглобовите или коските. Но, при кардиолошкиот преглед што веднаш и го направивме утврдивме дека левата вертебрална артерија има сигнификантен “kinking”.  За да потврдиме дека тоа е така веднаш направивме компјутерско иследување на 256 – слојниот компјутер по што се установи еден изразен “kinking” на излезот на левата вертебрална артерија. Овој проблем во телото предизвикува неадекватно снабдување на мозокот со крв поради што се јавуваат голем дел од невролошките симптоми кои ги чувствуваше пациентката – објаснува доктор Енвер Идоски, кардиолог во Клиничка болница Жан Митрев.

Операцијата којашто ја направи доктор Жан Митрев е перфектно направена и нема никакви несакани појави, циркулацијата е исто така перфектна, а болките ги нема за што сведочи и самата пациентка.

Да напоменеме дека оваа операција беше финансиски покриена од Фондот за здравствено осигурување. Исто така, Фондот ги покрива и сите други кардиоваскуларни операции кои се извршуваат во нашата клиника, т.е. операциите на срце и операциите на крвните садови.
Целото сведоштво погледнете го на следниот линк:

 

Зголемена достапност на кардиолошките и кардиохируршките интервенции – селективна коронарографија

Излегувајќи во пресрет на сите оние пациенти, кај кои е неопходно изведување на кардиохируршка интервенција, а пред тоа,  предоперативна коронарографија, едно потсетување,  дека  предоперативната коронарографија во Клиничка болница Жан Митрев и понатаму е бесплатна. Истата се изведува неколку часови или денови пред планираниот оперативен зафат на срцето, и влегува во групата на предоперативните иследувања.

Што е коронарографија?

Коронарографијата е инвазивна дијагностичка процедура, која се изведува во сала за катетеризација и под рентген зраци и истата е сеуште златен стандард за одкривање на стеснувања на крвните садови  на срцето, т.н коронарни артерии. Методата е релативно безболна, безбедна, се изведува на буден пациент, најчесто преку артерии на раката под локална анестезија. Трае десеттина минути, со мал ризик (помал од 1 промил за голема компликација) и е неопходна за секој пациент кај кој се планира операција на срцето. Ангиографската хибридна сала на нашата клиника е опремена со современ Philips-ов ангиограф кој се одликува со добра резолуција, јасен приказ на артериите и ниска доза на зрачење.

Предоперативната коронарографија се изведува на сите пациенти кај кои е потребно да се изврши бај пас операција, операција на срцев залисток или операции на срцевите мани и проширувањата (аневризмите) на почетниот дел на аортата. Во дијагностички цели кај пациент кој имал претходен срцев инфаркт и кај кој има повеќе запушувања кои не се решаваат со стент, коронарографија може да доведе до прецизна дијагноза и бај пас операција на срцето со што се завршува лекувањето на пациентот.

Врз основа на актуелниот договор со ФЗОМ секоја коронарографија која претходи на операција на срцето во Клиничка болница Жан Митрев е бесплатна, и се завршува во рок од неколку дена, после претходниот преглед од нашите кардиолози и лабораториските иследувања.

И покрај секојдневните потешкотии со кои се соочуваат нашите пациенти во пандемијата со COVID-19,  благодарејќи на брзите тестови, протоколи за работа во епидемиски услови, заштитните фактори и опрема, Клиничка болница Жан Митрев  постои безбеден систем за работа, и ризиците од интрахоспиталните инфекции се сведени на минимум. Затоа, процедурите се изведуваат континуирано, без застој со посебни протоколи, а се со цел, да се продолжи со лекувањето на кардиоваскуларните заболувања, без одолговлекување, бидејќи за жал, тие се сеуште на прво место според бројот на починати пациенти, насекаде.

Животот мора да продолжи, и пациентот мора да го најде својот пат и решение.

Д-р Иван Милев
Спец. по педијатрија – Супспец. по кардиологија

7 прашања и одговори кои секоја жена треба да ги знае

1. Колку често треба да се прави ПАП тестот?

– Еднаш годишно

ПАП тестот е цитолошки брис земен од површината на грлото на матката. Ако клетките се нормални, тогаш треба да го правите еднаш годишно, но доколку лекарот ви пронајде атипични клетки, потребни се понатамошни испитувања кои ќе ви ја дадат точната дијагноза.

Со чести прегледи имате поголема можност да ги откриете на самиот почеток сите заболувања и инфекции, и во тој случај, ракот на грлото на матката е во голем процент излечлив ако се открие на време.

  1. Кога е најдобро да се направи ПАП тест?

– Било кога, освен во периодот на менструалното крвавење и ден-два пред и по него.

Порано препораките беа врзани со средината на циклусот, затоа што тогаш брисот е најчист, но заради усовршувањето на техниките, денес тоа не игра голема улога.

Ако жената која прави ПАП тест нема никакви симптоми и болки, а се најде неуреден ПАП брис, веројатноста за нејзино оздравување е високо, дури до 92%.

  1. Кога треба да се направи тест за ХПВ?

– Ако резултатите од ПАП тестот не се уредни.

Денес се смета дека поголем број од жените имале контакт со ХПВ вирусот, но кај само 3 до 10 проценти од нив перзистира вирусот. Останатите успеале да создадат антитела и така да го елиминираат заболувањето во текот на 2 години.

Ако вирусот опстојува подолги години во телото, може да доведе до рак на грлото на матката. Тоа најчесто се случува кај лицата заразени со високо ризичните типови. Познати се околу 120 типови, од кои повеќе 40 се високо ризични.

  1. Каде се чувствува болката која е поврзана со здравјето на јајниците?

– Во долниот дел од карлицата, во ниво на колковите.

Јајниците се мали органи кои се наоѓаат во малата карлица, лево и десно од матката. Болката во тој предел може да биде предизвикан од јајниците, заради можно воспаление, тумори или цисти.

Најчесто овие болки се појавуваат заради бенигни цисти на јајниците, кои се честа појава и најчесто не побаруваат посебни терапии. Само во 5% од сите случаи се работи за сериозни тумори и цисти, кои најчесто се појавуваат кај повозрасни жени.

  1. Кои симптоми не смеат да се игнорираат?

– Крвавење по или во текот на сексуалниот однос, како и секое крварење надвор од менструалниот циклус.

Крвавењето по сексуалниот односот е еден од знаците за промена на грлото на матката. Често се работи за сексуално преносливи инфекции.

Белиот секрет е исто така причина за грижа, и болката при односот дефинитивно не е нормална појава. Затоа, проверете!

  1. Дали се јавува меланом на интимната зона?

– Да, возможно е да се јавува меланом и на интимната зона.

Околу 3% од меланомите кај жените се на интимната зона. Меланомот се воочува со промени на пигментацијата, крвавење, чешање и болка. Често пати овие симптоми се игнорираат затоа што се слични со некои инфекции, па се дијагностицира многу доцна.

  1. Кое е најважното гинеколошко прашање кое треба да си го поставите себеси?

– Дали оваа појава е нормална за мене?

Секое прашање е важно, но само откако ќе го запознаете своето тело и ќе ја воочите промената која настанала во него, ќе бидете способни да си го поставите.

Ако на прашањето немате соодветен одговор или пак тој гласи кратко и јасно „не“ време е да си закажете термин кај гинеколог.

Во Zan Mitrev Clinic тимот на гинеколози проф. д-р Васил Илиев, д-р Ирена Андовска ви стојат на располагање за секакви консултации и прегледи.

Доктор Жан Митрев со својот тим му даде нова шанса за живот на малиот Мики

Малиот Мики, како што го нарекувавме додека престојуваше во нашата клиника, во одделението за интензивна нега во педијатрискиот оддел беше донесен веднаш по неговото раѓање.

Роден со комплексна срцева маана која бараше итна интервенција, Мики беше ставен веднаш на програмата за оперирање.

Академик доктор Жан Митрев со својот тим успешно ја реализираше операцијата која значеше транспозицијата на големи крвни садови  со што малиот Мики доби нова можност за живот.

За тоа како помина операцијата и постоперативниот период на ова новороденче се до средбата со неговата мајка, говорат д-р Дијана Попевски, анестезиолог и д-р Ѓорѓи Филев, Специјалист по педијатрија – неонатолог.

 

 

Со 3Д мамографија се зголемува моќта за рана детекција на карциноми за 20-65%

Мамографија со посебен осврт на томосинтеза –3Д мамографија

Мамографијата е неинвазивна метода за преглед на дојката која се користи  за откривање на тумори и други промени кој се премали за да се испалпираат. Првата мамографија се советува да се направи помеѓу 35-40-та годишна возраст, а по 40-та година секои 1- 2 години.

  • Пациентки со фамилијарна анамнеза на карцином на дојка или овариуми, скрининг мамографијата треба да ја почнат порано во договор со радиолог.
  • Пациентки со висок ризик за карцном на дојка покрај мамографијата треба да направат и магнет на дојка.
  • Пациентка со циклус најдобро  е да го прави прегледот од 7-15 дена од почеток на циклус.
  • Пред доаѓањето на преглед не треба да се користат антиперспиранти,пудри  под пазуви бидејќи може да дадат артефакти на мамограмот и грешка во анализата на мамографијата.

2Д дигитална и 3Д мамографијата – томосинтеза

2Д мамографија –  е радиолошка метода која за разлика од класичната мамографија е со помала доза на зрачење на пациентката околу 30-40%, а со дигитализација на сликата се овозможува подобра визуелизација на микрокалцификатити и архитектонската дисторзија на дојката, а сето тоа е предност за откривање на карциномот на дојката во најран стадиум.

3Д мамографијата – томосинтеза е најнова технологија која користи поголем број проекции од повеќе агли на секоја дојка при што се добиваат 50 слики од сите делови на дојката со дебелина од 1мм.

Дојката е позиционирана на ист начин како и 2Д мамографијата, но се користи помал притисок. Студиите докажале дека 3Д мамографија-томосинтеза  го намалува бројот на лажно позитивни наоди. Томосинтезата е посебно корисна кај жени со густо ткиво на дојката. Овозможува рана детекција на карциномот со јасен приказ на лезијата и го редуцирана бројот на непотребни биопсии. Томосинтезата го минимизира ефектот на преклопување и овозможува јасен приказ на мали лезии.

Нашиот мамомат е најсовремен апарат со супериорни клинички перформанси, ергономичен дизајн кој овозможува комфорт на пациентката за време на снимањето, ниски дози на зрачење како и брзина на скенирање од 3,7 секунди.

Д-р Магделена Поповска Цветкова
Спец. по радиодијагностика

 

 

Радиолошка евалуација на пациентите со COVID-19 – неопходна за третман и прогноза на болеста

Од есенцијално значење во лекувањето на пациентите инфицирани со коронавирусот е откривањето на промените во белите дробови во раните стадиуми, кога лекувањето во висок процент е успешно – вели д-р Елена Пижула, специјалист по радиодијагностика во нашата клиника.

Откривањето на промените на белите дробови може да се постигне единствено со навремено синимање на белите дробови (препораки од европско здружение за торакална радиологија издадено на 02.04.2020).

За таа цел  белите дробови се снимаат со:

-Конвенционална метода (графија на бели дробови)

-Компјутеризирана томографија на тораксот

Рендгенските графии –се прават почесто и рутински, но во раните фази на болеста постои можност воспалителните промени да не се визуелизираат, што  во понатамошниот тек ,  јасно се детектираат  и истите  имаат свој развоен тек. Графиите  на белите дробови даваат можност  и за компарација со предходните наоди со што се добиваат  информации и следливост, дали болеста напредува, се влошува или промените се во фаза на ресорпција т.е во насока на оздравување.

На рендгенските графии на белите дробови нејчесто се детектираат интерсициски промени обострано, потоа се јавува и радиолошка слика на непрозирно заматено стакло како и дифузни  дамчесто-тракасти засенчувања кои се знак за постоење за воспалителни инфилтрати.

КТ на торакс како високо сензитивна  метода за детекција на промените во белите дробови ни дава информации и во релативно раните фази на болеста.

КТ на торакс кај пациентите со COVID-19 најчесто покажува:

Во иницијалниот, почетен стадиум на болеста се воочуваат мултипни мали дамчести и интерстициски промени кои се видливи на периферните делови на белите дробови.

-опацификација на заматено стакло, со или без консолидациски абнормалности, конзистентни со вирусна пневмонија;

-наодот најчесто е билатерален (ги опфака двете белодробни крила);

-има периферна дистрибуција и ги вклучува и долните белодробни лобуси;

Тие промени еволуираат во мултипни ареали на заматено стакло и ареали на воспалителни инфилтрати.

Во тешки случаи може да се детектира белодробна консолидација обострано која е поврзана со лоша прогноза.

Во многу ретки случаи се срекава наод на плеврален излив, задебелување на плеврата и лимфаденопатија.

Одлуката за тоа, која метода на снимање ке се примени кај пациентите суспектни или заболени од COVID-19 инфекцијата е оставена на проценка  на клиничкиот тим на лекари, во зависност од факторите на ризик за настанување  на потежок облик на болеста, позитивност на PCR тестот, коморбидитети итн.

Диференцијална дијагноза:

COVID-19 пневмонијата потребно е да се разликува од другите вирусни пневмонии (на пр. aденовируси, причинети од вирусот на инфлуенца) или пневмонии причинети од микоплазма.

Во предвид може да дојдат и незаразни болести како што се васкулити, дерматомиозитис и бактериски пневмонии.

Суспектните случаи петребно е да се додиференцираат со брза детекција на антиген или PCR, да се следи клиничката слика и дополнителните лабараториски параметри.

Репрезентативни радиолошки наоди на белите дробови во различни развојни фази на болеста:

1. Компарација на графија на бели дробови со КТ на торакс (ареали на опацификација на заматено стакло во десниот долен лобус) кои во раниот стадиум на болеста не се видливи на рендгенграфијата.

2. Серија на графии на белите дробови од прием на пациентот, со фулминантен развој  на наодите во тек на 72 часа (од билатерларна нејасно дефинирана консолидација со периферна дистрибуција до типичен радиолошки наод на ARDS).

3. CT на торакс во една рана фаза на COVID-19, со широка дистрибуција на ареали на т.н заматено стакло-опацификација без консолидација.

4. CT на торакс кај пациент со COVID-19 инфекција во подоцнежна фаза од болеста (приказ на билатерални субплеврални т.н. ареали на заматено сакло, со консолидација во десен долен лобус, тракциони бронхиектазии и фиброзно-тракасти промени).

Крајно, можеме да заклучиме, дека од круцијално значење во борбата со COVID-19 пандемијата претставува навремена радиолошка дијагностика и следење, со што во голем процент се зголемува успешноста во лекување и излекување на пациентите.

 

Имате болка во грлото и покачена температура? Не кревајте паника. Голема е веројатноста да се работи само за сезонски грип

Тестирајте се за да дознаете точно за каков тип на инфекција станува збор

Започнува периодот на настинки и грипови, а со тоа и можноста да ги поистоветите дел од симптомите со оние од корона вирусот. За да бидете сигурни за каква инфекција станува збор, во нашата лабораторија е достапен нов тест кој овозможува испитување на 4 различни вируси: SARS-CoV-2 + Influenza A + Influenza B + РСВ (Respiratory Syncytial Virus).

Вакви комбинирани респираторни тестови и до сега се изведуваа како дел од клиничките испитувања во болницата. Но сега поради актуелноста на САРС-корона и сезонските вируси,  го направивме достапен и за нехоспитализирани пациенти. Целта е да се избегне креирање на непотреба паника кај оние кои не се инфицирани со корона, туку од вообичаените типови сезонски вируси.

Цената на тестот е 4,500 денари и се изведува како и другите респираторни панели на PCR.

Достапен е со 10% попуст доколку направите он-лајн закажување

https://bit.ly/34hhkJg