Алергија, интолеранција на храна и прекумерна тежина

Алергијата и интолеранцијата на храна можат да бидат поврзани со проблеми со прекумерната тежина. Истражувањата направени во последните години кажуваат дека: прекумерната тежина е поврзанa со воспалителните заболувања, а дека алергијата како и нетолеранцијата од одредена храна, предизвикаат воспалителен процес и го влошуваат одговорот на имуниолошкиот систем.

Механизмите што доведуваат до прекумерна тежина сеуште не се познати. Генетиката, седечкиот начин на живот, прекумерното јадење, особено прекумерното консумирање на храна со голема содржина на маснотии и јаглехидрати се ризик факторите кои влијаат на тежината на една индивидуа. Општо кажано, внесувањето на зголемен број на калории е токму тоа што влијае на зголемувањето на телесната тежина.

Поради различните метаболички промени, постојат голем број на воспалителни процеси кои влијаат на оваа состојба. Некои од овие процеси се директно поврзани со алергија предизвикана од храна и интолеранција на одредени типови на храна.

Интолеранција на храна

Интолеранција на лактоза или на глутен се најчестите примери на овој проблем кои предизвикуваат:

Гастроинтестинално нарушувања

Проблеми со кожата

Невролошки промени.

Мускулни и ревматски проблеми.

Прекумерна тежина.

Во овој случај не станува збор за одговор на имунолошкиот систем при соочување со одредени хранливи материи, но станува збор за проблем поврзан со метаболизмот на имунолошкиот систем.

Најдобар можен третман е да се избегннува консумирањето на таков вид на храна. Сепак, тоа не секогаш значи дека на тој начин ќе ја избегнете прекумерната тежина. Се смета дека постој еден различен вид на интолеранција на храна придружена со воспаление предизвикано од одредениот начин на исхрана, при што присуство на тие хранливи материи поттикнува воспалителни процеси.

Алергиите предизвикани од храна

Ако сте алергични на одредена храна, истата предизвикува сериозна имунолошка реакција која веднаш се манифестира со голем број на симтоми кои исто така можат да бидат сериозни: од уртикарија, воспаление на хранопроводот, и откажување на истите како последица на анафилактичен шок. Единствен начин да го избегнете овој проблем е да не внесувате храна на која сте алергични.

Сепак, и кога алергиската реакција е мнуго лесна, дури и кога е незабележлива, таа не се идентификува како таква бидејќи механизмите што предизвикуваат воспалителна реакција се активираат секогаш при внесување на храната, дури и при најмала количина. Како резултат на тоа, се блокират рецепторите на инсулин, и доволно е само минимална количина на шеќер во крвта за да се појави воспаление на клетките со што се надминува количината на калориите и шеќерот се претвора во маснотии кои се таложат во масните клетки и од таму не може да се елиминираат.

Овој вид на воспалителна реакција може да се мери или да се открие преку испитување на IgG антителата, генерирани од имунолошкиот систем како реакција на овие хранливи материи. Затоа, испитувањето на оваа област е насочена кон откривање на овие антитела при внесување на одредени видови на храна и елиминирање на истите.

Холтер – Кога и зошто се поставува?

Поставувањето на холтер е едноставна и безболна дијагностичка процедура со која се врши 24 часовно надгледување и истовремено регистрирање на крвниот притисок и работата на срцето на пациентот со помош на мониторинг уред така наречен холтер кој се поставува на телото.

Ова мерење се прави за време на секојдневниот, вобичаен начин на функционирање на пациентот во периодот додека се носи холтер апаратот т.е. при движење, одмор, спиење или физички напор.

За време на мерењата се добиваат актуелни вредности на крвиот притисок во текот на испитуваниот педиод.  Носењето на холтер за крвен притисок во педиод од едно деноноќие овозможува утврдување на фактот дали воопшто постои покачен артериски крвен притисок, т.е. хипертензија.

Најчесто носењето на 24 часовен холтер се спроведува како дијагностичка процедура при поставување на дијагнозата хипертензија (покачен артериски крвен притисок) или при непостојан, флуктуирачки крвен притисок.

Исто така лекарот може да побара поставување на холтер доколку пациентот има покачените вредности на крвниот притисок кои тешко се докажуваат со единечни мерења. Со холтер се врши и следење на ефектот од препишаната терапија врз намалување на хипертензијата.

Процедурата на поставување холетер е брза и едноставна. Малото апаратче, кое всушност е мерачот, се носи во мала торбичка околу појасот кој пак е поврзан со една обична манжетна прицврстена на подлактицата на пациентот. Оваа комбинација се носи 24 часа, време за кое на секој половина час се врши мерење на притисокот и пулсот.

По изминување на овие 24 часа холтерот се вади од докторот и се вчитуваат податоците кои ги измерил по што тие се обработуваат и анализираат. Резултатите од анализите јасно ќе ги покажат дневно-ноќните флуктуации на пулсот и средниот артериски крвен притисок.

Од резултатите може да се види и кога настануваат евентуалните промени во срцевата фреквенција и постоењето на екстрасистоли т.е. неправилни срцеви отчукувања или прескокнувања. Исто така може да се детектираат и евентуални срцеви блокови како паузи на срцето како и можност утврдување на промени кои укажуваат на срцева исхемија.

Уште една потврда за квалитетот на нашите лабораториски услуги

Највисока оценка за успешно реализираната прва фаза од евалуацијата за идентификација на инфективни микроорганизми од респираторен карактер.

Постојано стремејќи се кон усовршување на нашиот квалитет, Лабораторијата за Генетика и Персонализирана Медицина при Клиничката болница Жан Митрев, годинава се вклучи во програматата за надворешена контрола на квалитет при врвната организација за сертификација CAP (College of American Pathologists Колеџ на Американските патолози), при што учинокот беше 100%. Добивме највисока оценка при евалуацијата за идентификација на инфективни микроорганизми од респираторен карактер.

CAP условите ги исполнуваат само најдобрите дијагностички лаборатории во САД и пошироко, а ова е уште еден доказ дека во клиниката Жан Митрев се работи по највисоки американски стандарди.

Покрај детекција на коронавирусот SARS-CoV-2 во нашата лабораторијата се детектираат и десетици други инфективни вируси и бактерии. 

Мирен срцев ритам со помош на електрофизиолошка студија

За да стане појасно што претставува електорфизиолошката студија и како таа придонесува за воспостваување на миран срцев ритам, најпрво да кажеме збор два за електорфизиологијата како наука.

Електрофизиологијата како наука всушност ги проучува електричните својства на клетките и на ткивата во еден организам. 
Во тој контекст електрофизиолошката студија претставува инвазивно испитување кое се применува со цел проценка, дијагностика и лекување на неправилен срцев ритам кај пациентите.

За време на ова испитување со помош на неколку специјални жици, кои се нарекуваат електродни катетери, поставени во срцето, докторот го утврдува електричниот систем на срцето . Преку нив се снима интракардијалниот електрокардиограм. Овие електродни катетери се внесуваат преку воведници поставени во вените од препоните, рацете, рамото или вратот.

Електродните катетери се користат за мерење на електрични сигнали кои срцето ги генерира и спроведува при неговата работа. Истовремено, преку истите жици се испраќаат електрични сигнали до срцето, со цел да се репродуцира абнормалниот срцев ритам.


Зошто се прави електрофизиолошка студија?


Со овие основни техники се испитуваат речиси сите видови пореметувања на срцевиот ритам, а се користат и за проценка на ефикасноста од медикаментозен третман кај некои аритмии.

Конкретно:

ЕФ студија се прави најчесто за да се лекува веќе потврдена тахикардија како и да се лоцира изворот на неправилниот срцев ритам кај пациентот.

ЕФ студија се препорачува и со цел да се процени ефикасноста на препишани лекови во лекување на неправилниот срцев ритам како и за правење проценка на причините за одредена несвестица, губиток на свест, срцебиење итн.

ЕФ студија се препорачува и поради утврдување на други причини кои предизвикуваат неправилна работа на срцето, а кои не можат да се утврдат со останатите неинвазивни методи.

Улогата на тестот за антитела IgG SARS-CoV2 spike protein

Биохемиската лабораторија при Жан Митрев Клиника го изработува новиот квантитативен IgG SARS – CoV-2 тест од крвта.

Овој тест за детекција на IgG антитела може да ни помогне при:

  1. Одредување и следење на имунолошкиот одговор на вакцините, вклучувајќи и истражување за да се утврди колку долго трае одговорот ;
  2. Во проценка дали нивото на антителата е резултат на природен одговор на вирусот или одговор на примената вакцина ;
  3. Во проценка на нивоата на антитела за да се утврди потенцијалот за донирање на конвалесцентна плазма.

Попрецизно, со него се детектираат IgG антителата, вклучително и неутрализирачките антитела, на рецептор-врзувачкиот дел (RBD) S1 суб-единицата на “spike” протеинот на SARS-CoV-2, а се мери и концентрацијата на таканаречените неутрализирачки IgG антитела кон COVID-19 на производителот Abbott– како најнова генерација на тестови од овој тип.

Тестот е CЕ-сертифициран,одобрен од FDA. Има исклучително висока клиничка сензитивност и специфичност.

IgG SARS-CoV2 spike protein тестот чини 1200 денари и е достапен без закажување

Горди сме на постигнатото, по успешната трансплантација

Ние се грижиме за сите пациенти!
Бевме во посета на 22 годишното момче кое вчера доби нова шанса за живот. Тој е во одлична состојба за што говорат и насмевките на докторите
Горди сме на постигнатото, по успешната трансплантација огромно БЛАГОДАРИМЕ на сите вас, за поддршката и убавите зборови.

Втора трансплантација на срце во нашата земја

Нова шанса за живот на 22 годишното момче

Ноќеска беше извршена втората срцева трансплантација. Врвни професионалци од јавното и приватното здравство втор пат ги здружија своите сили за повисока цел – спасување на човечки живот. Тие во просториите на државната Кардиохирургија ноќеска заедно го изведоа оперативениот зафат кој траеше цели четири часа при што на 22 годишното момче му беше успешно трансплантирано срце.
Тимот кој ја изврши операцијата беше предводен од страна Академик д-р Жан Митрев заедно со д-р Никола Христов и проф. д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија. Голема благодарност и на останатите членови на тимот од Клиничката болница Жан Митрев кои зедоа учество: д-р Тања Анѓушева, Александра Темелковска, Катерина Ристовска-Јанев и Александра Ристовска-Тунев. Секако голема благодарност Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë и Венко Филипче

Волонтирај, помогни во борбата со КОВИД-19

Клничката болница Жан Митрев на сите кои имаат желба и се чувствуваат подготвени да помогнат во нега на пациенти хоспитализирани од КОВИД-19 им дава можност да се пријават за волонтерска работа. За сите волонтери ќе биде обезбедена соодветна обука, работна униформа и топол оброк. Мерките на претпазливост кои се применуваат во болницата важат за сите без исклучок, додека пак работното време е во две смени по 8 часа.
За да се пријавите ве молиме испратете ваша пријава на: volontiraj@zmc.mk, истата ќе биде разгледана и ќе бидете контактирани од одделот за ЧР.
Се надеваме дека сите заедно ќе можеме да придонесеме во поуспешно справување со пандемијата.