14 септември светски ден на атописка егзема

Атописката егзема е една од најраспространетите кожни болести во светот и една од најпотценетите. Атописката егзема често се отфрла како „само состојба на кожата“, а потребите на пациентите не се решаваат навремено и на соодветен начин.
Затоа заедницата за атописката егзема од пред неколку години се организира со активности за одбележување на 14 септември како ,,Светски ден на атописката егзема,, со цел за да се подигне свеста за болеста и да се проговори за товарот кој таа го носи врз пациентите. Но и за здравствените работници да ја препознаат потребата за нега и третман што е одраз на мулти-димензионалната природа на болеста.

Неколку збора за атописката егзема

Атопискaта егзема односно дерматитис е повеќе од хронична потреба на чешање на кожата проследена со сувост. Атопискиот дерматит влијае на целокупниот живот на пациентите. Тоа е хронична состојба на пруритис која се карактеризира со сува кожа. Најчесто започнува во раната детска возраст и често е придружена со други атопични состојби, како што се астма и алергичен ринокоњуктивитис. Атопискиот дерматитс се појавува кај приближно 20-30% од детската популација и 2-10% од возрасната популација. Кај луѓето со лична или семејна историја на атопија (тенденција за развој на алергиска состојба), многу е поверојатно да се појави и развие атопичен дерматитис.

Атопискиот дерматитис кај децата

Атопискиот дерматит е многу честа болест кај децата. Помеѓу 10 и 15% од новороденчињата заболуваат од атопичен дерматит по првиот месец од животот. За среќа, тоа е исто така заболување кое се лекува. Симптомите може лесно да се контролираат и кај 4 од 5 деца атопискиот дерматитис може да исчезне сам од себе околу петтата година од животот.
Атопискиот дерматитис најчесто е предизвикан од алергија. Многу важна улога во третманот на оваа болест, игра откривањето на предизвикувачот на атопискиот дерматитис и негово редуцирање т.е елеминират на алергиските предизвикувачи со цел да се минимизира појавата на симптомите.

Исхрана

Многу видови на храна, особено кравјото млеко може да предизвика алергиска реакција која потоа води до појава на атопискиот дерматитис. Токму поради тоа се препорачува да се дои што е можно подолго. Најмалку 6 месеци бебето да се храни само со мајчино млеко, а потоа да се воведе дополнително хранење со шише или цврста храна.

Пушењето

Пушењето цигари може да доведе до појава на алергија дури и за време кога бебето се наоѓа во стомакот на мајката. Ова е една од причините зошто бремените жени треба да престанат со пушење и треба да биде задолжително забрането пушењето и од други лица околу бебето во првите 12 месеци од живот.

Грини од домашна прашина

Грините не може да се забележат со голо око, тие се микроскопски паразити кои најчесто се наоѓаат во теписи, душеци и кадифени играчки. Сите извори на грини (паразити) од домашна прашина треба да се отстранат од опкружувањето на бебето што е можно повеќе. Како на пример:

  • Отстранете ги сите кадифени играчки, како и теписи и завеси кои можат да собират прашина во собата на бебето.
  • Често чистети ги теписите и завесите во другите соби каде што би можело да престојува бебето дури и за кратко време.
  • често проветрувајте ja куќата, дури и во зима, за да се спречи растот на грините од домашната прашина
  • Користете анти-грини чаршафи, душеци и постелнини за вашето бебе
  • Користете специјална пудра или пена за уништување на овие паразити
  • Консултирајте се со вашиот лекар за други конкретни совети
    Домашни миленици

Домашните миленици, особено мачките, може да предизвикаат алергиски реакции. Истите треба да се чуваат подалеку од бебето, а доколку е потребно и да се отстранат од внатрешните простори од вашиот дом.

Генетска предиспозиција

Повеќето деца (но не сите) кои развиваат алергија имаат генетска предиспозиција и доколку не се внимава или не се третира соодветно тие може да добијат таканаречена „атопија“. Оваа предиспозиција е наследена од родителите. Се додека тоа не може да се смени, бидете внималтелни и следете ги гореспоменатите препораки, и на тој начин ќе можете да ги превенирате или да ги минимизирате симптомите на атопичниот дерматитис кај вашето дете.

Атописки дерматитис и астма

Астма кај децата како и атопискиот дерматитис најчесто се предизвикани од алергиска реакција. Најдобар начин за превенција на астма кај вашето дете е превенција на атопискиот дерматитис. Доколку истиот се појавува, потребно е да се елиминираат предизвикувачите на оваа болест со цел да се избегне појавата на симптомите на астма и нејзино развивање.

Третман на симптомите на атопискиот дерматитис

Третманот на симптомите на атопискиот дерматитис кај вашето дете е едноставен и може да биде многу ефикасен. За да добиете добри резултати од третманот, потребно е ригорозно да ги следите советите од докторот секој ден. Нашите педијатри и дерматолози се секогаш на располагање да ви понудат соодветен третман и стручни совети.

  • Докторот ќе ви препорача нанесување на крема за одржување на кожата мека и влажна кај детето.
  • Доколку кај детето се појавува црвенило докторот може да ви препише маст што содржи кортизон, истата треба да се користи во кратoк временски период и во мала количина.
  • Бидејќи алергијата на храна често доведува до симптоми на атопискиот дерматитис, лекарот може да препише ,,елиминациска,, исхрана за да открие која храна предизвикува лезии на кожата. Истата се спорведува додека не исчезнат симптомите.
  • Во потешки случаи докторот може да препише орален антихистамин за да се редуцира инфламацијата и чешањето.
  • Чешањето знае да направи рани и во тој случај бактериска инфекција за која докторот може да препише антибиотска маст.
  • Водата исто така може да предизвика чешање, но бебето мора да се капе. Се препорачува:
    Капње Еднаш дневно кое ќе трае максимум 5 минути
    Водата за капење да е млака не потопла од 35 степени Целзиусови
    Во водата треба да биде ставено мало за капење или антисептик.

    #UniteForAtopicEczema #AtopicEczemaDay

Обука за дермални филери во нашиот центар за естетска дерматологија

Континуираното вложување во практична примена на знаењата е од клучна важност во секојдневната работа на нашите доктори. Овој пат во нашиот центар за естетска дерматологија се одржа целодневна работилница за апликација на дермални филери. Едукацијата беше од типот ,,hands-on,, работилница спроведена од страна на едукаторите д-р Горана Бјелиќ и  д-р Анџелка Илиева кои работеа со брендот Белотеро на Мерц Естетикс. Сите модели си заминаа задоволни од разубавувањето за кое активно учество зема и нашиот дерматолог д-р Александра Лазаревска.

Ова е прва обука од овој тип, а ќе следуваат и други во центарот за естетска дерматологија кој е комплетно подготвен за настани од ваков тип.

Менструални грчеви – Што треба да знаеме и како да се справиме?

Менструалните грчеви (дисменореа) се болки во долниот дел на стомакот. Многу жени имаат менструални грчеви непосредно пред или за време на менструалниот циклус.
Кај некои жени грчевите се појавуваат во поблага форма. Кај други пак, тие може да бидат толку силни што пречат во секојдневните активности во трање од неколку дена секој месец.
Менструалните грчеви можат да бидат предизвикани и како резултат на присуство на одредени болести, како што се ендометриоза или миом на матката. Решавањато на причината за појава т.е предизвикувачот е од суштинско значење и тоа ќе ја намали болката. Менструалните грчеви кои не се предизвикани од друга болест, се намалуваат со возраста и често се подобруваат по породувањето.

Симптоми

Како симптоми на менструални грчеви можат да се категоризираат следните видови болка:
• Пулсирачка болка или грчеви, со силен интензитет, лоцирани во долниот дел на стомакот
• Болка која започнува 1 до 3 дена пред менструацијата, достигнува врв 24 часа по почетокот на менструацијата и се намалува во рок од 2 до 3 дена
• Континуирана досадна /тапа болка
• Болка која се шири во долниот дел на грбот и мускулите

Кај некои жени исто така се појавува:
• Гадење
• Течна столица
• Главоболка
• Вртоглавица

Кога треба да побарате лекарска помош?

Консултирајте се со вашиот лекар доколку:

• Менструалните грчеви ви пречат при извршување на вашите секојдневни активности секој месец
• Симптомите постепено се влошуваат
• Почнувате да имате сериозни менструални грчеви по 25 годишна возраст

Менструални грчеви може да се појават поради следниве фактори:

• Ендометриоза. Ткивото што ја обложува матката се имплантира надвор од матката, најчесто во јајцеводите, јајниците или ткивото што ја обложува карлицата.
• Миом на матката. Овие неканцерозни израстоци на ѕидот на матката можат да предизвикаат болка.
• Аденомиоза. Ткивото што ја обложува матката почнува да расте на мускулните sидови на матката.
• Карлична инфламаторна болест. Оваа инфекција на женските репродуктивни органи обично е предизвикана од сексуално преносливи бактерии.
• Цервикална стеноза. Кај некои жени, отворот на грлото на матката е толку мал што го спречува менструалниот проток, предизвикувајќи болно зголемување на притисокот во внатрешноста на матката.

Фактори на ризик

Може да бидете изложени на ризик од менструални грчеви доколку:

• Имате помалку од 30 години
• Почнувате со пубертет рано, на 11 годишна возраст или помлади
• Имате обилни периоди (менорагија)
• Имате нередовно менструално крварење (метрорагија)
• Имате семејна историја на менструални грчеви (дисменореа)
• Сте пушач

Менструалните грчеви не предизвикуваат други медицински компликации, но можат да пречат во училиште, работа и при социјални активности.
Сепак, одредени болести како што е ендометриозата може да предизвика проблеми со плодноста. Карличната инфламаторна болест може да ги повреди јајцеводите, зголемувајќи го ризикот од имплантација на оплодено јајце надвор од матката (ектопична бременост).

Дијагноза

Вашиот лекар ќе ја прегледа вашата медицинска историја и ќе изврши физички преглед, вклучувајќи карличен преглед. За време на карличниот преглед, лекарот ќе провери дали има абнормалности во репродуктивните органи и ќе провери дали има знаци на инфекција.
Ако вашиот лекар се сомнева дека има нарушување кое предизвикува менструални грчеви, тој или таа може да препорача други тестови, како што се:

Ултразвук. Овој тест користи звучни бранови за да создаде слика на матката, грлото на матката, јајцеводите и јајниците.

Други тестови за дијагностицирање: КТ или МРИ скенирање кои обезбедуваат повеќе детали отколку ултразвукот и може да му помогнат на вашиот лекар да постави точна дијагноза. КТ скенот комбинира радиографски слики добиени од различни агли за да произведе пресечни слики на коски, органи и други меки ткива во телото. МРИ користи радио бранови и моќно магнетно поле за да произведе детални слики на внатрешните структури. Двата теста се неинвазивни и безболни.

Лапароскопија. Иако обично не се употребува за дијагностицирање на менструални грчеви, лапароскопијата може да помогне во откривање на болестите како што се ендометриоза, адхезии, фиброиди, цисти на јајниците и ектопична бременост. За време на оваа амбулантска операција, вашиот лекар ја проверува абдоминалната празнина и репродуктивните органи преку мали засеци во стомакот во кои вметнува фибероптичка цевка со мала камера.

8 септември светки ден на физиотерапевтите

Одбележувањето на светскиот ден на физиотерапевтите започнува уште во 1996 година кога за прв пат како таков е промовиран од страна на Светската организација за физиотерапија. На овој ден клучната заложба е да се генерира свест за придонесот што физиотерапевтите го даваат во општеството, овозможувајќи им на луѓето да бидат мобилни, добро да се чувстувтаат и да се независни.

Оваа година темата која е во фокус е рехабилитација, ,,долгиот,, КОВИД и секако од улогата на физиотерапевтите во третманот и на луѓето кои се погодени од ,,долг,, КОВИД.
Фактите говорат дека: 1 од 10 пациенти кои прележале КОВИД ќе покажат симптоми на таканаречен ,,долг,, КОВИД во период од 12 недели или подолго.

Различен е за секого, а рехабилитацијата за ваквата состојба мора да биде прилагодена на поединецот.
Како физиотерапевти, тие играат клучна улога во обезбедувањето сигурна и ефективна рехабилитација, што е основно за закрепнување по оваа болест.

Во продолжение што е ,,долг,, ковид и совети и вежби кои ќе ги олеснат тегобите.

Совети и препораки од нашиот психолог Марија Аџиоска

Како да си помогнеме себе си кога тагуваме за блиска личност?

Изминатиов период многу семејства загубија драги блиски личности. Соочувањето со смртта е еден од најголемите предизвици. Кога се соочуваме со загуба на блиска особа се раѓа една цела низа симптоми а најизразени се тага, лутина, страв и телесни симптоми, односно психосоматски, како што се несоница, немир, намален или зголемен апетит, забрзано чукање на срцето, покачен крвен притисок, главоболка. Психички и физички цело наше тело реагира. Ваквата состојба прави пореметување на природната рамнотежа на организмот.

Никако не требе да го избегнуваме тагувањето. Тое е природен и корисен процес кој има лечебна фукција. Важно е емоциите да излезат од нас, затоа што потиснатите емоции не си заминуваат, не ги снемува, тие многу често знаат да се појават во облик на болести или физички тегоби. Вообичаено процесот на тагување трае 2 до 3 години. Во тој процес ние поминуваме низ неколку различни фази, состојби кои е добро да ги знаеме за да сме свесни до кој степен е нормално тоа низ кое што поминуваме.

Првата фаза е шок и неверување, тоа е одбранбен механизам на нашето тело. Кога ќе ја примиме веста дека сме изгубиле некој со кој што сме биле емотивно поврзани, ние едноставно негираме и несакаме да го прифатиме тоа. Нашето несвесно поставува една бариера која нас не штити во тоа прво време од таа страшна вест за нас. Негирањето е нормално, не се борете против тоа.

Потоа доаѓа фазата на лутина. На кого се лутиме? Прво, обично се лутиме на онаа особа која што не напуштила и кажуваме: „Зошто баш сега мораше да ме нашпуштиш?“, Се лутиме на бог, на светот, на лекарите, се лутиме сами на себе. Се прашуваме дали ние сме направиле се што било потребно? Дали сме можеле да направиме нешто повеќе?

Влегуваме во процес на чувство на вина затоа што умот на тој начин се обидува да најде решение, но бара решение на начин да најде виновник, кој е виновен за тоа што се случило, кој е одговорен. Важно е да запомните дека никој не е виновен. Тоа е нормална лутина и е нормален дел од процесот на жалење и таа ќе трае некое време. Не се борете против тоа, во ред е да чувствувате бес и лутина. Кога ќе почувствувате бес не го притискајте, зборувајте гласно: „Толку сум лут/а што ова се случи“. Тогаш болката повторно е ужасна, но станува подобро, кога ќе го прифатиме и уважиме чувството.


Кога низ лутината ќе го извадиме тој силен енергетски набој кој нас ни носи нелагодност, тогаш влегуваме во следната фаза а тоа е депресија или потиштеност.
Во оваа фаза ние сме свесни дека тоа е една преголема загуба за нас дека нашиот близок го нема и доаѓаат симптоми кои се многу слични симптоми на депресија, а тоа се, тага, безволност, апатија, некои размислуваат на тоа да си направат себеси нешто.


Тогаш е значајно да се сетите дека, вие сте сеуште живи и се додека сте живи имате одговорност да се грижите за сопствениот живот, а тоа значи да го живеете и да доживувате се што ви носи и тешкотии и убавини.
После бесот, брановите од болка ќе ве погодат, но потоа тие ќе се повлечат, ќе доаѓаат се помалку и помалку. Kога тоa ќе се случи одиме во следна фаза, прифаќање. Во ова фаза, сеуште е тешко, сеуште таа личност ни недостига, но сега пополека прифаќаме. Најголем број од луѓето научуваат да се носат со болката и тагата.

Поминувајќи низ сите тие фази, почнуваат да учат, постепено, по свое темпо и време да продолжат со своите животи и функции во општеството. Во фазата на прифаќање веруваме дека таа личност ќе живее секогаш во нас и одбираме да се фокусираме на љубовта што секогаш ќе ја чувствуваме кон неа.

Совети и препораки

  • Кога се наоѓате во голема тага и болка, кога ви се чини дека е безизлезно, пробајте да си замислете каков совет таа личност би ви дала во тој момент, што таа би кажала на тоа. Ова е неверојатно моќна техника што може да ви помогне.
  • Бидете свесни дека ќе го чувствувате вашиот живот како да не е реален, како да не можете да избегате од болката. Бидете трпеливи, нежни и сочувствителни кон себе, тагата нема да ја снема за месец или два, не си поставувајте рокови и граници, дозволете да се случи процесот на тагување и следете го својот пат.
  • Одржувајте го својот живот што е можно поедноставен, потребно е време за човек повторно да си ја најдете својата рамнотежа и да ја обновите својата сила.
  • Важно да не сте сами во тие моменти, значајна е поддршката од блиските.
  • Комуницирајте со луѓе кои претрпеле слична загуба, тие можат да ви бидат поддршка.
  • Обидете се да најдете значење во вашето страдање, да ја трансформирате тагата и да направите нешто што било значајно за вашата сакана личност. Може да направите многу мали работи во чест на саканата личност.
  • Грижете се за себе, грижата за себе треба да биде ваш најголем фокус кога тагувате за блиски особи.
  • Ставањето во писмена форма на она што го чувствувате, може да биде исклучително корисно во процесот на тагување. Може да пишувате, дневник, да користите музика или цртање.
  • Препорачливо е доколку треба да донесете некоја важна одлука, да ја одложите бидејќи не е време за донесување на важни одлуки, затоа што реално тогаш не сте во можност на еден правилен начин да ја согледате ситуацијата.
  • Можете во одреден степен да преземете контрола врз тагата преку нејзино ритуализирање, да си направите неколку дена во годината кога ќе имате фамилијарен ручек во чест на саканата личност, ќе гледате во нејзините слики, ќе разговарате за неа, ќе ги оживувате спомените.
  • Кога е тешко да се најде надеж, едуцирањето за тага може да ви помогне да верувате дека тагувањето води кон заздравување.

Кога да побарте помош од психолог, психотерапевт? Зошто е важно и што тоа ќе ви донесе?

Особено е важно да побарате стручна помош од психолог, психотерапевт доколку:

  • Со тек на времето тагата не го намали својот интензитет;
  • Сте изгубиле волја за секојдневните активности;
  • Ви доаѓаат секакви мисли низ глава, размислувате автодеструктивно, се повредувате себеси, си наштетувате на себеси.
  • Гледате дека неможете сами да се носите со загубата, поминало доста време, а вие сеуште се чувствувате изолирани и осамени.
  • Можеби вашата последна средба завршила со некој лош збор или некое недоразбирање, па постојано се преиспитувате себеси како сте постапиле, може да се чувствувате виновни за работи што сте ги правеле или што не сте ги направиле додека била жива личноста, можеби сте сакале уште нешто да и кажете, па ве измачува тоа што ви останало недокажано.

Сето ова може да направи застој во процесот на тагување. Потребно е да излеземе од таа заглавеност, за да протече енергијата и да започне заздравувањето.
Сите во животот кога тогаш ќе поминеме низ тој процес и повеќе пати. Целта е да излеземе со најмали последици по нашете психичко и физичко здравје. Постојат различни психотерапевтски техники со кои што се работи во текот на сеансите за најпрво да дојде до олеснување кај личноста од товарот кој што го носи, за потоа да може функцинално да продолжи со својот живот и да стане посилна и помудра низ сопственото искуство.


Марија Аџиоска, психолог во Клиничката болница Жан Митрев

Моето дете ‘рчи. Дали треба да се загрижам?

Многумина мислат дека ‘рчењето се појавува исклучиво кај возрасните, иако вистината е дека и децата’ рчат, дури и само неколку месеци по раѓањето.
Доколку вашето дете ‘рчи, сигурно сте забележале и сте се запрашале што е причината.

Во продолжение на текстот ќе најдете корисни информации кои ќе ви ги направат работите појасни.

Моето дете ‘рчи како дедо. Дали е нормално?

‘Рчењето всушност означува креирање рапав звук од дишењето при спиење. Тоа е шум кој воздухот го создава минувајќи низ тесните горни дишни патишта и тоа е вообичаен симптом на она што го знаеме како нарушено спиење (sleep apnea).
Иако вообичаено се мисли дека тоа се појавува исклучиво кај возрасните, не е сосем точно. И децата ‘рчат и тоа по само неколку месеци од животот. Повеќето го прават тоа благо и повремено, што често може да се поистовети со настинка. Овој рапав звук исчезнува кога исчезнуваат катаралните симптоми (собирање на слуз во носните шуплини, грлото или синусите). Но, приближно едно од 10 деца ‘рчи редовно, секојдневно.

Зошто моето дете ‘рчи?

Факторите кои влијаат во појавувањето на ‘рчењето се настинки, алергии (ринитис и астма), враќање на храна кај доенчиња и пасивно пушење. Иако најчестата ситуација е дека минувањето на воздухот низ горниот респираторен тракт е попречено од постоењето на израстоци или прекумерно големи крајници (хипертрофични), или при несоодветен облик на шуплината на устата и вилицата, можна е и комбинација од неколку од наведените заедно.

Колку е сериозно ‘рчењето кај моето дете?

Познато е дека ‘рчењето може да влијае на наушувањето на сонот, така што спиењето кај детето кое ‘рчи често нема да биде цврсто, непречено и квалитетно како што е кај децата кои не страдат од овој проблем. Децата што ‘рчат почесто имаат ноќни стравови, кошмари, можат да месечарат т.е да одат во сонот, но и да страдаат и од други нарушувања на спиењето познати како парасомнија.

Можеби ќе си помислите дека доколку детето што ‘рчи спие повеќе, подолго ќе се одмори, но за жал не е така. Поминувањето многу часови во кревет не гарантира добар одмор, и честопати овие деца, и покрај тоа што спијат повеќе од 11 часа во текот на ноќта, наутро се будат многу тешко и често доцнат или не се појавуваат во шчилиште, а понекогаш дури и заспиваат на час.

Така децата што ‘рчат може да бидат поспани во текот на денот или во некои случаи, дури и премногу немирни поради оваа причина која влијае на нивното расположение и училишните перформанси, нивното однесување и нивната социјализација.

Ако вашето дете има над 4 години и секојдневно задремува или спие попладне или пак уринира во кревет (познато како „енуреза“), тоа може да се должи на лош сон од ‘рчење. Децата исто така може да се жалат на главоболка наутро и недостаток на апетит.

Дали постојат различни нивоа на сериозност на ‘рчењето? Дали постојат околности кога станува посериозно? Како можам проценам?

Ако вашето дете ‘рчи, треба да обрнете посебно внимание на знаците и симптомите на она што е познато како синдром на Апнеа-Хипопнеа при спиење (SAHS – Sleep apnea/hyponea syndrome), која е всушност најсериозната форма на нарушувања на дишењето при спиење. Статистиката вели дека околу 20% од децата што ‘рчат можат да страдаат од SAHS.

Забележете дали вашето дете се бори за воздух за време на спиењето? и Дали, понекогаш, престанува да дише неколку секунди, придружено со тешко дишење (познато како „опструктивна апнеја“)?, Дали многу се поти? и Дали зазема чудни позиции при спиење?

Дооколку одговорите на овие прашања се позитивни, треба да го информирате и да се консултирате со вашиот педијатар, бидејќи последиците од страдањето од SAHS не се само ‘рчење туку може да бидат многу посериозни.

Последиците вклучуваат лоши училишни перформанси, недостаток на концентрација, проблеми во однесувањето, слаб апетит, ноќна енуреза, висок крвен притисок, слаб раст и други.

Постојат тестови кои се сосем безболни за вашето дете, кои се прават во клиника, па дури и дома. Со помош на апаратче – полисомнограф кое собира голема количина на податоци додека детето спие. Овој тест е познат под името полисомнографија.

Во одредени случаи педијатарот може да ги третира причините за ‘рчењето на детето (инфективен или алергиски ринитис, гастроезофагеален рефлукс) и проблемот ќе се реши. Во повеќето случаи кога се одредува SAHS, третманот мора да биде оперативен.

Tретманот на SAHS го спроведува отоларинголог со хируршкo отстранување на израстоците и крајниците на детето (позната како аденонотосилектомија).

Операцијата со аденонотосилектомија успева да го реши проблемот кај 7 или 8 од 10 деца со SAHS, иако е препорачливо да се внимава на повторувањето на појавата на симптомите, бидејќи тие може да се појават повторно по неколку месеци или години.

Оваа година се одбележува значаен јубилеј, 30 години Orthomol

Точно пред 30 години беше основана компанијата Orthomol со една единствена цел: здравјето на луѓето. Така е и до денеска.
Свесни дека здравјето е клучно за долг и среќен живот, креаторите на Orthomol, создаваат производи кои се тука за да помогнат, во текот на секојдневниот живот справувајќи се со сите подеми и падови. На крајот на краиштата, животот е полн со предизвици, а заедно со Orthomol сме подготвени да се соочиме со нив.

Како започна се и што претставува ортомолекуларната медицина?

Добра идеја во вистински момент!
Orthomol започнува како семеен бизнис уште во 1991 година кога основоположникот д-р Кристијан Глагау и неговиот син Нилс седејќи на Минхенскиот аеродром доаѓаат на идеја да произведат комбинации микронутриенти кои ќе се базираат на ортомолекуларна нутритивна медицина.

Ортомолекуларна медицина

Микронутриентите се важни за нашето здравје. Витамини, елементи во трагови и минерали, дополнети со есенцијални масни и амино киселини, фитонутриенти, а исто така и пре и пробиотици: сите тие се вклучени во потпомагањето на нормалната функција на бројни процеси во телото.
Ортомолекуларната медицина (ОМ) како термин бил воведен за прв пат од двократниот добитник на Нобелова награда д-р Линус паулинг. Тој е награден за насочено дополнување на микронутриенти при акутни или хронични заболувања како што е остеоартритис, или пак во одредени состојби во животот, како што е бременоста.
Д -р Линус Паулинг во 1968 година во изданието на „Сајенс“: ја искористил следнава дефиниција за ОМ: „Ортомолекуларната медицина е зачувување на здравјето и лекување на болести со промена на концентрацијата на супстанции кои се нормално присутни во телото и се потребни за добро здравје“.

Научна поткрепа

Уште пред многу години, научните истражувања се насочиле надвор од познатите области како што е употребата на витамин Ц за имунолошкиот систем и испитуваат многу различни области на примена и опции за терапија. Ова со сигурност го знае и го применува медицински тим на Orthomol. Тие внимателно ги следат истражувањата за микронутриенти, гледајќи и оценувајќи ги случувањата низ целиот свет. Тоа креираше огромно знаење за Orthomol и база на податоци со околу 15.000 публикации кои ги покриваат сите аспекти на микронутриенти.

Зошто ортомолекуларна медицина?

Поради потребата од микронутриенти
Но кога станува збор за микронутриенти „повеќе е подобро“ не се применува. Производите на Ортомол се секогаш прилагодени на одредени барања токму благодарение на наодите од нутриционистичката медицина. Тие се користат за формирање соодветни комбинации на микронутриенти, кои се секогаш прилагодени на одредена потреба и тоа во зависност од специфичните околности на пример кога некој е болен или кога нормалната исхрана не може да обезбеди доволна количина на сите потребни микронутриенти.

Но, кому му треба повеќе? Во која ситуација? Повеќе од што?

Има директна поврзаност на нашиот начин на живот и како тој влијае на нашите калории. Пример професионалните спортисти согоруваат повеќе калории отколку канцелариски работник. На 15 годишен млад човек му треба повеќе енергија отколку на неговата 80 годишна баба. Истото важи и за микронутриенти.

Следниве луѓе треба да посветат посебно внимание на снабдувањето со микронутриенти:

  • Луѓе кои држат диета за да ослабат или кои јадат само во мали количини од други причини (на пример, постари лица со слаб апетит)
  • Луѓето со екстремно еднострани навики во исхраната, на пример оние кои јадат многу брза храна, или кои јадат само неколку различни видови храна од идеолошки причини
  • Вегани
  • Други групи луѓе кои треба да обрнат внимание на снабдувањето со микронутриенти:
  • Луѓето кои ретко минуваат време на сонце и затоа се изложени на ризик од недостаток на витамин Д
  • Пациенти кои треба редовно да земаат лекови (на пример, кортизон или одредени антибиотици)
  • Луѓе кои страдаат од дигестивни нарушувања
  • Пушачи
  • Луѓе кои пијат многу алкохол

https://www.orthomol.com/en/company/30-years-orthomol