Јануари се одбележува како месец за свесност за ракот на грлото на матката

ХПВ (human papilloma virus) е најчесто пренесуваната инфекција по сексуален пат и е воедно најчестиот причинител на рак на грлото на матката.

Како да се заштитиме?

  • ХПВ вакцина
  • Редовни гинеколошки прегледи
  • Навремен третман

ХПВ е најчесто пренесуван вриус по сексуален пат и најголемиот дел од популацијата се заразува веднаш по започнувањто со сексуални односи. Затоа користењето на презерватив може да го ограничи ширењето на ХПВ. Доколку инфекцијата со овој вирус е упорна, може да предизвика рак на грлото на матката. Постојат повече од 100 вида ХПВ, но не сите предизвикуваат рак. Дел од нив предизгикуваат кондиломи или други заболувања.

Ризици

Имунолошки статус – оние кои се имунокомпромитирани е многу поверојатно да имаат континуирана ХПВ инфекција, овде спаѓаат и ХИВ позитивните.
Коинфекција – луѓето кои имаат и други сексуално преносливи болести како херпес, хламидија или гонореа, многуповеројатно е да развијат отпорна ХПВ инфекција која ќе премине во рак на грлото наматката.
Пушење – конзумирањето тутун го зголемува ризикот од сите видов рак вклучително и рак на грлото на матката.

Симптоми

Ран стадиум

  • Крварење/крварење по сексуален однос
  • Нередовно постменопаузално крварење
  • Обилен вагинален исцедок
    Овие симптоми не секогаш значат рак, но доколку ги забележите важно е веднаш да се обратите на преглед кај гинеколог.

Напреден стадиум

Со напредувањето на болеста, може да се појават дополнително уште посериозни симптоми:

  • Континуирана болка во карлицата
  • Губење на тежина, замор, губење на апетит
  • Чуден мирис на вагиналниот исцедок и вагинални проблеми
  • Отоци на нозете

Палијативната грижа вклучувајќи ублажување на болка и симптоми може да помогне во подобрување на квалитетот на живот.

Третман

Третманот зависи од типот на лезии, можност за пристап и методи. Некои од лезиите се преканцерогени другите канцерогени и затоа е потребен индивидуален третман по мерка, во зависност од пациентот.

Оперативен третман

Се состои од отстранување на различна количина ткиво од конкретна област зафатена од болеста и секако околното ткиво. Истиот може да биде направен вагинално или преку рез на стомакот.
– Радиотерапија
Станува збор за зрачење насочено на површината зафатена со канцер и околните засегнати ткива. Зраците навлегуваат во телото и ги уништуваат канцерогените клетки, при што ракот бива елиминиран делумно или целосно, а потоа канцерогените клетки се елиминираат од телото.
– Хемотерапија
Претставува спроведување на повторливи третмани со токсични лекови. Серија од неколку третмани се една или повеќе состојки се дава интравенозно (преку инфузија) со цел да ги брзо убие размножувачките ќелии.

Нашата акција со цел навремена превенција вклучува неколку опции:

  • Гинеколошки преглед + ПАП + HPV + Chlamydia trachomatis, Trichomonas vaginalis и Neisseria gonorrhoeae (со PCR метода) по цена од 7300 ден
  • Гинеколошки преглед + ПАП + HPV по цена од 5500 ден
  • гинеколошки преглед + HPV по цена од 4250 ден
  • гинеколошки преглед + Chlamydia trachomatis, Trichomonas vaginalis и Neisseria gonorrhoeae (со PCR метода) по цена од 3550 ден
  • Резултати од PCR за 1-2 дена.
  • Chlamydia trachomatis, Trichomonas vaginalis и Neisseria gonorrhoeae од прва утринска урина (со PCR метода) по цена од 1800 ден.

Пациентите може сами да си достават прва утринска урина

За закажување термин ве молиме јавете се на 02/3091-484

Опсесивно компулсивно растројство – не треба да се игнорира

Преглед

Не ретко се случува да се прашаме дали ја заклучивме вратата? Дали го исклучивме од струја шпоретот, греалката или некој друг уред? Дали по извршената проверка ни олеснува и продолжуваме со тековните активности? или неколку пати се навраќаме и тоа станува наш неопходен ритуал кој се повтрорува?
Дел од овие психички моменти се случуваат и се забораваат не оставајќи значителна трага по нас. Но, што ако овие моменти и случувања се повторуваат, потраат и ни одземаат голем дел од нашето внимание, функционалност, па дури и ни го пореметуваат нормалниот животен тек и не ни даваат мир додека не се извршат овие одредени ритуали?

Опсесивно-компулсивно растројство (OКР) се карактеризира со образец на несакани мисли и стравови (опсесии) кои водат до повторувачки однесувања (компулсии). Овие опсесии и принудувања влијаат во секојдневните активности и предизвикуваат значителна вознемиреност.

Знаци и симптоми

Растројството може да е проследено со симптоми на опсесии, компулсии или и двете. Симптомите може да влијаат во многу аспекти од животот, на пример при работата, на училиште и во личните односи.

Опсесиите се повторени мисли, нагони или ментални слики кои предизвикуваат вознемиреност. Истите вклучуваат:
Страв од инфекција со бактерии, вируси или било која форма на контаминација;
Несигурност и тешко поднесување на неизвесноста;
Несакани забранети или табу мисли кои се однесуваат за секс, религија или повредувања;
Агресивни или ужасни мисли за губење контрола и повредување на себе или на другите;
Поставување на предметите во симетричен или во совршен ред.

Компулсиите се повторувачки однесувања за кои се чувствувате присилени да ги извршите. Овие повторливи однесувања или ментални дејства имаат за цел да ја намалат анксиозноста поврзана со опсесиите или да спречат нешто лошо да се случи. Меѓутоа, извршувањето на принудите не носи задоволство и може да доведе само до привремено ослободување од анксиозноста. Вообичаените принуди вклучуваат:

  • Прекумерно чистење и/или миење раце;
  • Уредност;
  • Подредување и уредување на предметите на одреден и прецизен начин;
  • Постојано проверување на нештата, како на пример постојано проверување дали вратата е заклучена или дека рерната е исклучена;

Битно е да се сфати дека не се сите ритуали или навики принуда. Секој понекогаш двапати ги проверува работите. Но, при ова растројство лицата генерално:

  • Не може да ги контролираат своите мисли или однесувања, дури и кога тие мисли или однесувања се препознаваат како прекумерни;
  • На овие мисли или однесувања трошат најмалку 1 час дневно;
  • Не чувствуваат задоволство при изведување на однесувањата или ритуалите, но може да почувствуваат кратко ослободување од анксиозноста што ја предизвикуваат мислите;
  • Доживуваат значителни проблеми во секојдневниот живот поради овие мисли или однесувања.

Во склоп на растројството, некои од лицата се соочуваат со тикови. Тиковите може да се манифестираат како моторни тикови, кои се ненадејни, кратки, повторливи движења, како што се трепкање на очите, гримаси на лицето, кревање раменици и сл. Вокални тикови вклучуваат повторувачки звуци на расчистување на грлото, шмркање.

Симптомите може да доаѓаат и да си одат, да се олеснат со текот на времето или да се влошат. Може да се јават и во детска возраст. Во тој период, растројството е препознаено од страна на родителите или наставниците. Повеќето возрасни препознаваат дека она што го прават нема смисла, за што сами се упатуваат за лекарска помош. Но често се случува и да употребуваат алкохол во насока на смирување на симптомите.

Фактори на ризик

Опсесивно компулсивно растројство (ОКР) е вообичаено нарушување што ги погодува возрасните, адолесцентите и децата ширум светот. Повеќето луѓе се дијагностицираат на околу 19 години, обично со порана возраст на почеток кај момчињата отколку кај девојчињата, но почетокот се случува и по 35-тата година.

Причините за ОКР се непознати, но факторите на ризик вклучуваат:

  • Генетски фактори кои укажуваат дека роднини од прв степен (како родител, брат или сестра или дете) кои имаат ОКР се изложени на поголем ризик и самите да развијат ОКР;
  • Структура и функционирање на мозокот – одредени структурни промени во фронталниот кортекс и субкортикалните структури на мозокот кај пациенти со ОКР;
  • Животна средина – Во некои студии е забележана поврзаност помеѓу детската траума и опсесивно-компулсивни симптоми. Во некои случаи, децата може да развијат симптоми на ОКР или ОКР по стрептококна инфекција – ова се нарекува Педијатриски автоимуни невропсихијатриски нарушувања поврзани со стрептококни инфекции (PANDAS);
  • Стресни животни настани.

Компликации

Проблемите кои произлегуваат од опсесивно-компулсивно растројство може да вклучуваат, меѓу другото:

  • Прекумерно време поминато во ритуално однесување;
  • Здравствени проблеми, како што е контактен дерматитис од често миење раце;
  • Тешкотии при извршување на активности на работа, училиште или социјални контакти;
  • Проблематични врски;
  • Севкупно лош квалитет на живот;
  • Самоубиствени мисли и однесување

Третмани и терапии

ОКР обично се третира со лекови, психотерапија или комбинација од двете. Иако повеќето пациенти реагираат на третман, кај некои пациенти дел од симптомите продолжуваат да постојат.

Понекогаш луѓето со ОКР имаат и други ментални нарушувања, како што се анксиозност, депресија и телесно дисморфично нарушување, шизофренија. Овие елементи се битни при донесување на одлука за видот на лекувањето.
Од лекови кои се користат во третманот на нарушувањето се лековите од ССРИ групата на антидепресиви. Во третманот на ОКР се користат поголеми дози на лекот отколку оние потребни во третманот на депресија и може да се неопходни 8 до 12 недели за да постигнат ефект, но некои пациенти доживуваат и побрзо подобрување.

Ако симптомите не се подобрат со овие типови на лекови, истражувањата покажуваат дека некои пациенти може добро да реагираат на антипсихотични лекови.

Психотерапијата може да биде ефикасен третман за возрасни и деца со ОКР. Истражувањата покажуваат дека одредени видови психотерапија, вклучително и когнитивната бихејвиорална терапија (КБТ) и други сродни терапии (на пример, третман за справување со зависност) може да бидат исто толку ефикасни во третманот на нарушувањето.

Доколку се пронајдете во описот на симптомите за Опсесивно компулсивно растројство неопходно е да побарате стручна, психијатриска помош, бидејќи не лекуваното нарушување може негативно да се одрази во сите аспекти на вашиот живот.
За да закажете консултации со нашиот психијатар д-р Марија Костадиновска јавете се на 02/3091-484. Цената на прегледот изнесува 1500 ден.

Клиника Жан Митрев: На суд ќе докажеме дека обвинението нема никаква основа

Се гледаме на суд е нашиот одговор на денешната одлука на Основното јавно обвинителство да се гони д-р Жан Митрев за измама. Оваа лакрдија од неосновани напади на суд ќе мора да се докаже, бидејќи вистината е дека ниту еден пациент не бил измамен и сите третмани и процеси во болницата биле јавни и транспарентни и во интерес на пациентите. Со тоа на суд ќе падне и самото обвинение на ОЈО.

Повторуваме дека Клиниката и во најтешките периоди работеше според највисоки здравствени стандарди, транспарентно и во согласност со веќе утврдени и дозволени методи на лечење, кај нас и во светот. Со ова ќе ја докажеме вистината и фактичката состојба, за нашата работа дека се што беше направено во Клиниката Жан Митрев, беше направено за пациентите и според дозволени методи и стандарди на лекување.

Ние како клиника, во текот на целиот овој процес целосно соработувавме со институциите и ги отстапивме сите наши материјални и човечки капацитети со цел вистината да излезе во јавност и транспарентно да се докаже дека наша цел и функција отсекогаш била да лечиме и да им дадеме најдобра медицинска нега на пациентите. Така и ќе остане во иднина.

Жан Митрев – Ја повлекувам тужбата против ИРЛ

Минатата година ми беше нанесена неправда преку невистини изнесени во јавноста. Како моја реакција на овие обвинувања поднесов тужба за медиумот. Не ми беше целта да се расправам ниту да нанесам штета на медиумот, како што мене ми беше нанесена неправда. Целта ми беше да ја покажам вистината. Но судот на јавноста и на Бог е тој што ќе суди за сите неправди. На овој ден, голем христијански време е за простување. Затоа и решив да ја повлечам тужбата.

Дали некогаш сте слушнале за синдром на празнично срце?

Пиењето за време на празниците може да го оштети вашето срце

Медицинските работници со децении предупредуваат за кардиолошките ризици што ги носат новогодишните празнувања. Во 1970 година лекарите дури и му дадоа име на славенички прекумерно пиење: ,,синдром на празнично срце,,. Тие забележале инаку здрави пациенти да дојдат како итни случаи со атријална фибрилација или неправилен срцев ритам откако пиеле за време на празничните веселби. Има млади луѓе, но и поворзасни кои се засегнати од синдромот на празнично срце.
Еве што треба да знаете за состојбата и неколку совети како да го намалите ризикот.

Што е синдром на празнично срце?

„Празнично срце“ е навистина само уште една фраза за атријална фибрилација предизвикана од алкохол, што е всушност брз, хаотичен срцев ритам. Атријалната фибрилација е едно од најчестите срцеви заболувања, кое е во тесна врска со кнсумирањето алкохол. Многу луѓе со атријална фибрилација нема да имаат никакви симптоми. Оние кај кои се појавуваат симптоми може да ги доживеат како треперење или чукање на срцето, палпитации, болка во градите или отежнато дишење. Кај некои се поавува екстремен замор, па дури и се онесвестуваат. За некои луѓе, се појавува во кус период, но кај други состојбата може да стане трајна.

Сепак, особено е важно да внимавате на симптомите бидејќи атријалната фибрилација може да го зголеми ризикот од мозочен удар; исто така е поврзана со деменција и срцева слабост.

Кој е изложен на ризик од синдром на празнично срце?

Според истражувања спроведени во САД ризикот се зголемува со возраста –до 80 година, имате околу 10 проценти шанси да ја имате оваа состојба. Други фактори на ризик вклучуваат височина. Ако сте високи над 1,75м, имате прекумерна тежина или семејна историја.

Начин на дијагностицирање

Лекарите обично дијагностицираат атријална фибрилација преку електрокардиограм. Вообичаеното сценарио е кога пациентот оди на редовен скрининг со ЕКГ да му биде откриена состојбата. Но, со популарноста на паметните часовници (smart watch) кои имаат срцев монитор, пациентите сами забележуваат промени во нивниот срцев ритам и бараат кардиолошки прегледи.

Што го предизвикува празничното срце?

Лекарите се уште се обидуваат да разберат точно како алкохолот влијае на срцето. Една работна теорија е дека алкохолот предизвикува промени во вашиот нервен систем, кој обично го регулира срцевиот ритам. Прекумерниот алкохол, исто така, може да ги промени електричните сигнали во вашето срце, кои ја координираат контракцијата на вашите срцеви клетки.

Во текот на последните 10 години, научниците ја потврдуваат поврзаноста меѓу алкохолот и атријалната фибрилација. Една студија покажа дека само еден пијалок на ден може да го зголеми ризикот за појава на оваа состојба за 16%. Но, иако алкохолот ја зголемува вашата шанса за развој на истата, таа не е пресудна ниту драстична.
Сепак она што е важно е луѓето од сите возрасти да бидат свесни за предупредувачките знаци.

Луѓето имаат тенденција да ги игнорираат своите симптоми за време на празниците и да чекаат пред да побараат лекарска помош. Од клучно значење е да тоа да се стори навреме. Ако имате постојано забрзано чукање на срцето и болка во градите или ако се борите за воздух. Вртоглавица и чувство на зашеметеност или збунетост исто така може да укажуваат на срцеви проблеми. Бидејќи секоја секунда е важна кога е во прашање срцето.

Како да го заштитите срцето за време на празниците?

Ограничувањето на количината на алкохол што го консумирате може да помогне во заштитата на срцето – но за оние кои избираат да пијат, еве неколку начини како срцето да остане здраво:

Хидратација

Ако пиете за време на празниците, погрижете се да пиете полна чаша вода помеѓу секој пијалок. Дехидрацијата го зголемува ризикот од синдром на празнично срце и затоа е од суштинско значење да бидете сигурни дека ќе останете хидрирани.

Не прескокнувајте ги вашите лекови

Многу луѓе го занемаруваат земањето терапија за срцето или притисок додека патуваат за да го посетат семејството и пријателите, мислејќи дека можат да поминат неколку дена без нив. Но, важно е да продолжите да ги земате лековите според препишаното.

Најдете време за физичка активност

Умереното вежбање може да помогне како превенција на атријалната фибрилација. Ако имате редовна рутина за вежбање која е пореметена за време на празниците, најдете малку време за изменет тренинг – дури и ако тоа е само прошетка низ маало.

Управувајте со стресот

Стресот може да игра погубна улога во зголемувањето на ризикот од срцеви проблеми. Ако сметате дека сте преморени, обидете се да се соземете со вежби за смирено дишење. Колку и да бидат бурни празниците, погрижете се да го чуете вашето тело и да внимавате на сè што не треба да се прави.

Доколку сепак се чуствувате лошо, ние сме секогаш тука да помогнеме