Flossing техника – третман со рестрикција на крвниот проток

Станува збор за физиотерапевтска техника при која се применува надворешен притисок со користење на специјална еластична лента во комбинација со вежби и мануелен третман. Времетраењето на еден третман е 30-45 минути, во зависност од регијата на примена.

Flossing техникaта е најчесто позната односно поврзувана со имињата на брендовите: RockFloss, Rogue Fitness, Voodoo Floss или EasyFlossing. Нејзината популарност континуирано расте бидејќи многу често се користи од страна на на физиотерапевтите ширум светот. Терминот Flossing често се користи истовремено со Blood Flow Restriction training (BFRT) т.е тренинг со рестрикција на крвниот проток.

BFRT и FLOSSING вклучуваат примена на надворешен притисок над или под одреден мускул или зглоб на екстремитетите, обично со користење на еластична лента. Притисокот овозможен од завитканата лента, безбедно го одржува артерискиот доток на крв, но го намалува или затвара венскиот одлив дистално од местото.

Најновите истражувања регистрираат зголемени бенефити од оваа техника при:

  • зголемување на обемот на мобилност на определени зглобови (глужд,колено,рамо)
  • намалување на мускулната болка
  • алтернативен третман на Осгуд-Шлатер-ова болест
  • подобрувања во перформансите на скок и спринт
  • подобри перформанси за време на тренинг/натпревар
  • превенција на повреди
  • подобро закрепнување на мускулите
  • зголемување на мускулната големина

Примената на траките за flossing предизвикува компресија и венска констрикција. Во зависност од посакуваниот исход, терапијата може да се користи во комбинација со вежби. Истражувачите откриле дека во врска со користењето техники за ограничување на протокот на крв, вежбите со отпор со низок интензитет покажуваат зголемена електромиографска активност (ЕМГ) во споредба со вежбањето само со отпор. По отстранувањето на компресијата, повторната перфузија на мускулното ткиво теоретски ги носи овие посакувани промени.

Примена на техниката

Практичната употреба генерално е наменета за перфиерните зглобови и мускули (нозете и рацете). Цел може да бидат вкочанети зглобови и/или затегнати мускули.

Процесот вклучува:

  • Поставување на флосинг траката околу екстремитетот (мускулите или зглобот) од проксимално до дистално;
  • 2 минути за третман;

Зглобот или мускулот може истовремено да се активираат активно или пасивно за време на третманот. Примената на flossing лентите потенцијално може да биде корисен метод при спроведување на тековните техники за третман на акутна вкочанетост, при истегнување на зглобовите и враќање на нормалниот обем на подвижност на зесегнатиот зглоб.

Лесно се комбинира со кинезиотејпинг, мануелен третман, кинезитерапија и електротерапија.
Оваа техника е достапна во нашата амбуланта за физиотерапија и ја изведуваат нашите искусни и соодветно обучени физиотерапевти.

За повеќе инфорамции и закажување јавете се на 02/3091-484

Јазли на тироидната жлезда

Тироидната жлезда е сместена на предната страна на вратот и се состои од два лобуси кои се поврзани со истмус. Нарушувањата на тироидната жлезда може да бидат од морфолошки и функционален аспект. Морфолошките или нарушувањата во структурата на жлездата се манифестираат како нодуларни или цистични промени. Тие најчесто се евидентираат при случаен ултрасонографски преглед на вратот од некоја друга причина.

Ултразвукот е метода која се користи за откривање и следење на цврстите или цистични формации во тироидната жлезда. Околу една третина од нодусите/јазлите кои може да се идентификуваат со допир се тироидни цисти. Димензиите може да бидат различни, а содржината најчесто е колоидна течност, која во зависност од густината, доколку се аспирира (се отстрани со помош на шприц), истите јазли/цисти може да се намалат. Она што е важно да се знае е дека цистите честопати може повторно да се појават и доколку се големи или со сомнителна клеточна содржина, треба истите хируршки да се отстранат.

Солидните/цврсти јазли најчесто се со бенигна природа. Може да бидат единечни или мултипни. Нивното постоење најчесто е асимптоматско, освен доколку не станува збор за голем јазол кој врши притисок на душникот или голтникот, бидејќи во тој случај пациентот има отежнато дишење или голтање. Ултрасонографските карактеристики се многу важни за следење на промените на самиот јазол. Доколку јазолот уште на самиот почеток има некои ултразвучни елементи кои поставуваат сомнение за природата на самиот јазол, или доколку со текот на времето настанале промени во димензиите или карактеристиките, тогаш се поставува индикација за тенкоиглена аспирациона биопсија на јазолот на тироидната жлезда (ФНАБ). Со аспирација на клетки од јазолот, ќе се добие материјал за цитопатолошка анализа која ќе ја утврди генерално бенигната или малигната промена на јазолот, со насочување на понатамошниот тек на лекување.

Карциномот на тироидната жлезда е најчестото малигно заболување на ендокриниот систем. Диференцираните тумори како папиларниот карцином или фоликуларниот карцином на тироидната жлезда, често може да се излекуваат. Прогнозата е најдобра кај пациентите кај кои заболувањето е откриено во рана фаза. Анапластичниот карцином е агресивен, слабо реагира на третман и е со лоша прогноза. Медуларниот карцином е поагресивен од папиларниот и фоликуларниот карцином, но помалку агресивен од анапластичниот карцином и опфаќа 5-10% од сите типови карциноми на тироидната жлезда.

Лекувањето на карциномите првенствено се состои од хируршка интервенција.
Во Клиниката Жан Митрев има можности за сето тоа навремено да се идентификува, дијагностицира и правилно третира. Ви стоиме на располагање за сите подетални информации и услуги.

Д-р Џулиана Михајловска
Специјалист ендокринолог

9 Март – Светски ден на бубрезите

Светскиот ден на бубрезите е всушност кампања која се фокусира на подигање на свеста за важноста на бубрезите како орган, но и за влијанието на бубрежната болест и проблемите кои произлегуваат од неа. Овој ден се прославува секоја година во втората недела од месец март во повеќе од 100 земји на 6 континенти. Светскиот ден на бубрезите е заедничка иницијатива на Нефрлошкото здружение и Меѓународната федерација на бубрежни здруженија. Оваа година денот на бубрезите се одбележува под мотото: “Да се подготвиме за неочекуваното, да ги поддржиме ранливите”.

Денес повеќе од 850 милиони луѓе во светот имаат некоја форма на бубрежна болест, односно едно од 10 возрасни лица се лекува од различна форма на бубрежна болест, што ако се спореди со останатите хронични заболувања е двапати поголем од оние кои што живеат со дијабетес мелитус (422 милиони), дваесет пати повеќе од светската преваленца со малигни заболувања (42 милиони) и приближно исто толку со AIDS/SIDA (36.7 милиони). Фактот дека едно од три возрасни лица кои се лекуваат од дијабетес мелитус и едно од пет возрасни лица со покачен крвен притисок може да развие бубрежна болест, која што во најголемиот број на случаи доведува до хронична бубрежна болест и до терминална бубрежна функција.

Чувајте ги вашите бубрези за да го сочувате вашето општо здравје.

Ставена во мирување изградбата на најсовремениот радиолошко-онколошки центар во регионот

Како резултат на случувањата во последните 8 месеци поврзани со Клиника Жан Митрев ја информираме јавноста дека принудени сме да ја ставиме во мирување изградбата на новиот радиолошко-онколошки центар во Катланово кој требаше да почне со реализација минатата година.

„Центарот за Радиологија и Онкологија“ е проектирана инвестиција вредна 45 милиони евра, која е планирана со учество на странски партнери. Предвидено е да се гради на локација во месноста Катланово во близина на Скопје каде треба да работат околу 350 медицински лица – доктори и друг медицински персонал. Радиолошко-онколошкиот центар планирано е да биде опремен со најсовремена апаратура за дијагностика и третман на тешко болни пациенти. Исто така, проектиран е и специјален дел наменет за рехабилитација и згрижување на пациентите засегнати од малигни и други заболувања. Со остварување на овој проект ќе се обезбеди врвна медицинска нега и третман за пациентите.

Се надеваме дека оваа година конечно ќе започнеме со изградбата на овој проект што е од исклучително значење за Македонија и регионот.

Светски ден на повеќекратна личност

Петти март се одбележува како светски ден на повеќекратната личност . Одбележувањето е од две причини, и тоа: Првата која има за цел да се подигне јавната свест за растројството на повеќе кратна личноста, кое во последниот период се нарекува Дисоцијативно растројство на идентитетот (ДИД). Дисоцијативното растројство на идентитетот е состојба во која идентитетот на една личност е поделен на две или повеќе специфични состојби на личноста. Оваа болест останува слабо разбрана и донекаде мистериозна. Се смета дека траумите особено во детскиот период може да имаат влијание. Се  манифестира со чувство на  емоционална одвоеност, слабо себепрепознавање, губење на меморијата за секојдневни настани и лични информации. Лицата страдаат и од депресија, дел од нив се соочуваат со обиди за самоубиство, самоповредување, менување на нивоата на функционирање, обезличување, злоупотребуваат супстанции или се под влијание на аудитивни или визуелни халуцинации.

Во случај на дисоцијативно нарушување на идентитетот, поединецот поседува две различни или различни и релативно издржливи личности. Овие се нарекуваат и раздвоени личности. Па, овие различни личности одвоено го контролираат однесувањето на лицето. Само 1% од населението страда од ова нарушување на повеќекратна личност. Со ова состојба на овие лица им треба  соодветна социјална поддршка од страна на членовите на семејството, пријателите и заедницата, но од големо значење е добивањето на  психичка поддршка и помош.

Втората причина за одбележување на овој ден е запознавање на сопствената личност.

Но што е всушност Личност? Психологијата ја дефинира личноста како психолошка карактеристика на луѓето, која директно влијае на мислите, постапките и зборовите на секој човек. Но убаво е да се спомене дека Личност доаѓа од латинскиот збор persona, што значи маска. Персона е сценска маска што ја користел актерот за да го скрие вистинскиот идентитет на сценската личност. Има за цел да се претстави одредена особина на ликот.

Оттука и ние како луѓе, при анализа на сопствени постапки, зборови  согледуваме дека секој од нас покажува различна страна од својот карактер при една состојба и на различни места. Понекогаш се чини дека нашите личности се менуваат, во зависност од тоа со кого сме и што правиме.

Истото треба да го имаме на ум за да се разбереме себе си и луѓето околу нас. Преку согледување на личните карактеристики ќе можеме да ги разбереме однесувањата,  размислувања, карактерите на лицата, а тоа  ќе ни овозможи да  се однесуваме  со поголема толеранција и поддршка кон нив.

Денеска одбележуваме 23 години постоење

Пред 23 години ја внесовме кардиoхирургијата во Македонија за нашите граѓани да имаат врвна медицинска услуга

Денеска одбележуваме 23 години постоење

  • 390 000 пациенти
  • 40 000 операции
  • Над 1 милион прегледи
  • 350 вработени

Приказната на Клиниката Жан Митрев, започна на денешен ден во сега далечната 2000 година пред точно 23 години. Во изнајмен дел од Воената болница во Скопје, беа поставени контурите на тогашната болница „Филип Втори“, каде што е направена првата бај-пас операција во земјата, предводена од д-р Жан Митрев.
Почнавме со само шест вработени, операциона сала една на број и со дванаесет (12) болнички кревети.
Благодарение на големата посветеност, упорност, истрајност и се разбира довербата од пациентите полека но сигурно, се развивавме и прераснавме во најсовремен медицински центар со комплетни дијагностички процедури во повеќето медицински гранки, поддржани со услуги од модерната хирургија, анестезија и интензивна нега.

Предизвици имаше и ќе има, но во ниту еден момент не ја изгубивме од вид визијата од која започна се:
Извонредност во грижата за здравјето на пациентите.
Идеалот да им дадеме на граѓаните на Македонија врвна медицинска услуга согласно највисоко утврдените стандарди во светски рамки е достигнат.

Од 2016 година „Жан Митрев Клиника“ е сместена во нов, модерен објект, инвестиција од 40 милиони евра, во кој главна мисија е фокусот на развојот на болницата и постигнување на нависок можен квалитет во услугите. Клиниката се простира на 17.000 м2, располага со повеќе операциони сали, одделенија за интензивна и полуинтензивна нега во која функционира нашиот тим од над 350 професионалци. Изградена е плански, согласно намената и ги задоволува највисоките еколошки стандарди без CO2 отпечаток (carbon footprint). Комплетно е дигитализирана, хартија скоро и да не се користи во секојдневното работење. Меѓу првите во Европа, „Жан Митрев Клиника“ оформи генетска лабораторија и ги доближи различните генетски испитувања во рутинската секојдневна пракса. Комбинацијата на индивидуален пристап со фармакогенетика т.е. толеранција/нетолеранција на одредени лекови беше почеток на примената на персонализирана медицина специфична за секој пациент со што се спречуваат можните фатални последици по пациентите.
Потврда за успешноста е и фактот што во 2020 година, дури и во време на пандемија, по втор пат добиваме акредитација со златен печат од „Joint Commission International“.

Во последните години се појави потребата и од регионалнa присутност. Затоа беа отворени два големи дијагностички центри под брендот Жан Митрев Дијагностик најпрво во Струмица, а потоа и во Битола. Целта за отворање вакви центри е да се гарантира нивото и квалитетот на нашите услуги локално и секако да им помогнеме на пациентите да се чуствуваат подобро, посигурно и посреќно.
Клиниката „Жан Митрев“ континуирано вложува во постојана едукација и усовршување на своите вработени, создавајќи врвни кадри подготвени да се соочат со сите предизвици.

,,Следејќи ја новата технологија во медицината и работа со најнови медицински апарати, ние создаваме кадри овде, што претставува една многу долгорочна инвестиција на која всушност се базираат нашите одлични резултати. Реално, имаме доктори кои се далеку поподготвени и со многу повисоки професионални перформанси од многу доктори во светот“, вели д-р Митрев.
ОНА ШТО ЈА ПРАВИ ОВАА КЛИНИКА ПОСЕБНА Е УНИКАТНИОТ ПРИСТАП СО БЕСПЛАТНИ ОПЕРАЦИИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ ЗА СРЦЕ И КРВНИ ЖИЛИ ПОВЕЌЕ ОД 20 ГОДИНИ. УСПЕШНАТА СОРАБОТКА СО ДРЖАВНИОТ ФОНД ЗА ЗДРАВСТВО ЗА КАРДИОХИРУРГИЈА ИМ ОВОЗМОЖУВА НА ПАЦИЕНТИТЕ ДА ГИ ДОБИЈАТ ОВИЕ ВРВНИ УСЛУГИ БЕСПЛАТНО.

Иако само во кардиохирургијата, сепак ова е пример, т.е. покажува колкав потенцијал за развој на здравството постои, ако се променат условите на функционирање.
„Жан Митрев Клиника“ е класичен пример за остварување на една визија, концепт кој макотрпно бил реализиран и е пример за многу млади луѓе дека може и тука, дома, да се направат големи работи.

Горди сме на целиот тим кој направи ова да биде реалност и секако бескрајно благодарни на нашите пациенти кои ни го доверуваат најскапоценото – нивното здравје.