Како детската траума се категоризираат: конкретен негативен настан, серија настани или доживувања кои предизвикуваат емоционална болка и ја надминуваат способноста на детето да се справи со настанатата ситуација. Траумите од овој вид кои се случуваат во детството се широко распространети и може да имаат многу форми.
Вообичаени типови на детска траума:
- Злоупотреба и запоставување
- Семејно насилство
- Училишно насилство
- Несреќи и повреди опасни по живот
- Страшни или болни медицински процедури
- Сериозна и нетретирана ментална болест кај родител
- Загуба или разделба од родител или друга сакана личност
- Природни или вештачки катастрофи
- Војна или терористички напад
- Присилно раселување
- Дискриминација
- Екстремна сиромаштија
Изложеноста на траума често започнува рано во животот. Децата од најрана возраст се изложени на најголем ризик и се најранливи имајќи ги предвид негативни ефекти од истата. Се проценува дека половина од сите деца во Соединетите Држави – приближно 35 милиони – биле изложени на барем еден вид траума пред нивниот осми роденден. На пример, злоупотребата и запоставувањето на децата се најчести кај децата под 3 годишна возраст.
Кај децата помлади од 5 години најголема е веројатноста да бидат повредени од падови, гушење и труење, што всушност им се случува на најголемиот дел од децата кои се изложени на семејно насилство.
Траумата од детството е силно поврзана со ментални и физички здравствени проблеми кои се манифестираат потоа во текот на целиот животот. Траумата негативно влијае на развојот на мозокот, когнитивниот развој, учењето, социјално-емоционалниот развој, способноста да се развијат сигурни врски со другите и секако со физичкото здравје. Таа се поврзува и со пократок животен век. Значителен број на истражувања покажуваат дека децата ги трпат најтешките, најдолготрајните и најштетните ефекти кога изложеноста на траумата започнала рано во животот.
Траумата има повеќе форми и доколку е во тежок облик и вклучува штета нанесена од страна на родителот или старателот, тогаш веиме станува збор за сложена траума.
Траумата доживеана во детството е поверојатно да доведе до посттрауматско стресно растројство, отколку онаа доживеана во зрелоста. Децата кои се изложени на неколку различни форми на трауми, имаат поголема веројатност да развијат посттрауматско стресно растројство (на пример, анксиозност, депресија, лутина, агресија, дисоцијација) отколку оние деца кои се хронично изложени на само еден вид траума. Децата и младите со посттрауматско стресно растројство може повторно да го доживеат трауматскиот настан преку наметнати сеќавања, кошмари и ретроспективи. Потребно е да се избегнуваат ситуации или луѓе кои ги потсетуваат на траумата и им предизвикуваат чувство на интензивна анксиозност која им го нарушува секојдневниот живот.
Дополнително таквите лица може да се вклучат во агресивно, самоуништувачко или непромислено однесување. Можат да имаат проблеми со спиењето односно да останат во состојба на хипербудност, состојба на претерана свесност и реактивност кон нивната околина.
Сепак, она што треба да се знае е дека не постои типична реакција на траума. Голем број деца покажуваат вознемиреност веднаш по трауматскиот настан, по што повеќето се враќаат на нивното претходно ниво на функционирање.
Трауматските реакции на децата, се разликуваат во зависност од природата на траумата, потоа индивидуалните, семејните и друштвените карактеристики на детето. Голема улога секако игра и целокупната рамнотежа на ризик и заштитните фактори во нивните животи. Тоа зависи и од нивната возраст и фаза на развој.
Малите деца кои доживуваат траума може да манифестираат:
- тешкотии при создавање блискост и приврзаност со родител/старател, врсници
- прекумерен страв од странци или анксиозност од разделување
- проблеми со јадење и спиење
- да бидат особено пребирливи.
Децата на училишна возраст кои доживуваат траума може да:
- покажат агресивно однесување
- се дистанцираат, односно станат повлечени
- покажуваат грижа, се поставуваат заштитнички за сопствената или безбедноста на другите
- искажуваат трауматски настани преку игра
- имаат чести кошмари
- имаат тешкотии во концентрираноста на училиште.
Нашите стручни лица во одделот за психијатрија и психологија ви стојат на располагање за консултација и третман на сите ваши проблеми. Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484